Автор: инфодеск
Post Views: 218 Синоќешната ракометна драма од првите редови ја проследи и хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ која своите доживувања ги сподели со стотици илјади корисници на најпопуларната мрежа Facebook. Пред натпреварот, за време додека малку кој веруваше во чудо и победа на Хрватска со минимално 11 голови разлика пред преполна сала на полски навивачи, претседателката носеше дрес на Домогој Дувњак и ги поздрави пред излегување на теренот. Ова видео претседателката го пропрати со објава “За нашата Хрватска”, а бројни корисници на Facebook го споделија и го...
Мистериозни места кои Google Earth не сака да ги знаете
Post Views: 240 Мистериозните места на Google Earth, тврдат поборниците на теории на заговор, се скриени градови и подрачја на кои се спроведуваат тестирања на вонземјани, се пикселизирани, а некои се дури и потполно избришани од мапата. Порталот news.com.au составил листа на такви забранети подрачја кои “исчезнале” од мапата. Haarp (границата помеѓу Вашингтон и Орегон) – Американските воздухопловни сили во 2014 година го затвориле контроверзниот објект во кој се спроведуваа истражувања поврзани со јоносферата. Некои теоретичари на заговори мислеле дека во Haarp се контролира...
Отчукува часовникот кој не смее да се игнорира
Post Views: 247 Симболичниот часовник кој го отчукува приближувањето на “судниот ден”, време на претстоечкото уништување, моментално е поставен на три минути до полноќ, што е најблиску на тој застрашувачки часовник од почетокот на неговото постоење од 1947 година. Овој часовник е универзално признат показател на нашата чувствителност на катастрофи кои ни се закануваат од страна на нуклеарното оружје, новите технологии и глобалното затоплување. Часовник кој никој не смее да го игнорира. Во среда водечките научници во светот, во конференција во живо, ќе објави дали сме се...
Технологии кои ќе ги сведат сообраќајните несреќи на минимум
Post Views: 208 Од најавите пред девет години до денес, Волво отствари голем напредок и претстави бројни безбедносни опции во своите автомобили, а во следните неколку години ќе продолжи со развојот и со имплементација на новите опции до 2020 година кога во продажба ќе имаат автомобили со напредни автономни можности со кои ризикот од несреќи ќе биде сведен на минимум. Ова се некои од технологиите кои денес делумно се применуваат и од кои може да се очекува да бидат имплементирани во возилата на Волво. Сензори за воочување на пешаци – сензорите во автомобилите ќе препознаваат...
Невремето во САД го запре животот
Post Views: 281 Снежното невреме кое го парализира поголемиот дел од источниот брег, го запре животот во Вашингтон и предизвика затворање на патишта, мостови и тунели во Њујорк. Најмалку 19 лица го изгубија животот во неколку американски сојузни држави, најголем дел поради сообраќајни незгоди, а три лица починале во градот Њујорк чистејќи снег. 68 цм снег кој падна во Њујорк до полноќ е второ најголемо невреме во историјата на градот од 20 милиони жители. И во главниот град Вашингтон ова е второ најлошо време во историјата со 60 цм снег. Рекордот е од 1922 година кога во...
YouTube воведе корисен додаток “Picture in Picture Chrome”
Post Views: 232 Мобилната апликација на YouTube пружа можност на намалување на прозорчето односно видео-записот кога сакате да побарате некое друго видео, а тоа го прави без прекинување на видеото кое моментално го гледате. Истата функционалност сега ја носи додатокот YouTube Picture in Picture Chrome за десктоп и лаптоп компјутерите. Кога ќе се инсталира додатокот, било кој видео-запис може да се спушти во долниот десен агол за да пребарувате други видео-записи или канали, а видеото кое го гледате ќе биде прикажано во мало прозорче. Исто така, може да се зголеми или да се...
Снежната бура се заканува на 85 милиони луѓе во САД
Post Views: 232 Во снежната бура, која во петокот и сабота го погоди источниот дел на САД и во која може да падне снег од 90 цм, животот го загубија повеќе лица, пренесуваат светските медиуми. Снежната меќава најтешко го погоди главниот американски град Вашингтон и Балтимор. Шест лица го игубија животот во сообраќајни несреќи кои се последица на снегот кој ги зафати Арканзас, Тенеси и Кентаки, а уште две лица го изгубија животот во Северна Каролина. Смирување на времето се очекува во сабота попладне а до тогаш, спрема прогнозите, во овие подрачја би можел да падне снег помеѓу...
Google ќе ја елиминира Исламска држава од “отворениот”интернет
Post Views: 227 Борбата против Исламска држава не е само во реалниот туку и во виртуелниот свет и на социјалните мрежи. На сите им е познато дека оваа терористичка организација своите активности ги промовира на медиумите како што се Facebook и Twitter, со чија помош собираат нови членови и даваат впечаток дека се многу поголеми отколку што навистина се, пишува Guardian Факт е дека Исламска држава многу интелегентно ги користи социјалните мрежи и интернет воопшто и многу е тешко да се исфрли таква организација од интернет. Но, она што во Google го разгледуваат е Исламска држава...
Закана од бомба на лет од Лондон за Стокхолм
Post Views: 229 Закана поради бомба го принуди екипажот на авионот на компанијата Scandinavian Airlines (SAS) на летот од Лондон кон Стокхолм на принудно слетување во Гетеборг каде 72 лица од авионот се евакуирани, објави шведската полиција. “72 лица од авионот, вклучувајќи го и екипажот, се евакуирани. Евакуацијата е завршена”, изјавил портпаролот на полицијата Stefan Gustafsson. Авионот е упатен вон аеродромската зона на аеродромот Landvetter во Гетеборг и повикана е група на експерти да го прегледа авионот. “Заканата од бомба контролорите на летање ја примиле додека...
Heineken превзеде 97% од пиварата Лашко
Post Views: 236 Холандскиот концерн Heineken објави дека мнозинството на малите акционери на Пиварата Лашко ја прифатила понудата за откуп на нивните акции и на тој начин сопственичкиот удел во словенечката пивоварска индустрија ја зголеми од 43,49 на 96,92%. Понудата на Heineken, акциите на малите акционери да ги превземе под исти услови и цена како и акциите на банките и фондовите кои ги купи минатата година, успеала, објави Heineken. Со тоа сопственичкиот удел е зголемен на 96,92% па превземањето на Пивоварна Лашко, која има две големи пивари во Лашко и Љубљана, се смета за...
Цената на нафтата потона под 30 долари за барел
Post Views: 228 Цената на нафтата на светските пазари минатата недела падна повеќе од 10% и по прв пат по 12 години потона под границата од 30 долари по барел, а можно е и понатаму да паѓа. На лондонската берза цената за барел нафта во петокот изнесуваше 28,94 долари што е 13% помалку отколку пред една недела, а во еден момент достигна цена од 28,82 долари што е најниска цена од февруари 2004 година. На американскиот пазар, пак, цената за барел изнесуваше 29,42 долари, а во еден момент и 29,13 долари, најниска граница од 2003 година наваму. Така, продолжи трендот на пад на...
Wikipedia слави 15 години
Post Views: 213 Додека некои, овозможувајќи им на луѓето пронаоѓање на информации на интернет, се збогатија, на некои други како Jimmy Wales и Larry Sanger единствена цел им беше да им овозможат на луѓето пристап до сите информации и знаења бесплатно. Тие двајца пред точно 15 години ја основаа Wikipedia, интернет енциклопедија која на сите им е достапна бесплатно. Овој интернет извор на знаења денес има повеќе од 37 милиони статии кои се објавени на скоро 300 јазици, меѓу кои и на македонски, а се финансира исклучително од донации (на Wikipedia нема реклами). Wales често...