Автор: инфодеск
Views: 212 Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на 48. сесија во Бусан, Јужна Кореја, ја разгледува можноста Охридскиот регион да биде впишан на Листата светско наследство во опасност. Според текот на работата, се очекува извештајот за состојбата на Охридскиот Регион и нацрт одлуката за негово впишување на Листата на светско наследство во опасност да бидат разгледани во текот на утрешниот ден. Во меѓувреме, Турција поднесе амандман со кој предлага Охридскиот Регион „во оваа фаза да не биде впишан“ на Листата на светско наследство во опасност, како и да се продолжат роковите за...
Охрид остави силен впечаток врз претседателката на Индија
Views: 326 Од античкиот Плаошник, преку црквата „Света Богородица Перивлепта”, до духовниот мир на манастирскиот комплекс „Свети Наум”, културното и духовното богатство на Охрид остави силен впечаток врз претседателката на Индија, Драупади Мурму, која престојуваше во прва официјална посета на Македонија. Историјата, вековното наследство и гостопримството на македонскито народ , според претседателката Гордана Силјановска-Давкова, биле дел од причините поради кои индиската претседателка со воодушевување зборувала за градот.Посетата на претседателката на Индија, Драупади...
Безбедна количина на кафе за здраво срце
Views: 267 Умереното консумирање кафе може да има позитивно влијание врз здравјето на срцето, покажува новото научно соопштение на Американското здружение за срце (American Heart Association – AHA), објавено во списанието Circulation.Според анализата, внес до 400 милиграми кофеин дневно, што одговара на три до пет шолји кафе (по околу 225 мл), е безбеден за повеќето возрасни лица и не го зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања.Истражувачите утврдиле дека кафето без додаден шеќер, сирупи, шлаг и засладувачи е поврзано со:помал ризик од коронарна срцева болест;помал...
Ексклузивен концерт на Силви Бенд утревечер во НУЦК „Григор Прличев“
Views: 397 Охридската публика утревечер ќе има можност да ужива во ексклузивен концерт на Силви Бенд, кој ќе се одржи во НУЦК „Григор Прличев“ со почеток во 20:00 часот.Во уникатниот амбиент на културниот центар, публиката ќе има можност да ги слушне најголемите хитови на бендот, меѓу кои „Ангели ме носат“, „Ме полудуваш“, „1762 лето“, како и многу други песни што оставија силен белег на македонската музичка сцена.Организаторите најавуваат вечер исполнета со емоции, носталгија и врвна музика, која ќе ги обедини...
Несовесни граѓани повторно демолираа детски реквизити во Вевчани
Views: 206 Општина Вевчани најостро го осуди новиот случај на вандализам во детскиот парк, откако по третпат беа уништени детските реквизити од страна на несовесни граѓани. Од локалната самоуправа информираат дека ваквите постапки нема да останат неказнети и најавуваат преземање на сите неопходни мерки за откривање и санкционирање на сторителите.-Ова е трет пат како овие реквизити се уништуваат од страна на несовесни граѓани и истите нема да останат несанкционирани, вели Градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски.Градоначалникот и управата апелираат до секој еден совесен...
Хрицова: „Охридско лето“ е жив тестамент за моќта на културата
Views: 174 Синоќешниот концерт на гудачкиот квартет при Државниот камерен оркестар „Жилина“ од Словачката Република, уште еднаш ја потврди оправданоста на годинешното мото на фестивалот „Охридско лето“ дека „Уметноста трансформира – Уметноста е љубов“.Токму таков беше и настапот на членовите на овој состав, Роберт Копелман, прва виолина, Катерина Миронова, втора виолина, виолистот Александр Дјагилев и виолончелистката Дарја Земскаја. Со своето вдахновено музицирање, тие ги разбудија сите сетила кај љубителите на класичната музика кои го проследија концертот во црквата „Света...
Пренос на чесната риза на Господ Исус Христос
Views: 186 Во времето на страдањето на Господ Исус за човечкиот род, во одредот на римската војска во Ерусалим се наоѓаше и еден Грузиец Елиоз од градот Мцхет. Мајка му имаше слушнато за Христа и во срцето веруваше во Него. Кога го испрати сина си во војска во Палестина, го посоветува да не прави ништо против Христос. Кога беше Господ закован со клинци на крстот, звукот на чеканот на Голгота дојде до ушите на Елиозовата мајка во Мцхет. Штом го чу овој звук, таа возвикна: „Тешко мене што не умрев пред ова време, смртта ќе ме избавеше од овој страшен звук!“ Го рече тоа и падна мртва. Елиоз...
Сончево денес, утре пристигнува влажен бран со дожд, грмежи и значителен пад на температурите
Views: 174 Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и во источните делови.Денес минималните температури во Охрид од 13, а максималните до 26 степени Целзиусови.Утре под влијание на влажен бран ќе има повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 15 l/m²). Наместа врнежите ќе бидат проследени со појава на грмежи и засилен ветер, а температурата значително ќе опадне. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Во понеделник повторно се...









