Автор: инфодеск
Post Views: 257 Документарниот филм на режисерот Мартин Скорсезе кој го работеше за HBO TV за поранешниот, 42-ри по ред, американски претседател Бил Клинтон е ставен во фиока на неодредено време поради недоразбирања “околу контролата на филмот”, пренесуваат медиумите. Како што наведува New York Times, проектот кој беше најавен во 2012 година е откажан поради тоа што Клинтон барал повеќе контрола над прашањата за интервјуата, како и над финалниот производ, но неговиот портпарол одговорил дека тоа тврдење е неточно. Кабловската телевизија HBO, на која требаше филмот да се...
Откриени детали од црната кутија на авионот на AirAsia
Post Views: 269 Истражителите на авионски несреќи кои работат на трагичниот случај на летот на AirAsia 8051 потврдиле што открила црната кутија. Имено, снимките прикажале дека во кокпитот имало бројни аларми додека пилотите се бореле со авионот, а помеѓу другото бил вклучен и алармот кој укажувал на нагло зголемување на висината. Истражителите ја исклучиле можноста за саботажа, откако ги прегледале податоците од црните кутиии. Индонезијскиот министер за сообраќај Ignasius Jonan рекол дека авионот добивал на висина, неверојатно брзо околу 2000 метри во минута, а потоа нагло паднал...
Google станува мобилен оператор
Post Views: 246 Американската компанија Google планира да понуди услуги на мобилна телефонија во САД и воедно склучила договори со операторите T-mobile и Sprint, објавил весникот The Wall Street Journal. Весникот пишува дека Google склучил одвоени договори со Sprint, кои зависи од јапонската Softbank, и T-mobile, огранок на германскиот Deutsche telekom, за да ги користи нивните мрежи и така да ги продава своите услуги. The Wall Street Journal објави и дека во една од одредбите на договорот помеѓу Google и Sprint е предвидено ново преговарање за договор ако Google привлече...
American Express отпушта повеќе од 4.000 работници
Post Views: 238 American Express оваа година ќе укине повеќе од 4.000 работни места, најави еден од директорите на таа компанија откако компанијата известила за поголеми од очекуваните трошоци и резервации за проблематични заеми. Оваа најголема компанија за кредитни картички вработува 63.000 лица, па најавените отпуштања се околу 6% од вкупниот број на вработени. Цената на акцијата на компанијата по објавувањето паднала за 2,3%, на 85,62 долари. American Express, кој во последните неколку години ги намалува трошоците за да го неутрализира спориот раст на приходите, објави дека...
Секој трет развод поради Facebook
Post Views: 205 Популарната социјална мрежа Facebook е виновна за секој трет развод во Велика Британија, тврди адвокатската канцеларија Lake Legal со седиште во Лидс. Кога се почуствува повикан, Facebook пред еден месец им забрани на своите корисници на своите статуси да истакнуваат негативни промени, како што се развод или прекин на врската. Истражувањето кое го спровела адвокатската канцеларија Lake Legal покажува дека Facebook е прав кршач на бракови. Од 200 случаеви на развод, колку што биле опфатени со анкетата, социјалната мрежа е спомената во 66 случаеви. И тоа не затоа...
Интензивните врнежи предизвикаа поплави во делови од Охрид и околината
Post Views: 205 Невремето со интензивни врнежи од дожд што од вчера попладнето и целата ноќ го зафатија Охрид предизвикаа поплавувања во повеќе делови на градот, најмногу на оние места што се сметаат критични при вакви услови. Според податоците од Регионалниот центар за управување со кризи, во текот на изминатата ноќ биле пријавени повеќе од 50 случаи на поплавувања на дворови и приземни катови од објекти во градот, а пријави имало и од Пештани каде ситуацијата е сложена при секои пообилни врнежи од дожд. Најмногу јавувања од граѓани имало од населбите Далјан, Воска,...
Заев во Охрид ја презентира “Визијата за Македонија”
Post Views: 227 Вечерва во Охрид, СДСМ пред охриѓани го претстави првиот столб, Одговорна власт и контрола над власта, од проектот „Визија за Македонија“. Промените во Македонија доаѓаат, порача првиот социјал демократ Зоран Заев. Охриѓани знаат најмногу да сугерираат за Охрид и затоа бараме памет, сугестии, корективи и забелешки на проектот кој го нарековме „Визија за Македонија“. „Знаете дека Охрид е посебно богатство за сите нас, не само на Охриѓани туку и на Струмичани, Скопјани, Кумановчани и сите за Охрид имаме посебни делови од нашата визија, нашата програма. Според...
Гранатирана автобуска станица во Доњецк
Post Views: 310 Најмалку 13 лица загинале, а на десетици се повредени рано утрово кога граната погодила автобуска станица во населбата Ленински, во Доњецк, на истокот од Украина, соопштија официјални лица на Народната Република Доњецк. Спрема првичните информации, гранатата е испукана околу 9 часот по локално време од минибус, пренесува Tass. До гранатирањето дошло откако Русија и Украина вчера постигнаа договор за процедурата на повлекување на тешкото оружје на истокот од Украина. Спрема зборовите на министерот за надворешни работи на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер, неговите...
Терористички напад во Тел Авив
Post Views: 281 Еден Палестинец избодел со нож неколку луѓе во автобус во централниот дел од Тел Авив, а потоа побегнал од местото на нападот, но на него пукала полицијата и тој е уапсен, соопштила полицијата. Полицискиот портпарол Мики Розенфелд рекол дека полицијата верува дека станува збор за терористички напад и дека напаѓачот побегнал од местото на нападот. Розенфелд не знаел колку луѓе се избодени и во каква состојба се, но израелските медиуми јавија дека се ранети 12 луѓе, вклучувајќи тројца сериозно. Розенфелд додал дека полицијата полесно го ранила напаѓачот а потоа...
Најбизарна апликација која се појавила досега
Post Views: 231 Имајќи во предвид дека смртта е една од најмистериозните појави во светот, многу е веројатно дека многу луѓе би сакале да го дознаат точниот датум на сопствената смрт. Можеби и не, но за сите љубопитни постои апликација која, иако такво нешто е невозможно да се дознае, сигурно добро ќе ве насмее во проценката на датумот и причината за вашата смрт. Една од најбизарните апликации се вика Deathapp каде можете да го внесете своето име и презиме, како и датумот на раѓање, и таа ќе ви покаже кога и на кој начин следува вашата смрт. Иако звучи морбидно, коментарите кои...
Кербер влезе во историјата на светскиот тенис
Post Views: 255 Германската тенисерка Анжелик Кербер во финалето на УС Опен ја надигра Чехињата Каролина Плишкова со 6-3, 4-6, 6-4 после два часа и седум минути борба во квалитетно и неизвесно финале и така по втор пат во кариерата го подигна победничкиот трофеј на Грен Слем турнирите, откако на почетокот на годината триумфираше на Австралија Опен. Кербер до својата победа во осум дуели со 24-годишната чешка тенисерка стигна со пресврт во одлучувачкиот сет во кој Плишкова водеше со 3-1, но Германката ги освои следните шест гемови и така стигна до победа која освен сребрениот...
Facebook со нов алгоритам за намалување на гледаноста на наивни содржини
Post Views: 320 Често на Facebook можат да се видат содржини од типот “Кликнете овде и освоите…” или слични наслови, кои вообичаено се направени за собирање што повеќе кликања, а всушност ништо нема да освоите. Сѐ повеќе луѓе ги избегнуваат овие содржини, но често коментираат на нив како на пример “ова е измама”, не кликнувајте на оваа содржина” и слично. Секако, со ова се добива спротивен ефект, всушност се зголемува можноста за прикажување на овие содржини во news feed со што изостануваат поважните содржини кои вас ве интересираат. Тестирањата на Facebook покажале дека...