Skip to main content

Автор: инфодеск

Facebook константно воведува нови функции

Post Views: 249 За намерата Facebook да му конкурира на Twitter таму каде е во дефанзива се шпекулира веќе подолго време. Откако Twitter го лансира додатокот наречен Moments со кој главната намена е следење и пренесување на најрелевантни вести од најпознатите портали, беше прашање на време кога и Facebook ќе се одлучи на сличен потег. Првичните најави беа дека апликацијата за следење на вести ќе пристигне кон крајот на октомври, но тоа не се случи, а новите шпекулации се ширењето на Facebook, во јавност ќе се претстави следната недела. Неколку специјализирани портали пренесоа...

Продолжи со читање

Шест неверојатни работи кои ги изумиле жени

Post Views: 284 Кога се во прашање изумите кои ја одбележале историјата веднаш на ум ви доаѓаат имиња како Никола Тесла, Томас Едисон, Леонардо Да Винчи и Алфред Нобел. Но, сепак има и женски имиња во историјата кои донеле одлични изуми. Брисачи за автомобили – Mary Anderson далечната 1903 година се сетила дека брисачите на автомобилот би можеле да бидат многу корисни. Шипка со гумен додаток која се прилепува на стаклото ја патентирала една година подоцна. Иако нејзината идеја е вклопена во сериско производство неколку десетици години подоцна, денес не можеме да замислиме...

Продолжи со читање

Милионер близок на Путин пронајден мртов

Post Views: 238 Милионер близок на рускиот претседател Владимир Путин пронајден е мртов во хотел во Вашингтон, извести ABC News, повикувајќи се на американски и руски официјални лица. Поранешниот руски министер за комуникации Михаил Лесин, кој опозицијата го обвинуваше дека ги замолчува медиумите, пронајден е мртов во хотелот The Dupont Circle. Американските власти ја известиле за ова руската амбасада во Вашингтон и властите на двете земји се обидуваат да ги расчистат околностите во кои Лесин умрел. Полицијата во Вашингтон известила само за смртниот случај во хотелот не...

Продолжи со читање

Музејот кој има три милиони посетители годишно го чуваат мачки

Post Views: 274 “Нашите мачки имаат иста вредност како и нашата збирка”, тврди Ирина Поповец, задолжена за четата мачки во Ермитаж која брои 70 члена, а живее во подрумите на некогашната царска палата. Десетици мачки веќе неколку векови живеат во подрумите на музејот Ермитаж чувајќи го богатството на најголемиот уметнички музеј на Русија од посетата на глодари. Историјата на мачките во Ермитаж датира од 1745 година кога царицата Елизабета I, ќерка на Петар Велики, со указ наредила да се пронајдат најдобрите мачки, најголемите, спремни да ловат глувци и да се донесат на дворот...

Продолжи со читање

Незапирлив раст над сите очекувања на Facebook

Post Views: 242 Пред помалку од три години бројни пазарни аналитичари и новинари говореа за Facebook како издуван балон кој има многу корисници на кои не може доволно да се заработи и ја критикуваа мобилната стратегија на Zuckerberg, додека некои пак препорачуваа и продажба на акциите на оваа компанија. Ова се случуваше недолго по излегување на берзата и неколкуте месеци тргување со акциите на Facebook и се чинеше дека се заканува права катастрофа за компанијата. Ситуацијата овие три години радикално се смени, а колкав напредок е постигнат во времето од излегување на берза до...

Продолжи со читање

Германија рај за перење пари и затајување на данок

Post Views: 226 Иако важи за политички и економски мотор на Европа, Германија е мотор и во незаконски финансиски работи, стои во извештајот на Европската мрежа за долгови и развој (Eurodad) која брои 46 невладини организации од 20 европски држави. Нивната студија за 15 европски држави, кои ја пренесоа водечките светски медиуми, истакнува дека постојат сериозни закани на создавањето транспарентен даночен систем во Европа базиран на еднаквост, а една од најголемите пречки е Германија. Критиките до најголемото европско стопанство се нечесни даночни договори со развиените...

Продолжи со читање

Се гаси српската новинска агенција Танјуг

Post Views: 280 Српското министерство за култура не се изјаснило кој донесол одлука за гасење на државната медиумска куќа, а директорката на агенцијата, Бранка Ѓукиќ, вчера го известила уредништвото на весникот и претставниците на синдикатот дека Танјуг официјално не постои од 31 октомври. Работниците ќе работат до крајот на месецов, а потоа ќе добијат отпремнина, а вкупната бројка на вработени во оваа агенција е 180. “Не сме официјално известени, но неофицијално добивме информација дека агенцијата Танјуг престанува да постои и дека на вработените ќе им бидат исплатени плати...

Продолжи со читање

Twitter смени една од своите најпознати карактеристики

Post Views: 237 Twitter сервисот за социјално умрежување и микроблогирање, своето популарно “favorite” копче го замени со “like”, односно црвено срце кое ќе функционира токму како некогашната ѕвездичка. Компанијата со овој потег очигледно е дека сака да привлече нови корисници. “Twitter сакаме да го направиме поедноставен, а ѕвездичката e збунувачка за новите корисници”, рекол Akarshan Kumar, продукт менаџерот и додал “можете да сакате многу работи, но не можат сите да ви бидат омилени”. Откако ова лето ја тестираа новата карактеристика, Twitter ја овозможи за корисниците....

Продолжи со читање

Несреќата на рускиот патнички авион ја предизвикал некаков удар?

Post Views: 277 Рускиот авиопревозник вели дека е невозможно да се работи за техничка или пилотска грешка што предизвикало преполовување на авионот, јавува Sky News. Портпаролката на Kogalymavia, компанијата која раководи со летот на Metrojet рекла дека само “некаков удар” можел да предизвика авионот да започне да се распаѓа за време на прелетот над Египет. Екипажот на авионот не јавил за никакви проблеми за време на 23 минутниот лет пред да исчезне од радарите. Во несреќата загинаа 244 лица. Фамилиите на жртвите во Египет ќе започнат со идентификација на своите блиски во...

Продолжи со читање

Произведен првиот кинески патнички авион

Post Views: 252 Првиот патнички авион во Кина излезе денес од монтажната лента во Шангај по седум години развој и неколку одложувања. C919, авионот кој го произведе државниот индустриски авио конзорциоум COMAC, има 158 седишта и стандарден домет на летање од 4.075 километри. Авионот прв пат ќе полета идната година, а потоа уште три години ќе има пробни летови пред да биде спремен за комерцијална употреба, известила официјалната новинска агенција Xinhua. За ова летало С919 веќе има 517 нарачки од 21 клиент, соопштил COMAC, а пренесува Xinhua.

Продолжи со читање

Новиот James Bond почна со рушење рекорди

Post Views: 238 Новиот филм за тајниот агент James Bond веќе ги руши рекордите на благајните во британските кина, објави Sony Pictures. “Spectre” со Daniel Craig  кој по четврти пат го глуми филмскиот јунак, агентот 007, заработи 9,2 милиони долари во еден ден, првиот ден на прикажување во Британија. Тоа е најдобар резултат во историјата на британскиот “box office” кој некој филм го направил досега. “Spectre” во првиот ден на прикажувањето направи подобар резултат од неговиот претходник “Skyfall”, кој пак на крајот со 1,1 милијарди долари, на глобално ниво, е финансиски...

Продолжи со читање

Пет најглупави изуми со кои станале милионери

Post Views: 241 Во капитализмот се чини дека за се има пазар, а ова се петте најглупави изуми на кои некои луѓе добро се збогатиле. Топчето Koosh – Топчето koosh го изумил уште во 80-те Scott Stillinger. Идејата била едноставна и сакал да изработи топче кое се фаќа едноставно па така го создал гуменото топче со реси со кое за кратко време станал милионер. Перница која може да се стави во микробранова печка – Претприемачката Kim Lavine во 2002 година дизајнирала перница која може да се загрее во микробранова печка и тој изум ја сменил нејзината финансиска состојба. Пред изумот...

Продолжи со читање