Автор: инфодеск
Post Views: 135 Утре, Општина Охрид и Општинската организација на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца со повеќе свечености ќе го одбележат 11. Октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ.Свечената седница е предвидено да се одржи во големата сала на Општина Охрид, со почеток во 11 часот. Ќе се обратат претставници од Општина Охрид и Сојузот на борците, по што ќе следува културно-уметничка програма.Во сабота, 11 октомври, во 10 часот ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен-обележјата од НОБ во Градскиот парк, пред Основен суд-Охрид, во училишниот двор...
Огненоски: Со повеќе резултати, а помалку изговори, да го вратиме животот во Дебрца
Post Views: 183 Даниел Огненоски, кандидат за Градоначалник на Општина Дебрца од ЛДП и коалицијата „Искуство за успех“ денеска на прес конференција порача дека доколку ја добие довербата на граѓаните неговиот главниот фокус ќе биде ставен на подобрување на условите за живот, развој на туризмот и отворањето на нови работни места преку земјоделство и грантови и привлекување на странски инвеститори. Од 8000 жители, во Дебрца моментално има околу 3000, што е навистина поразителна бројка и тоа мора да се смени, потенцира Огненоски.„ Како советник во Општина Дебрца во три мандати...
Одржана 63-та последна седница на Советот на Општина Охрид во овој мандат
Post Views: 120 Денеска се одржа 63-тата свечена седница на Советот на Општина Охрид, со што официјално беше заокружен мандатот на актуелниот советнички состав.Во своето обраќање, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков изрази задоволство од соработката со Советот, нагласувајќи дека заеднички биле донесени многу значајни одлуки во интерес на општината и нејзините граѓани. Тој им се заблагодари на сите советници за нивниот ангажман и посветеност.Зборувајќи пред присутните, благодарност за досегашната соработка искажаа и претседателот на Советот, Перчо Божиновски, како...
СВР Билтен: приведен охриѓанец кој нападнал сограѓанин пред казино, кривична пријава за Грк кој продавал марихуана на зависници од Охрид
Post Views: 139 На 08.10.2025 во 10:40 часот пред казино на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 40-годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека физички и со остар предмет нападнал 42-годишно лице исто од Охрид. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.СВР Охрид поднесе кривична пријава против 31-годишно лице од Република Грција, со привремено живеалиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во...
Литературата гради мостови меѓу народите, средба на српски и македонски писатели и поети во Охрид
Post Views: 203 Српски и македонски писатели и поети во Охрид преку пријателство и пишаниот збор градат културни мостови меѓу двата народи. Писателите Радомир Андриќ, поранешен претседател на Друштвото на писатели на Србија, Раденко Поповиќ и Радоња Дубљевиќ се сретнаа со нивниот домаќин, познатиот македонски поет Славе Ѓорѓо Димоски и со уште неколку поети од Охрид.Суштината на литературата е да не познава граници. Ако се пишува на хуман јазик, вистински човечки јазик тоа ќе биде добредојдено во секоја средина, кај секој народ, кажа познатиот српски поет Радомир Андриќ...
Ќе се менува Законот за ДДВ: нема повеќе ослободување од данок на пратките од странство до 22 евра
Post Views: 335 Владата го достави до Собранието Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, со кој се предлага укинување на досегашното ослободување од плаќање ДДВ при увоз на пратки со мала вредност до 22 евра, испорачани од странство кон домашни примачи.-Предложената законска измена е со цел да се избрише ослободувањето од данок на додадена вредност за увоз на пратки со мала вредност испорачани од странство за примачи во земјата чија вкупна вредност по пратка не го надминува износот од 22 евра во денарска противвредност, а се...
Денес во Охрид ќе биде отворена изложбата на фотографии од Балканскиот рис во Културниот центар „Култ“
Post Views: 201 Денес, со почеток во 13:30 часот во Културниот центат „Култ“ ќе биде отворена патувачката изложба на фотографии од Балканскиот рис. Изложбата ќе биде достапна за разгледување до 21 октомври, по што ќе го продолжи своето патешествие во друг град.-Како критично загрозен подвид кој живее само во регионот на Западен Балкан, со помалку од 50 возрасни единки во природата, балканскиот рис е под закана од загуба на живеалишта, криволов и ниска генетска разновидност, иако претставува незаменлив дел од природното наследство на регионот. Оваа изложба сведочи за неговото...
Претставување на апостолот и евангелист Јован Богослов
Post Views: 118 ин на рибарот Заведеј и на Саломија, ќерка на праведниот Јосиф. Повикан од Господа Исуса, Јован веднаш го остави татка си и мрежите рибарски и заедно со својот брат Јаков тргна по Христа. И оттогаш повеќе не се одвојуваше од својот Господ до самиот крај. Со Петар и Јаков присуствуваше при воскреснувањето на Јаировата ќерка и на Преображението на Господа на гората Тавор. На Тајната Вечера ја положи главата на градите Исусови. Кога сите други го оставија распнатиот Господ, Јован заедно со Богородица остана под Крстот. На заповед од Господ, тој потоа ѝ беше како син...
Денес сончево со мала до умерена локална облачност
Post Views: 103 Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.Минималните температури во Охрид од 5, а максималните до 16 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека следува период на стабилно и суво време со пораст на дневната температура. Денес и во сабота ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Свикана 63-та свечена седница на Советот на Општина Охрид
Post Views: 135 Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, информира дека утре, 09.10.2025 година (четврток) со почеток во 09.00 часот ќе се одржи 63-та свечена седница на Советот на Општина Охрид.
На Златибор ќе се гради аеродром
Post Views: 142 Веб-страницата Biznis.rs денес објави дека веќе се подготвува земјиште за изградба на писта на најпосетуваната српска планина, Златибор.Претседателот на Општина Чајетина, Милан Стаматовиќ, го најави почетокот на реализацијата на проектот за изградба на аеродромот.-Во првата фаза од работите, пистата ќе биде долга околу 700 метри, во втората 1.200 метри, а конечната должина ќе биде 2,5 километри. Јавниот интерес е утврден овде, а ние се бориме земјиштето на Земјоделскиот комбинат, кое е блокирано, да го резервираме за такви цели преку јавниот интерес,...
Апел до граѓаните за почитување на законските обврски за чистење на оџаците
Post Views: 126 Денеска во просториите на Општина Охрид се одржа состанок посветен на спроведувањето на законските обврски за редовно чистење на оџаците во индивидуални и колективни станбени објекти.На состанокот присуствуваа претставници од Одделението за животна средина, Одделението за безбедност и здравје при работа, Инспекторатот при Општина Охрид, како и претставници на Територијалната противпожарна единица и Дирекцијата за заштита и спасување од Охрид. Поканети беа претставници на агенциите кои управуваат со станбени згради и претставници на месните и урбаните...