Автор: инфодеск
Post Views: 228 Откако корисниците ширум светот не можеа да пристапат на своите профили на популарните социјални мрежи во медиумите се јави хакерската група Lizard Squad која ја превзеде одговорноста за нападот. Facebook и Instagram утрово беа недостапни ширум светот, а причина е наводно сајбер напад. Имено, групата Lizard Squad ја превзеде одговорноста за утринскиот напад на социјалните мрежи, пишува Daily Mail. Станува збор за страници кои имаат вкупно 1,5 милијарди корисници кои не беа во можност да пристапат на своите профили околу еден час. И покрај тврдењата на хакерите,...
Пристигнува историска бура која би можела да загрози 60 милиони луѓе
Post Views: 248 Во Њујорк, но и во други подрачја на североистокот на САД е сѐ во прекин поради бурата Juno која спрема очекувањата со себе ќе донесе и околу 90 цм снег пропратено со замрзнат дожд и ветар кој ќе достигне повеќе од 100 км на час. Националната метеоролошка служба бурата ја опишува како опасна за живот и историска. На сите возила кои не се дел од првата помош им е забранет сообраќајот од 11 часот навечер по локално време, а откажани се и услугите на подземната железница. Бурата би можела да влијае на животите на 60 милион луѓе, пишува BBC. Како што јавува Reuters,...
Во кафето пронајден нов протеин кој има учинок сличен на морфиумот
Post Views: 232 Кафето содржи протеин со учинок кој е сличен на морфиумот и неговото времетраење е подолго од него, откриле научници од Универзитетот во Бразилија и бразилската државна компанија за земјоделски истражувања Embrapa, пренесува RT. За време на истражувањето кое го водел Felipe Vinecky пронајден е досега непознат фрагмент на протеин, пептид, кој како и морфиумот има аналгетички и седативни својства. Тестирањето на лабораториски глувци покажало дека новопронајдената супстанца има времетраење до 4 часа, а не се забележани никакви нуспојави. И универзитетот и Embrapa...
Нафтата на меѓународните пазари повторно падна
Post Views: 294 Цената на нафтата денес повторно падна на меѓународните пазари, достигнувајќи ниво под 48 долари, откако новиот саудиски крал Салман ги пригуши стравувањата од период на нестабилност и промена на политиката по превземањето на власта на најголемиот светски извозник на нафта. На лондонската берза еден барел се тргуваше по 86 центи пониска цена во однос на претходното затворање на берзата, односно 47,93 долари, додека на американскиот пазар за испорака во март се тргуваше по 62 центи пониска цена, односно 44,97 долари. Новиот саудиски крал Салман, кој ја превзеде...
Победа на радикалната левица во Грција
Post Views: 238 Спрема излезните анкети Сириза освоила помеѓу 35,9 и 39,5% од гласовите. Владеачката Нова демократија добила помеѓу 23 и 27%. Предноста од 12% би можела на Сириза да ѝ овозможи самостално формирање на влада. Спрема сите параметри победник на грчките избори и нов премиер е Алексис Ципрас, лидерот на Сириза. “Грчкиот народ ќе го врати социјалното единство и достоинство. Нашата заедничка иднина во Европа не е штедење туку демократија, солидарност и соработка”, порача Ципрас. Скоро 10 милиони Грци со право на глас одлучуваа за формирање на новиот грчки парламент....
Дивеењето на швајцарскиот франк ги изнесе Полјаците на улица
Post Views: 227 Поради дивеењето на швајцарскиот франк на светските берзи, стотици Полјаци со излегување на улица го искажале своето незадоволство. Сопствениците на недвижнини, излегоа пред зградата на Швајцарската народна банка за да го искажат своето незадоволство. Властите ги притиснаа банките на 20 јануари да ги олеснат плаќањата на кредитите за дури половина милион граѓани и побарале истрага за околностите при издавањето на такви кредити, јавува Reuters. Полјаците протестираа во Краков, Гдањск, Вроцлав и Варшава. Како едно од решенијата полското министерство за финансии го...
Шестмина скијачи загинаа на француските Алпи
Post Views: 258 Шестмина скијачи кои исчезнаа во саботата, во лавина на југоистокот во француските Алпи, се пронајдени мртви, објавија спасувачките екипи. Четворица мажи и две жени, сите со големо скијачко искуство, од француска националност помеѓу 50 и 70 годишна возраст, отишле на скијање во саботата наутро, но ги изненадила лавина, објавила префектурата департмани Hautes-Alpes (Високи Алпи). Несреќата се случила на масивот Queyras, во близина на градот Ceillaca. Првите три тела се пронајдени во текот на ноќта, а другите три по четири часа трагање. “Кога заминаа, небото беше...
Јапонскиот премиер огорчен поради убиството на еден од заложниците
Post Views: 238 Јапонскиот премиер Shinzo Abe изјави дека очигледното убиство на еден од јапонските заложници кои беа заробени од милитантите на Исламската држава е срамотно и неподносливо, и повторно ги повика на ослободување на јапонскиот новинар кој сеуште го држат во заложништво. Abe исто така рекол дека Јапонија нема да му попушти на тероризмот. Ова го изјавил за телевизијата NHK по објавувањето на видеото од убиството на Јапонецот Haruna Yukawa.Воедно се појави и аудио снимка каде другиот заробеник, новинарот Kenji Goto, зборува дека неговиот живот би можел да биде спасен...
Пад на еврото по одлуката на Европската централна банка
Post Views: 223 Еврото доживеa нов пад на светските берзи откако Европската централна банка најави печатење на свежи пари за поттикнување на стопанството. Откако Европската централна банка најави печатење на свежи пари за поттик на стопанството, курсот на еврото падна на светските берзи и потона под 1,12 долари за едно евро, што не е забележано во последните 11 години. Аналитичарите велат дека еврото, кој од почетокот на годината потона за 7%, е на пат да го забележи најголемиот пад во однос на доларот од финансиската криза на почетокот на 2009 година. Според некои предвидувања...
Stan the Man нерешлива загатка за рекетот број еден
Post Views: 283 Швајцарецот Стен Вавринка во своето трето Грен Слем финале стигна и до третиот наслов победувајќи го првиот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ во дуелот за победничкиот трофеј на УС Опен со 6-7, 6-4, 7-5, 6-3. На Вавринка по триумфот на Австралија Опен во 2014 година, Ролан Гарос во 2015 и овогодинешниот УС Опен, сега му остана само триумф на Вимблдон за да ја пополни колекцијата на Грем Слем титули и да се придружи на осуммината тенисери на кои тоа им успеало, а во која како последен влезе токму Новак Ѓоковиќ со овогодинешниот триумф на Ролан Гарос. Финалниот...
Вредноста на златото во нагорна линија
Post Views: 255 Вредноста на златото е во нагорна линија и ја премина цифрата од 1.300 долари по унца. Тоа е најголемо ценовно ниво од август минатата година и почетокот на Руско-Украинската криза, пишува CNN Money. Од валутниот скок на швајцарскиот франк преку најниските цени на нафтата за барел и вбризгувањето на 60 милијарди евра секој месец во еврозоната, многу елементи носат несигурност на светските пазари а инвеститорите од Wall Street сакаат да играат на сигурно, па така без сомнение, вложувањето во злато е на врвот на тој попис. Сепак, цената на златото е тешко да се...
Во крвави конфликти ширум светот учествуваат 250.000 деца
Post Views: 223 Не е важно дали готват, чистат или се борат рамо до рамо со војниците на првите линии, на воените боишта ширум светот денес се наоѓаат 250.000 деца. Едно од последните видеа на ISIS го шокираше светот бидејќи во него главен лик е дете од десетина години кое во своите раце ја зема задачата за егзекуција на двајца руски државјани. Но, колку тоа лошо да звучи, децата војници не се ништо ново. Од 2000-та година, спрема податоците на Child Soldiers International, децата војници учествуваат во секој вооружен конфликт во светот. Тешко е точно да се процени бројката, но...