Skip to main content

Автор: инфодеск

Филмот на Disney на благајните ги руши божиќните рекорди

Post Views: 245 Седмото продолжение на култната SF сага, “војна на ѕвездите”, заработи за Божик 49,3 милиони долари во кината во Северна Америка и за двојно го надмина минатогодишниот божиќен рекордер Sherlock Holms кој заработи 24,6 милиони долари. Новиот “војна на ѕвездите” се прикажува втор викенд во повеќе од 4.000 северноамерикански кина, а се проценува дека само за продолжениот викенд за Божик ќе има приход од повеќе од 140 милиони доалри. Со тоа заработката од 10 дена прикажување треба да се зголеми на скоро 530 милиони долари. Филмот во кои актери се Daisy Ridley,...

Продолжи со читање

Лидерот на Исламска држава најави напади на Израел

Post Views: 272 Лидерот на Исламска држава, Abu Bakr al-Baghdadi, повика, во аудио порака објавена во саботата, на побуна во Судиска Арабија и вети напади на Израел, пишува британски Telegraph. Станува збор за негова порака во последните седум месеци, а објавена е на социјалните мрежи Twitter, објави американскиот портал за следење на џихадистичката мрежа Site. Пораката е објавена во моментите кога Исламска држава трпи порази во Сирија и Ирак. Во пораката, долга 24 минути, Baghdadi ја критикува големата коалиција од 34 држави која на 15 декември ја формира токму Саудиска...

Продолжи со читање

Њујорк го забележа најтоплиот Божик од почетокот на мерењето температури

Post Views: 290 Во петокот Њујорк го сруши температурниот рекорд за Божик додека изненадувачки снегулки го надвиснаа Лас Вегас. Менхетн го забележа најтоплиот Божик од почетокот на мерењата на температури со 18,8 степени целзиусови, соопштила националната метеоролошка служба. Тоа е температура која не била никогаш забележана од почетокот на мерењата во 1871 година, а ја надмина онаа од 17,7 степени од 25 декември 1982 година во Централ Парк. Њујорк поминува низ пролетни температури веќе цела седмица, а во четвртокот беа измерени 22 степени целзиусови. Овие температури се во...

Продолжи со читање

Австралија: Најпродаван подарок за Божик е персонализирана Nuttela

Post Views: 230 Стаклена тегла со името на примателот на етикетата е хит изненадување за овој Божик и најпродаван производ во продавниците во Мелбурн. Една од најголемите трговски продавници во Австралија, Myers, за време на божиќните купувања во државата Викторија, продала повеќе од 400.000 персонализирани тегли на овој омилен производ за мачкање од лешник и чоколада. На етикетата, наместо црвено-црното лого Nuttela, можело да се напише било кое име или фраза. “Тоа е идеален подарок за оној за кого е тешко да се одбере подарок, но и за оние кои веќе имаат сè. Ова со...

Продолжи со читање

Во 2016 година цената на нафтата на 20 долари по барел?

Post Views: 231 Иако само пред една година најголемите енергетски експерти и берзански играчи тврдеа дека времето за евтини енергенси е минато свршено време и дека е многу извесно дека наредните месеци и години цената на нафтата ќе се движи околу 200 долари по барел, сепак актуелната ситуација со цена од 36 долари подеднакво ја збунува јавноста и експертите. Никој не знае каде е дното, а некои аналитичари како Jan Stuart од Credit Suiss, сметаат дека во наредниот период цената ќе остане на сегашното ниво, а не е невозможно барел нафта да падне и на 20 долари, како што стои во...

Продолжи со читање

Google тестира систем на пријавување без лозинка

Post Views: 241 Компанијата потврди дека тестира нов логин систем без лозинки кои на корисниците ќе им овозможи пријавување на Google профилот по пат на телефоните. Ова го открил еден корисник на Reddit кој добил покана за тестирање на новите можности, а исто така, поставил и скрин-шот за да докаже дека Google навистина работи на новата опција. За да може да се користи оваа функција ќе мора да се поседува компатибилен телефон на кои ќе треба да се сетираат опциите. Откако тоа ќе се направи, опцијата ќе биде овозможена. Така во иднина кога ќе сакате да се пријавите на својот...

Продолжи со читање

Италијански град ги забрани пиците поради загадување на воздухот

Post Views: 278 Град во Италија привремено го забрани традиционалниот начин на печење на пици за да се намали загадувањето на воздухот, пренесува BBC. Со одлука на градоначалникот на Сан Виталиано, град во близина на Неапол, е забрането користење на фурни и печки на дрва во пицериите и пекарите додека сопствениците не постават посебни филтри за намалување на загадувањето. Мерката е донесена поради “големата загриженост” со влошувањето на квалитетот на воздухот. Забраната ќе ја контролира полицијата, а оние кои ќе ја прекршат би можеле да бидат казнети со илјада евра. Лошиот...

Продолжи со читање

LG претстави правосмукалка на иднината

Post Views: 325 Сѐ повеќе луѓе класичните правосмукалки ги менуваат со роботи кои можат да се програмираат така што, додека сопствениците на станот се на работа, тие темелно ја чистат куќата. Веројатно најпозната компанија на овој пазар е Roomba која во својата понуда има и роботи за чистење на плочки и базени, а свој удел на пазарот бараат и компаниите како Toshiba, LG и други. LG неодамна го претстави HOM-BOT Turbo+, робот правосмукалка кои доаѓа со некои интересни опции кои овозможуваат темелно чистење, а може да послужи и за надзор на станот или куќата. Благодарение на...

Продолжи со читање

Експлозија на аеродромот во Истанбул

Post Views: 241 Во експлозијата која се случила минатата ноќ на аеродромот Sabiha Gocken во Истанбул настрадале две лица задолжени за чистење на авионот на Pegasus, но причината за експлозија засега не е позната, соопштила авио-компанијата. Авиопревозникот соопшти дека експлозијата се случила околу два часот по полноќ, кога во близина немало никој и се случила во делот за оддржување на авионот повредувајќи притоа два члена на одделот задолжен за чистење на авионите. Полицијата опремена со заштитни прслуци и пушки воспостави безбедносни мерки на влезовите на аеродромот и...

Продолжи со читање

Бројот на бегалци во ЕУ премина еден милион

Post Views: 278 Бројот на бегалци и имигранти кои по копно или море пристигнале во ЕУ премина еден милион, а 3.600 на тој пат загинале или исчезнале, објави агенцијата за бегалци на Обединетите нации (UNHCR) и Меѓународната организација за миграции (IOM). Половина се Сиријци кои бегаат од војната, 20% се Авганистанци, а 7% Ирачани, соопштиле двете агенции во заедничкото соопштение. Од 1.005.504 доаѓања во Грција, Бугарија, Италија, Шпанија, Малта и Кипар до 21 декември, големото мнозинство од 816.752 пристигнале по морски пат во Грција, се вели во соопштението. “Знаеме дека...

Продолжи со читање

BMW казнет за возилата кои не поминале “crash” тест

Post Views: 231 Американските регулатори за безбедност во сообраќајот изрекоа казна од 40 милиони долари на германскиот производител на автомобили BMW поради пропусти во повлекувањето на возилата кои не го поминале таканаречениот “crash” тест, односно тестирање на возилата при судир. Националната агенција за безбедност на патиштата (NHTSA) наведува дека компанијата признала дека не ги почитувала американските стандарди за навремено повлекување на возилата кога се работи за отповикување на моделот Mini Cooper Hardtop со две врати, кој паднал на тестовите во 2014 и 2015...

Продолжи со читање

“WWW” го слави 25-от роденден

Post Views: 255 Целата приказна тргна во 1989 година, кога е усвоен правилникот за изработка на world wide web. Но, како официјален почеток, на мрежното поврзување кое апсолутно го смени светот каков што дотогаш го имавме, се смета 20 декември 1990 година. Токму тогаш Tim Berners-Lee, британски научник кој работел на CERN, на својот компјутер ја лансирал првата интернет страница. Сè потоа е историја бидејќи по експанзијата во деведесетите, денес, без претерување, е невозможно да се замисли било кој сегмент од животот без силната технологија која се крие зад кратенката “www”. ...

Продолжи со читање