Автор: инфодеск
Post Views: 226 Денес во Брисел се одржува вонреден самит на лидерите на Европската унија и лидерите на Турција посветен на мигрантската криза. Европската унија ѝ вети на Турција 3 милијарди евра за да обезбеди сместување за мигрантите и чекор по чекор да го запре нивниот прилив кон Европа. Пред самитот германската канцеларка Ангела Меркел и холандскиот премиер Марк Рут се сретнаа со турскиот премиер Ахмет Даватоглу во турската амбасада во Брисел. Се очекува дека членките на Унијата ќе бараат од Турција да прими назад илјадници мигранти кои немаат услови за азил во надеж дека...
Заев: “Се враќаме во парламент само кога Груевски ќе си поднесе оставка”
Post Views: 254 На прес конференцијата на која беше објавена 31 таканаречена бомба, меѓудругото лидерот на опозицијата, Зоран Заев одговараше на прашања. „После сѐ што објавивме, треба ли да се вратиме во Парламентот?“, реторички одговори претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на новинарско прашање дали опозицијата ќе ги послуша амбасадорите кои побараа нејзино враќање во Собранието за да помогне во надминувањето на политичкиот ќорсокак. „Ќе се вратиме по оставката на Никола Груевски за да ги дефинираме чекорите што ќе водат до преодна влада“, рече Заев. Опозицискиот лидер откри...
Цената на нафтата расте втора седмица по ред
Post Views: 235 Цената на нафтата на светските берзи минатата седмица растеа, втора седмица по ред, бидејќи инвеститорите се надеваат на намалување на производството и зголемување на побарувачката. На лондонската берза цената за барел нафта во петокот изнесуваше 38,72 долари, што е за околу 10% повеќе отколку пред една седмица. На американските берзи минатата седмица заврши со 5,5% повисока цена, односно 34,57 долари. На овој начин продолжи опоравувањето на цената на црното злато откако во февруари падна на најниското ниво во последните 12 години, на околу 26 долари по...
ЕУ објави најнови податоци за влез на мигранти за 2015 година
Post Views: 237 Стотици илјади Сиријци, Авганистанци, Ирачани и припадници на други националности во минатата година ја одбрале западна Европа како безбедно засолниште. ЕУ ги објави најновите податоци кои укажуваат дека бројот на оние кои бараат азил во Европската унија во 2015 се зголемил за двојно во однос на 2014 година. Мигрантите пропатуваа илјадници километри кон Европа користејќи бродови, возови, автобуси…, а Брисел ја објави конечната бројка која за минатата година изнесува 1.255.600, а за 2014 таа бројка беше 562.680 случаеви. 362.800 се Сиријци и се двојно...
Формирање на анкетна комисија за прислушкуваните разговори
Post Views: 240 Како што соопштија од Собранието, на денешната координативна средба на претседателот на Собранието со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи донесен е заклучок за формирање на Анкетна Комисија за утврдување на аспектите и наводите поврзани со случајот со прислушкувани разговори. „Анкетната Комисија ќе биде формирана во оној момент кога пратениците од опозицијата кои припаѓаат на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и останатите партии во коалицијата ќе се вратат во парламентот, што впрочем претставува клучна порака од меѓународната...
Kiddle е нов интернет пребарувач за деца
Post Views: 261 Kiddle е новиот интернет пребарувач заснован на Google безбедно пребарување и наменет е исклучително за деца. Овој пребарувач резултатите ги рангира по безбедност и едноставност со која се пишувани страниците. Првите три места се резервирани за чисти и безбедни линкови, следните четири за оние кои содржат едноставно напишана содржина разбирлива за деца, а од осмото место понатаму следуваат вообичаени резултати. Kiddle не е производ на Google ниту е официјално лиценциран од Google, но користи механизми од Google пребарувањето со вклучени безбедносни филтери кои...
Forbes ја објави листата на најбогати луѓе во светот
Post Views: 214 Бројот на милијардери во светот оваа година, прв пат од 2009, е намален како и нивното богатство, а најбогат човек на светот и понатаму е Американецот Bill Gates, објави часописот Forbes. Во 2016 година има 1810 милијардери, што е за 16 помалку од пред една година. Вкупното богатство со кое располагаат се намалило за 570 милијарди долари и сега таа сума изнесува 6489 милијарди долари, пишува Forbes. Весникот објаснува дека прераспределбата на богатството во светот е последица на нестабилноста на берзите, намалувањето на цената на нафтата и силниот долар. Ова е...
Оставки на Мијалков, Јанкулоска, Јанакиески и Ставревски
Post Views: 262 Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков и министрите за внатрешни работи, односно транспорт и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески поднесоа оставки на своите функции, а се шпекулира дека оставка дошла и од министерот за финансии Зоран Ставревски, но за тоа сеуште нема потврда.Груевски до Собранието вечерва веќе доставил и предлози за избор на двајца нови членови на Владата, пренесува МИА. За нов министер за внатрешни работи се предлага Митко Чавков, а за транспорт и врски Владо Мисајловски. Чавков е актуелен директор во...
Најголемата брана во светот пред распукување
Post Views: 311 Најголемата брана на светот се наоѓа на 50 километри од Мосул, а опасноста од нејзино распукување е огромна. Ако распука браната кај Мосул тоа би било права катастрофа за најмалку 1,5 милиони луѓе, предупредуваат од американската администрација. Опасноста од распукување на браната е огромна. Цунамите би убиле илјадници луѓе за неколку часа, а една третина од Ирак би завршил под вода со висина од 13 метри и тоа би траело со недели, слично како што се случи со Њу Орлеанс по ураганот Катрина. Ирачката влада не би била во можност да спроведе евакуација бидејќи...
Facebook го менува светот со уште еден проект
Post Views: 226 Без оглед што на многумина приказната за менување на светот е претенциозна и напумпана, на крајот излегува дека е сосем вистинска. Откако Mark Zuckerberg го лансираше Facebook начинот на живеење се смени. Секако, не само благодарение на најпопуларната мрежа на светот, но во голем дел секако е дека е поради неа. Дали е тоа добро или лошо е константна тема на расправа бидејќи многу луѓе реалниот свет го сменија со виртуелниот. Многумина, исто така предвидуваа детронизација на Facebook, но наместо тоа мрежата секојдневно станува посилна, популарна, бројот на...
Стопирање на кризата е услов за поддршката од Европската унија
Post Views: 258 Словенечкиот европратеник, Иво Вајгл, кој е известувач за Македонија во Европскиот парламент, изјави дека запирањето на политичката криза и насилството во Македонија се услов земјата да добие позитивен извештај за пристапни преговори со ЕУ оваа година. Вајгл за Словенечката телевизија од Брисел рекол дека очекува ЕУ деновиве да понуди конкретни предлози до Македонија за да се стабилизира состојбата, но и дека македонските власти мораат конструктивно да ја решаваат политичката криза која кулминираше со терористички напад во Куманово. Тој оцени дека Куманово е...
САД: Се издвоија фаворитите за “Супервторник”
Post Views: 219 По Ајова, Њу Хемпшир, Јужна Каролина и Невада, предизборите во вторник се одржуваат во десет американски држави за секоја партија, меѓу кои и Тексас кој дава најмногу делегати. Поранешната државна секретарка е фаворит кај демократите за “супервторникот”. Таа во саботата победи на внатрпартиските избори на Демократската партија во Јужна Каролина со што ја освои третата од четирите сојузни држави во кои досега се одржаа партиски избори. Во анкетите кои се направија од NBC и Wall Street Jurnal, пред изборите во Тексас, Џорџија и Тенеси, Клинтон има помеѓу 20 и 34...