Автор: инфодеск
Post Views: 105 На 07.10.2025 во 17:00 часот во охридското село Љубаништа, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид лишија од слобода 68 годишно лице од Скопје.-При претрес во објект во селото, кој го користи, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана и засадени стебла од растението канабис. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Општина Охрид организира повторена јавна анкета и јавна презентација за Нацрт ДУП за УЗ 2 УБ 2.4 опфат 1
Post Views: 159 Општина Охрид распиша повик за организирање повторена јавна анкета и презентација за нацрт-детален урбанистички план за УЗ 2 УБ 2.4 Опфат 1, плански период 2023-2028 година.Се известуваат граѓаните, сите заинтересирани правни и физички лица од подрачјето на опфатено со планот, претставници на стручната јавност, претставници на органите на државната управа, на единиците на локалната самоуправа, на институции надлежни за заштита на недвижното културно наследство и на комуналните претпријатија и претпријатијата чијашто дејност е од јавен интерес, како и...
Преподобна Ефросинија Александриска
Post Views: 130 Ќерка на Пафнутиј, богат и прочуен човек од Александрија. Од бездетни родители, кои со молитва ја беа испросиле од Бога. Како благочестиви луѓе, тие ја воспитаа во верата Христова. Не сакајќи да стапи во брак, младата Ефросинија, за да се скрие од татко ѝ, се преоблече во машка облека и се пријави пред игуменот на еден машки манастир како евнух на царот Теодосиј, под името Измарагд. Игуменот го прими и му го предаде под раководство на духовникот Агапит. Со својот подвиг на пост и молитва Измарагд брзо ги надмина сите монаси во тој манастир. Кога наврши триесет и...
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Post Views: 82 Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h).Од УХМР во нивното соопштение додаваат дека времето од четврток ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во пораст.Минималните температури во Охрид од 6, а максималните до 13 степени Целзиусови.
Почина легендарниот фолк-пејач Халид Бешлиќ
Post Views: 150 Легендарниот фолк пејач Халид Бешлиќ почина на 72-годишна возраст по кратка борба со тешка болест. Бешлиќ бил хоспитализиран во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево кон крајот на август.Роден е на 20 ноември 1953 година во Кнежина кај Соколац и остави неизбришлив белег на музичката сцена на поранешна Југославија и пошироко.Неговата кариера, која траеше повеќе од четири децении, вклучува безброј хитови кои станаа евергрини и неизбежен дел од секоја прослава, радио и кафанска музика. Меѓу неговите најголеми хитови се: „Миљачка“, „Ја без тебе не...
Учениците и вработените во охридската Гимназија утре ќе ја даруваат својата скапоцена течност
Post Views: 116 Утре Црвен крст Охрид во соработка со Службата за Трансфузија – Охрид организираат крводарителска акција наменета за учениците и вработените во ОСУ „Св. Климент Охридски” – Охрид.-Ги покануваме сите ученици и вработените кои имаат желба да ја даруваат својата скапоцена течност и воедно да спасат нечиј живот. Ве очекуваме! Дарувај крв, спаси живот!, велат од Црвен крст Охрид.Крводарителската акција ќе се реализира во периодот од 09:00 до 12:00 часот во просториите на Службата за трансфузиологија Охрид.
Во петок истекува рокот за пријавување болни и немоќни лица за гласање на локалните избори
Post Views: 163 Oстануваат уште три дена за пријавување на болните и немоќни лица за гласање на Локалните избори 2025 на 19 октомври. Според Роковникот на Државната изборна комисија (ДИК), избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место, немоќно или болно лице, а сака да гласа на изборите треба да ја извести Општинската изборна комисија (ОИК) најдоцна седум дена пред денот определен за гласање – 10 октомври на полноќ. За да се овозможи лицето да гласа во домашни услови, до Општинската изборна комисија треба да биде доставена соодветна медицинска документација.На...
Почна пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризичните групи
Post Views: 171 Од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип на ризичните групи. Пријавувањето се врши со пополнување на апликацијата на сајтот vakcinacija.mk или преку матичниот лекар. Годинава се набавени 80.000 дози четиривалентна вакцина од производител „Абот“ од Холандија, соопшти Министерството за здравство.Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории население: повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лицата сместени...
Тодороски: Проектот „Зелени рурални ризници“ ќе го подобри животот во охридските села
Post Views: 138 План за развој на агро туризам и еко туризам во руралните средини во охридско, претстави носителот на советничката листа на СДСМ и коалицијата, Јане Тодороски. Проектот „Зелени рурални ризници“ дирекно ќе го подобри животот во охридските села и ќе донесе можностите за сите, рече кандидатот за советник на денешната прес конференција.“Идејата е едноставна да го искористиме тоа што веќе го имаме, прекрасната природа, традицијата, домаќинската храна и вредните луѓе. Со овој проект ќе се работи на подобрување на патната инфраструктура во селата, уредување...
Македонија од денес е дел од СЕПА системот
Post Views: 145 Од денес конечно Македонија станува дел од Единствената област за плаќање во евра (СЕПА), што претставува голема поволност за граѓаните и компаниите. Овој чекор значи дека плаќањата во евра кон земјите од Европската Унија и другите членки на СЕПА ќе се одвиваат на ист начин како и во ЕУ, а најголемата придобивка е значително намалување на трошоците за трансфер.Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, денеска на платформата X објави дека плаќањата во евра ќе бидат околу шест пати поевтини и побрзи.–Земјава практично станува дел од Единствената...
Охридските гимназијалци рециклираат за нула отпад
Post Views: 129 Од охридската Гимназија информираат дека заедно со Нула Отпад во континуитет преку едукација се трудат да создадат генерации кои ќе знаат како да го чуваат, заштитат и унапредат еко системот во кој живееме.-За таа цел поставен е контејнер за ситен електронски отпад во дворот на училиштето, а учениците од прва година заедно со професорот по Информатика, Дарко Цветкоски рециклираа паметно за нула отпад, велат во нивното соопштение.
Светата првомаченичка Текла рамноапостолна
Post Views: 129 Родена е во Иконија, од родители прочуени, но незнабошци. Како осумнаесетгодишна девојка била верена за некое момче во она време кога апостолот Павле дојде со Варнава во Иконија за проповед на Евангелието. Слушајќи го Павле три дена и три ноќи, Текла се обрати целосно во Христовата вера и се завети да живее во девственост. Мајка ѝ, штом виде дека таа веќе не ни гледа на својот вереник ниту помислува на брак, почна најпрво да ја советува, а потоа да ја тепа и да ја измачува со глад. Најпосле ја предаде на судијата и бараше да биде со оган изгорена. Судијата ја...
