Skip to main content

Автор: инфодеск

Охриѓанец фатен со марихуана

Post Views: 12 На 09.03.2023 во 21:45 часот пред казино на улица „Партизанска” во Охрид, лишен од слобода е К.Т.(30) од Охрид.При извршен преглед, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа опојна дрога марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

цени

Се намалуваат цените на тестенините и млечните производи

Post Views: 15 За 15 проценти се намалува цената на тестенините, а за 10 цената на млечните производи, објави премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција во Владата.Се замрзнува односно намалува цената на тестенините за 15 проценти на цената која се применува во трговијата на 1 март, односно во просек за околу 8 до 9 денари. Се работи за макарони и шпагети – рече Ковачевски.За овие продукти се укинуваат и царинските давачки за увоз за период од 13 март до 31 мај.Млечните производи се намалуваат од 17 март, а како што објави премиерот, тука станува збор...

Продолжи со читање

ТАВ најавува сезонска авиолинија Скопје-Сплит

Post Views: 20 Хрватскиот национален превозник, Croatia Airlines, ќе воведе нова сезонска авиолинија на релација Скопје–Сплит, од 12-ти мај годинава, најавува ТАВ Македонија, откако авиокомпанијата ги закажа летовите меѓу Меѓународниот Аеродром Скопје и аеродромот во Сплит.  Авиокомпанијата ќе лета меѓу главниот град на Македонија и туристичкиот центар на Далмација во текот на летната сезона, од 12-ти мај до 14-ти октомври 2023 година. Во овој период, Croatia Airlines ќе сообраќа со воздухоплов Dash 8-Q400, со капацитет од 76 седишта, два пати неделно, секој...

Продолжи со читање

Рударски отпад го загадува Охридското езеро од албанска страна

Post Views: 28 Тони отпад од стари рудници, со тешки метали го загадуваат Охридското Езеро, од албанска страна кај Поградец.Испитувањата покажуваат присуство на тешки метали во езерската вода, кои се штетни за ендемичната флора и фауна. Една од препораките на Унеско уште во 2020 година беше итно да се премести отпадот и да се рехабилитира рударската депонија на езерскиот брег, но тие и натаму се користат од рударски компании што имаат дозволи за експлоатација до 2026 година.Преку анализите што ги имаме правено на рибниот фонд во Охридското Езеро уште е присутна оваа...

Продолжи со читање

Пецаков : За една година мандат два пати сум дал негативно мислење за претходно даденото одобрение за градба

Post Views: 11 Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, денеска на својот приватен профил на фејбук со реакција на прес конференцијата на Министерката за култура во врска со градењето на хотелот во Лагадин.За овај предмет 6 години општина Охрид и претходните градоначници, даваат негативно мислење и го одбиваат по еден основ и сите 6 години второстепената комисија на Министерство за транспорт и врски го враќа на повторно одлучување во Општина Охрид, а за оваа околу една година мандат два пати сум дал негативно мислење како градоначалник за претходно даденото одобрение за...

Продолжи со читање

По 18-ти пат ќе се одбележи Светскиот ден на бубрегот

Post Views: 10 18 година по ред кампањата за Светскиот ден на бубрегот се одбележува во вториот четврток од месец март во многу земји на сите континети.На 9 март 2023 година, мотото на Светскиот ден на бубрегот е „Здрави бубрези за сите: Подготовка за неочекувани ситуации, поддршка на ранливите лица“. Ова мото е повик за акција до целото општество вклучително и креаторите на политиките на здравствените услуги, владите, индустријата како и луѓето кои живеат со бубрежна болест и нивните негуватели, сите мора да бидат добро подготвени за неочекувани настани за да се избегне...

Продолжи со читање

Пожар во фабрика за канабис во Кавадарци

Post Views: 24 Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, објави фотографии од пожар кој денеска зафати фабрика за одгледување на канабис за медицински цели во тиквешкото село Дебриште.Јанчев информира дека пожарот е ставен под контрола и дека изгорен е само дел од депото на фабриката.ТППЕ Кавадарци и Неготино, ЈП Комуналец Кавадарци и ЕуроНикел, со повеќе од 10 возила и над 25 пожарникари брзо интервенираа во гаснењето на пожарот, кој го зафати магацинскиот дел од фабриката за канабис во село Дебриште. Благодарение на брзата интервенција на службите, пожарот е под...

Продолжи со читање

Костадиновска Стојчевска : Општина Охрид да ја преиспита изградбата на хотелот во Лагадин

Post Views: 15 Општина Охрид повторно да ги разгледа активностите поврзани со изградбата на објектот на крајбрежјето во Лагадин, препорача Националната комисија за УНЕСКО по синоќешната седница. Општината, притоа, треба да се води по препораките од Реактивните мониторинг мисии на советодавните тела на УНЕСКО и Одлуките на Комитетот за светско наследство и почитувајќи го Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион, посочи министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која е и претседателка на комисијата за УНЕСКО.Силно...

Продолжи со читање