Автор: инфодеск
Post Views: 40 Екипите на „Паркови и зеленило” започнаа со засадување на цветниот расад на јавните зелени површини во градот и околината.„Јавните зелени површини се оплеменуваат со засадување на цветниот материјал од 40.000 садници (џунџуле,салвија и агератум) од сопствено производство. Овој цветен саден материјал ќе ги разубавува парковите со своите интензивни бои во престојниот период се до наесен.“ – велат од ЈП „Охридски Комуналец“.Засадувањето ќе се одвива етaпно, прво ќе се опфати центарот на градот со градскиот парк, па пешачките патеки до Горица...
Чекор поблиску до слободен меѓународен транспорт во Охридско Езеро
Post Views: 49 Владата на Република Северна Македонија на вчерашната 160-та седница го утврди текстот на Предлогот на Закон за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за меѓународен воден транспорт во Охридското Езеро.„Очекуваните влијанија од ратификацијата на Спогодбата, според предлагачот, Министерството за надворешни работи, се позитивни, бидејќи ќе се развијат пријателските односи помеѓу двете земји врз основа на принципот на слободна пловидба во областа на внатрешниот воден сообраќај преку...
Амбасадорката на Црна Гора во посета на Охрид
Post Views: 37 Марија Петровиќ, Амбасадор на Република Црна Гора, при вчерашната посета на Охрид оствари средба со градоначалникот Кирил Пецаков. Во срдечна атмосфера разговараа на повеќе теми. На средбата беа потврдени добрите односи што Општина Охрид ги негува со збратимените и пријателски градови од Црна Гора, Будва и Котор.Соговорниците се осврнаа и на темите за развој на туризмот и промоција на Охрид како атрактивна туристичка дестинација. Беше разговарано и за зачувување на животната средина, заштита на Студенчишкото Блато и состојбата со Колекторскиот систем на...
Променливо облачно со повремен дожд
Post Views: 45 Променливо облачно време и денеска во Македонија, од пладневните часово на места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и изолирана појава на град.Во Охрид променливо облачно со повремен дожд. Утринската температура до 14 степени, а максималната деневна ќе се искачи до 24 степени.Во македонија и во наредните денови ќе продолжи периодот на променливо облачно време од пладневните часови и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен...
ЈП „Билјанини Извори“: Ноторни лаги и манипулации се тврдењата на СДСМ
Post Views: 96 За жал во континуитет од политичката партија СДСМ се покажува непознавање на работата и состојбата на јавното претпријатие, обврските кои ги имаме согласно одлуките на Советот на Општина Охрид и јавниот интерес кој ние согласно одлуки го спроведуваме, реагираат од ЈП „Билајнини Извори“ на соопштението на СДСМ.„Прво, ноторна лага е дека сме ги поскапеле услугите за користење на спортските терени за нашите охридски клубови и школи. Секоја корекција која се направи во однос на користењето на спортската инфраструктура е направена за спортските правни субјекти...
Продолжува изградбата на нова водоводна мрежа во село Лескоец
Post Views: 95 Започна втората фаза од изградбата на нова водоводна мрежа во село Лескоец. Изведувач на работните активности е ДООЕЛ „Маркоски“ , а вредноста на вкупниот проект е 1 300 000 денари средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.По завршувањето на сите активности значајно ќе се подобри квалитетот на водоснабдувањето на жителите кои имаа сериозни проблеми со тоа.
Предупредувачки протест на судската администрација
Post Views: 85 Судската администрација денес со предупредувачки протест пред Основниот кривичен суд Скопје, повторно ќе бара заголемување на платите. Се жалат, со последното зголемување на платите на судиите, уште повеќе се продлабочил јазот. Административците земаат три пати помали плати од судиите, најниската е на ниво на минималната плата, а просечната е под просекот во земјава.Велат, службениците се револтирани, не е точно дека добиле 15% зголемување на месечните примања, туку додатоците им се прелеаа во плати.„Револтот е многу голем исто така мислам дека...
Регулаторна донесе решение по барањето на ЈП Водовод Охрид за поскапување на водата
Post Views: 204 Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги одговори на барањето на ЈП Водовод Охрид за зголемување на цената за вода и донесе одлука за измена на Решението за утврдување на регулаторна тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈП „Водовод“ Охрид за регулиран период 2021-2023 година.Регулаторната тарифа за категоријата домаќинства изнесува 32,50 ден/m3 за 2023 година, додека пак за категоријата останати корисници, регулаторната тарифа изнесува 47,50 ден/m3 за 2023 година, додека пак месечниот фиксен надоместок за приклучок за...







