Skip to main content

Автор: инфодеск

Реакција на МНР како одговор на изјавите на Рама и Лавров

Post Views: 273 Блокадите, заканите за блокади и изговорите не се во духот на европските вредности и не придонесуваат за стабилноста на регионот, стои во реакцијата на македонското Министерство за надворешни работи како како одговор изјавите на странските претставници од соседството и пошироко кои се однесуваат на Македонија. „Стратешка цел на Република Македонија е да се интегрира во ЕУ и НАТО. Тоа е во интерес на сите македонски граѓани, за подобра иднина, економски развој, мир и стабилност во земјата и регионот. Меѓуетничкиот соживот и почитувањето на културните,...

Продолжи со читање

Една од причините за падот на FlyDubai е заморот на пилотите?

Post Views: 232 Несреќа со авионите на FlyDubai била неизбежна поради преоптеретеност на нивните пилоти, рекол еден од поранешните пилоти на таа компанија за телевизиската куќа RusiaToday. Авионот со 55 патници и седум членови на екипажот се урна пред три дена при обидот за слетување на аеродромот во Ростов на Дон. Ниту еден не ја преживеа несреќата кој се случи при голема намалена видливост. Поранешениот пилот изјавил дека управата на компанијата била запозната со проблемот со замор на пилотите, но никој ништо не превземал. “Додека работев во компанијата една од последните...

Продолжи со читање

Германија побара темелна истрага за инцидентот во Куманово

Post Views: 229 Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер ја повика владата на Република Македонија да изврши темелна и транспарентна истрага за настаните при операцијата на полициските сили во Куманово и изрази надеж дека тоа нема да биде почеток на ескалација на немири. „Инцидентот во Куманово предизвика стравувања во Европа. Се надевам дека она што го видовме не е почеток на ескалација, дека властите во Македонија ќе вложат напори, во прв ред, за да спроведат темелна и транспарентна истрага за сите околности и, второ, за да спречат натамошни инциденти...

Продолжи со читање

Нова заразна игра на Facebook Messenger

Post Views: 228 По шахот сега на Messenger, за сите кои сакаат забава и скратување на времето, Facebook во својата апликација за праќање пораки има нова игра. Станува збор за кошаркарска игра која можат да ја играат сите оние кои ја имаат инсталирано најновата верзија на Facebook Messenger. За почеток на играта доволно е на некој пријател да му се испрати (може и сам себеси) емотикон со кошаркарска топка и потоа само да се допре. Потоа апликацијата ќе се затвори и ќе прикаже кош и топка и играта може да започне. Играта воопшто не е комплицирана, многу е забавна и заразна, а...

Продолжи со читање

Договорот за бегалците помеѓу ЕУ и Турција стапи на сила денес

Post Views: 313 Приливот на мигранти на грчките острови пред стапувањето на сила на договорот се зголемил и Грција порача дека во овој момент примената на договорот е невозможна бидејќи не се создадени потребните услови како што е необезбедувањето на стручни лица кои тоа ќе го спроведат, пишува AFP. Грција нема да може да ги праќа бегалците назад во Турција, соопштила грчката влада. Спрема договорот кој минатата седмица беше усвоен од страна на ЕУ и Турција, мигрантите кои доаѓаат на брегот на Грција треба да бидат враќани во Турција каде ЕУ, како што се обврза, ќе изгради...

Продолжи со читање

Следи зголемување на цената на струјата?

Post Views: 354 До крајот на јуни регулаторната комисија за енергетика треба да ја соопшти новата цена на струјата, а енергетските компании ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН веќе ги доставиле пресметките за трошоците до регулаторната комисија. Трите енергетски компании покажале зголемени трошоци и многу е веројатно дека од август месец граѓаните ќе добијат зголемена цена за киловат/час. Имено, минатата година цената на електричната енергија се зголеми за 3,5%, а голема е веројатноста да има повторно поскапување на електричната енергија.

Продолжи со читање

Русија: Авион на FlyDubai се урна на аеродромот во Ростов

Post Views: 220 Боинг 737 во сопственост на компанијата FlyDubai на пат од Дубаи се урна при слетување на аеродромот во Ростов на Дон во јужна Русија. Во падот на авионот загинале сите 55 патници и седум членови на екипажот, а како што јавува BBC, авионот се урнал при обидот за слетување и ја промашил пистата. До несреќата дошло во 15.50 минути по локално време. Сеуште не е јасно што ја предизвикало несреќата, меѓутоа како фактори се разгледуваат лошата видливост и силниот ветар. Авионот по првото неуспешно слетување два часа кружел пред вториот обид кој завршил трагично. ...

Продолжи со читање

Вајгл – За случувањата во Куманово треба да се посвети посебно внимание

Post Views: 280   Во интервју за неделникот “Данас” известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Иво Вајгл, рекол дека не би сакал да ги коментира изјавите кои се однесуваат на случувањата во Куманово и дека тие треба одговорно да се проучат и да се даде заклучок во однос на тие прашања.„Состојбата е доста сложена и односите на тамошните политички сили, нивните програми, нивните намери не се јасни, доколку човек ги поглед од далеку“, рекол Вајгл и додал дека за Македонија „се знае она што беше соопштено од извештајот на Европската комисија за напредокот и...

Продолжи со читање

Интерактивна мапа за тоа што се случува на интернет во реално време

Post Views: 285 Интернет е место на кое секоја секунда се трансферираат големи количини на податоци, а интерактивната мапа Internet in Real-Time по пат на веб страницата Pennystock.la на заинтересираните им нуди на забавен начин да откријат што се случува на интернет во само една секунда. Податоците се собрани од различни извори и не одржуваат прецизни бројки, туку се темелат на проценки. Фасцинантните податоци покажуваат дека корисниците во една секунда објавуваат 5.700 пораки преку Twitter, праќаат скоро 220.000 пораки преку апликацијата WhatsApp и гледаат повеќе од 2.300...

Продолжи со читање

Ericsson потврди дека спор интернет предизвикува стрес

Post Views: 234 Шведската компанија Ericsson спровела интерно истражување во кое ги тестирале реакциите на луѓето на спора интернет врска. Иако истражувањето било спроведено на примерок од само 30 испитаници, мнозинството експерти се сложува дека резултатите би биле исти ако примерокот би бил далеку поголем. Значи, во денешно време кога интернетот на многу луѓе не им е никаков луксуз, туку дел од хабитусот неопходен за работа, па дури и за нормален живот иако на многумина оваа констатација би им звучела претерано. Воглавно, Ericsson тестирал испитаници и заклучокот е дека...

Продолжи со читање

Заев – украдените пари ќе им се вратат на граѓаните

Post Views: 260 Слободни и еднакви граѓани, плати кои ќе обезбедуваат пристоен живот, ефикасно јавно здравство и образование, преиспитување на спорните судски пресуди и враќање на украдените пари на државата и граѓаните. Ова се дел од ветувањата на коишто ги најави лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев, пред граѓаните на граѓанскиот протест пред Владата. Во дел од своето обраќање Заев излезе со конкретни предлози и ветувања до граѓаните коишто се, како што рече, начела по кои се води опозицијата.„Македонија ќе биде пример на социјална држава којашто ќе се грижи за сите...

Продолжи со читање

Samsung создава нова социјална мрежа

Post Views: 248 Станува збор за социјална мрежа на која корисниците ќе ги објавуваат своите фотографии кои потоа нивните пријатели ќе можат да ги модифицираат со цртежи или сопствени фотографии. Waffle ја развива C-lab тимот на Samsung и е во beta верзија на тестирање на уредите со Android. Основната идеја на Waffle е корисникот да сподели фотографија, а неговите пријатели потоа да имаат можност на неа да додадат своја. Така се создава колаж на фотографии и реакции на истата. Колажот на фотографии со својата структура потсетува на вафли, по што мрежата и го добила името. ...

Продолжи со читање