Skip to main content

Автор: инфодеск

Одлука на владата за надомест на фамилиите на загинатите во Куманово

Post Views: 296 Владата одлучи семејствата на припадниците на полицијата кои загинаа во борбите за неутрализирање на терористичката група во Куманово да добијат по 70.000 евра, а надоместоци ќе добијат и повредените и другите учесници во операцијата. Според владината одлука донесена на седницата во понеделникот доцна вечерта, на загинатите припадници на полицијата кои биле во брак, половина од сумата на надоместокот ќе биде доделен на сопругата, а половина на родителите на полицаецот. Во одлуката, која беше донесена доцна синоќа, стои дека на најтешко ранетиот полицаец ќе му...

Продолжи со читање

Употребата на „македонско“ не е забранета

Post Views: 604 Пишува: Ардит РамаданиВо еден предизборен процес кандидатите за разни државни позиции имаат тенденција да станат големи патриоти, до тој степен што почнуваат да судат и за „патриотизмот“ на противкандидатите само за да добијат политички поени на грб на популизмот кој го комбинираат со нездрав патриотизам. Па така, кандидатката за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во објава на „Фејсбук“ ја „обвинува“ претходната власт за затворањето на комплексот „Македонско село“, алудирајќи на Преспанскиот договор. Вакво нешто не стои во Преспанскиот договор, а ова не го тврди...

Продолжи со читање

Новите реакции на Facebook стануваат проблем за политичарите

Post Views: 214 Иако голем број корисници бараа од Mark Zuckerberg воведување на “dislike” со кој би изразиле несложување со одредени статуси, фотографии, вести и слично, шефот на оваа компанија се одлучи за поинаков пристап со неодамнешните воведени реакции. Наместо палец надолу на оваа мрежа сега може да се изразат реакции на љубов, смеа, тага и лутина. Иако нема “dislike” корисниците пронајдоа начин на кој можат овие реакции да ги искористат против политичарите па така на CNN велат дека првата жртва на овие нови реакции на Facebook е првиот човек на Хонг Конг, Cy Leung. Тој...

Продолжи со читање

Протестите пред владата продолжуваат денес

Post Views: 410 „Ги охрабруваме граѓаните да постапат во моментот на жалост соодветно на своите традиции. Поради тоа што е ден на жалост, апелираме за мирно и достоинствено собирање“, се вели во пораката на Facebook  од страна на здружението “Протестирам”„Ние веќе не чувствуваме страв, туку само гадење од авторитарната власт и нивните мрачни сценарија! Ние бараме мир и правда, а тоа може да се случи само ако тие си заминат! Веднаш!“, велат од здружението.„На 11-ти мај 2015, на вториот ден на жалост поради настраданите во Куманово, во 18 часот, ние ќе се упатиме кон...

Продолжи со читање

Превземањето на Sharp влезе во историјата

Post Views: 319 Јапонската компанија во четвртокот соопшти дека ја прифаќа понудата тешка 4,3 милијарди долари со која тајванскиот Foxxcon превзема 65,9% од уделот, по купувањето на нивните акции по цена од 118 јени по акција. Тоа е за 32% пониска цена од пазарната, меѓутоа спрема тврдењата на упатените извори на Reuters, тајванскиот џин во електорниката вкупно треба да вложи 5,8 милијарди долари. Со прифаќањето на понудата Foxxcon влегува во историјата како прв странски купец на некоја истакната јапонска компанија во областа на електорниката. Основачот и претседател на...

Продолжи со читање

Европската комисија со три пораки до Македонија

Post Views: 249 Комесарот на Европската комисија за соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан денес на прес конференција за новинарите упати три пораки за Македонија во врска со кризата и случувањата во Куманово. “Во моментов имаме три пораки: Прво, сите сме загрижени за тоа што се случи во текот на викендот и ги повикуваме сите вклучени страни и актери да соработуваат во разјаснувањето на тоа што се случи, кој е одговорен за тоа и да бидат обединети по ова прашање. Второ, овој напад не треба и не смее да го сврти вниманието од многу сериозната...

Продолжи со читање

Контроверзна теорија на американски политиколог за распадот на Југославија

Post Views: 274 Американскиот политоколог Phil Butler изнел интересна теорија за распадот на Југославија за рускиот New Eastern Outlook. Phil Butler тврди дека Југославија била голема и моќна сила во очите на западните земји и како таква претставувала голема закана. “Обидете се да ја замислите Европа денес со Југославија како една од клучните играчи? Јас можам. Југославија беше еден од најдобрите културни и човечки експерименти во историјата. Основана е на подрачјето на конфликти на некогашните големи царства Австроунгарија и Османлиското, Југославија ги стопи двете култури и...

Продолжи со читање

Gmail за Android со нови функции

Post Views: 242 Google ја ажурира својата Gmail апликација за Android, во која ги додаде Rich Formatting и Instant RSVP функциите. Новите опции за обработка на текст на корисниците ќе им овозможи зборовите да ги подвлечат (underline) и да ги навалат (italic), како и да ја променат поздинската боја на текстот. Сите овие опции претходно беа достапни само на web платформата. На опцијата за обработка на текст е можно да се пристапи со обележување на делот од e-mail пораката по што се појавуваат опции за обработка на содржината. Instant RSVP функцијата работи со Google Calendar и...

Продолжи со читање

Facebook покрај “лајк” воведе пет нови реакции

Post Views: 248 Facebook денес воведе нови таканаречени реакции, односно нови емотикони кои на корисниците им даваат повеќе можности за оценување на некоја објава. Покрај досегашниот “like”, корисниците имаат можност да изберат помеѓу пет други емоции кои се наречени Love, Haha, Wow, Sad и Angry. Значи, корисниците од сега наместо едноставното “like” ќе можат да изразуваат и негативни емоции, како што се лутина или тага. Кога курсорот од глувчето ќе го ставите на копчето за “like” ќе се појават сите други копчиња за емоции кои можете да ги одберете.

Продолжи со читање

Хан изрази длабока загриженост за ситуацијата во Македонија

Post Views: 268   Комесарот на Европската комисија за соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан изрази длабока загриженост за случувањата во Куманово поради судирите на македонската полиција со терористиките групи и повика на максимална воздржаност од сите фактори и воспоставување мир. „Длабоко сум загрижен за развојот на ситуацијата во подрачјето на Куманово и поради можноста од ранети и загинати. Ги повикувам властите, сите политички лидери и челниците на заедниците да соработуваат, да воспостават мир и во целост да спроведат истрага за овие настани на...

Продолжи со читање

Непал: пронајдени остатоците од исчезнатиот авион

Post Views: 230 Авионот, двомоторец, од типот “oter” на непалската компанија Tara Air утрово исчезна набрзо по полетувањето од градот Покхар, 125 километри западно од Катманду. За време на летот кој требало да трае 18 минути до градот Јомсом, видливоста била многу лоша. Во авионот имало двајца странци од Кина и Кувајт, а останатите патници се од Непал, меѓу кои имало и две деца. Официјални лица на Непал соопштија дека остатоците на авионот се пронајдени и дека во него се наоѓале 23 лица и дека нема преживеани. “Пронајдени се остатоците од авионот кој потполно изгорел”,...

Продолжи со читање

Одлука за дводневна жалост

Post Views: 362 Владата на Република Македонија на вонредна седница донесе одлука 10 и 11 мај, недела и понеделник, да бидат денови на жалост по повод загинувањето на припадниците на безбедностите сили на Министерството за внатрешни работи во полициската акција за откривање и разбивање на поголема вооружена терористичка група во Куманово. На Деновите на жалост, знамето на Република Македонија ќе биде истакнато на половина копје. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги ќе испрати насоки до медиумите за содржината на програмата за време на деновите на жалост. {loadposition...

Продолжи со читање