Автор: инфодеск
Post Views: 16 Согласно програмите за работа на Општина Охрид, а со цел обезбедување на функционалност на бул. „Македонски Просветители“, денеска 01.03.2023 година (среда) и утре 02.03.2023 година (четврток), ќе се изведуваат градежни активности за рехабилитација со асфалтирање на крстосниците на оваа улица со улиците „Димитар Влахов“ и „Партизанска“. Поради тоа, на двете крстосници ќе има изменет режим на сообраќај, информираат од Локалната Самоуправа.Се известуваат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат согласно изменетиот режим на сообраќај и по можност во текот...
Осмомартовски концерт на Трио Џентлмен во Света Софија
Post Views: 16 По повод 8 март, Денот на жената, во организација на НУ „Охридско лето” ќе се одржи концерт на популарното Трио „Џентлмен”, музички состав од тројца професионални оперски пејачи, Дејан Стоев-тенор, Кристијан Антовски-баритон и Јане Дунимаглоски-тенор кои имаат посебна специфика во нивната изведба како модерна уметничко-сценска атракција.Концертот, кој ќе се одржи на 7 март во црквата „Света Софија” во Охрид со почеток од 19 часот ќе биде посветен на припадничките на понежниот пол, велат организаторите.Она што претходно го најавивме, дека...
Предавање за рак на грлото на матката во Младински центар
Post Views: 18 Посветени на своите активности во Здравствено-превентивната дејност, а во рамки на одбележувањето на Неделата на борба против ракот од 1-8 март, под мотото „Знаењето спасува живот“, Црвен крст Охрид организира активности насочени кон подигање на јавната свест кај општата популација за превенција и навремено дијагностицирање на малигните заболувања. Во таа насока, а имајќи ги во предвид податоците за застапеноста и зачестеноста на појавата на рак на грлото на матката кај женската популација, Црвен крст Охрид во соработка со Младинскиот центар Охрид...
Познати добитниците на стипендии за основци, средношколци и студенти
Post Views: 14 По претходно распишани конкурси, Општина Охрид ги објави ранг листите на добитници на стипендии наменети за основци, средношколци и студенти.Се известуваат добитниците на стипендии дека од 06.03.2023 година (понеделник) до 10.03.2023 година (петок) во период од 12:00 до 15:00 часот треба да да дојдат во просториите на советничката канцеларија во Општина Охрид за да ги потпишат договорите. Добитниците на стипендија (малолетни лица) при потпишувањето на договорот, треба да дојдат во прдружба на родител или старател, информираат од Општина Охрид.Кандидатите...
ЈП Водовод Охрид : Бислимовски да престане да ја манипулира јавноста
Post Views: 20 Јавното претпријатие „Водовод“ Охрид до Регулаторна комисија за енергетика на РСМ, согласно закон и Бизнис планот, достави информација за вкупните расходи и приходи врз основа на кои се утврдува цената на водата од страна на РКЕ.Бислимовски може добро да провери дека расходите на ЈП „Водовод“ Охрид се единствено зголемени во однос на електричната енергија, додека бројот на вработени во ЈП „Водовод“ Охрид во изминатиот период постојано се намалува. Како и досега, ЈП „Водовод“ Охрид ќе ја почитува секоја одлука за тарифите на вода која ќе ја донесе РКЕ базирана...
Жената треба да биде вработена
Post Views: 26 Две третини од економски неактивното население во земајва се жени. Ниски 39% од работоспособните жени се вработени. Само 30% од бизнисите се во сопственост на жени. Ваквата статистика ја нагласува потребата од создавање можности и услови за поддршка на економското зајакнување на жените. ТВМ спроведе анкета за тоа како жените од охридско струшкиот регион гледаат на потребата од нивна економска независност.95% од анкетираните сметаат дека жената треба да биде вработена без оглед дали нејзиниот партнер заработува доволно за обезбедување на потребите на...
Стружанецот Сотир Настоски освои сребрен медал на Државно првенство во БЏЏ во САД
Post Views: 16 На Државното првенство во бразилско џиу џицу (БЏЏ) кое се одржа во градот Ралеиг, САД, стружанецот Сотир Настоски, кој е истакнат карате мајстор, но и инструктор по други боречки вештини, го освои второто место во дисциплината но-ги (без кимоно).Настоски, кој настапува за Бразилскиот топ тим Шарлот, во финалето се сретна со Џибрил Диоп од САД. На првенството учествуваа преку 600 натпреварувачи во различни дисциплини.Сотир откако го освои сребрениот медал, гордо го развиори македонското знаме.Многу сум среќен за постигнатиот успех и сакам да...
323 канти за собирање отпад доби ЈКП Дебрца
Post Views: 11 По поднесена апликација од општина Дебрца преку Центарот за развој на југозападниот плански регион, програмата за рамномерен регионален развој за 2022 година обезбедени се вкупно 323 канти за собирање на комунален отпад, со запремнина од 240 литри.Ги подобруваме капацитетите на Јавното комунално претпријатие за поефикасно вршење на комуналните услуги. Кантите ќе бидат отстапени на трајно користење на јавното претпријатие, кое ќе ги користи за подобра покриеност на населените места со потребните садови за комунален отпад. И во наредниот период општината ќе...