Skip to main content

Автор: инфодеск

Етно фестивал

Се одржа второто издание на Етно фестивалот Охрид 2023

Post Views: 37 Синоќа пред платото на НУ „Григор Прличев“ се одржа второто издание на Етно фестивалот Охрид 2023. На овогодинешниот фестивал концертна промоција одржа Александар Јовевски за албумот „Од колено на колено“.Заменик градоначалникот Перчо Божиноски, во име на градоначалникот го прогласи за отворен овогодинешниот фестивал.„Ми причинува задоволство што вечерва ја имам можноста да ги поздравам присутните на второто издание на „Етно фестивалот Охрид 2023“. Етно фестивалот, која на еден волжебен начин прави спој на минатото и сегашноста, веќе полека прераснува...

Продолжи со читање

одобренија за градба

Во април во Охрид издадени 12 одобренија за градење

Post Views: 57 Во април годинава се издадени 330 одобренија за градење, што е за 2,1 процент помалку во однос на април лани, објави Државниот завод за статистика.Во Општина Охрид во април издадени се 12 одобренија за градење. Според видот на инвеститор 8 одобренија се издадени на физичко лице, а 4 на деловен субјект.Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите на ниво на државата изнесува 6 841 858 000 денари, што е за 25 проценти повеќе во однос на април претходната година.Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 145 (43,9...

Продолжи со читање

ujp

Вработените од УЈП ќе штрајкуваат секој ден од 10 до 12 часот

Post Views: 56 Вработените од Управата за јавни приходи почнувајќи од денеска, секој ден ќе штрајкуваат од 10 до 12 часот, неизвршувајќи ги работните обврски. Најавуваат и генерален штрајк доколку надлежните не ги прифаќаат нивните барања за потпишување на колективниот договор за покачување на платите за 30 отсто.Вработените на УЈП во вторникот излегоа на предупредувачки протест пред министерството за финансии, и побараа средба со министерот за финансии Фатмир Бесими, но добија одговор во соопштение дека се подготвува општ колективен договор и дека во овој период нема...

Продолжи со читање

Миљан Радовиќ

Со црногорскиот стратег Радовиќ ФК Воска Спорт ќе дебитира во првата лига

Post Views: 39 Ф.К Воска Спорт по неколкудневни преговори успеа да склучи договор со црногорскиот тренер Миљан Радовиќ. Договорот со црногорскиот стратег е за период од една година.Тренерот Миљан Радовиќ во Ф.Ц.Воска спорт доаѓа со многу багаж како тренер.46-годишниот стратег неодамна раководеше со тимот Дечич во Црна Гора, каде што работеше и со тимовите на ОФК Грбаљ и ФК Сутјеска, додека во 2018 и 2019 година раководеше со екипите од Индонезија, ДСК Шиваџијанс, Пуне и Персиб Бандунг.Радовиќ испиша историја во 2017 година со екипата на Грбаљ, играјќи за прв пат во историјата на...

Продолжи со читање

Приштина убиство

Македонски државјанин убиен синоќа во Приштина

Post Views: 50 Македонски државјанин е убиен синоќа во Приштина, во престрелка што наликува на пресметка на криминални банди, јави дописникот на МИА од Приштина.Според денешното соопштение на косовската полиција, убиениот бил пронајден во возило со македонски регистерски таблички, а на околу еден километар од местото на инцидентот е пронајдено запалено возило со германски таблички, кое се пртетпоставува дека е користено за убиството.– Засега непознати сторители пукале со огнено оружје врз жртвата, маж, државјанин на Република Северна Македонија.Надлежни полициски...

Продолжи со читање

Жиголо

ЈП Градски Пазар Охрид објави Оглас за издавање на шанкот Жиголо

Post Views: 84 ЈП Градски Пазар Охрид објави Оглас за издавање простор – локација за урбана опрема – покриен шанк за комерцијално користење.Просторот локација за урбана опрема – покриен шанк ќе се издава за времетраење од 01.07.2023 до 31.10.2023 година.За користење на простор од 20 м2 , почетна цена по м2 е 1.500,00 денари или 30.000,00 денари месечно.Отворањето и разгледувањето на пријавите ќе се врши од страна на комисија формирана со решение од страна на директорот на ЈП Градски Пазар во просторија на закуподавачот без присуство на подносителите на пријавите....

Продолжи со читање

ohridski biseri

22 издание на Меѓународниот натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Post Views: 52 Денеска во Охрид, започнува 22-то издание на Меѓународниот натпревар на млади музичари „Охридски бисери“  2023. Од 15-ти до 18-ти јуни, млади уметници од десет држави ќе се натпреваруваат во дисциплините дувачки инструменти и камерна музика. Младите музичари од Бугарија, Хрватска, Германија, Грција, Полска, Романија, Србија, Словенија, Турција и од Северна Македонија, ќе настапуваат во салата на Општина Охрид. Натпреварот е отворен за публика.Стручната комисија е составена од десет членови, врвни уметници и педагози по флејта, кларинет, обоа, саксофон, труба...

Продолжи со читање

игралиште Горно Лакочереј

Се реконструира повеќенаменско игралиште во Горно Лакочереј

Post Views: 54 Активностите за реконструкција и изградба на детски и повеќенаменски игралишта продолжуваат. Во тек е реконструкција на повеќенаменското игралиште во село Горно Лакочереј.Екипи на ЈП „Градски гробишта“ периодов вршат партерно уредување со бехатон плочки и поставуваат рабници, додека екипи на ЈП „Градски пазар“ се задолжени за монтажата на детските реквизити.Средствата за реализација на овој проект во целост се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

Продолжи со читање