Skip to main content

Автор: инфодеск

Дезинсекција

Дезинсекција против комарци во вторник

Post Views: 141 Согласно Законот за заштита  на населението од заразни болести (Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009,  149/2014, 150/2015 и 37/2016), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина   како општа противепидемиска мерка Општина Охрид го издава следното  соопштение:Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид  дека  на   ден  16.06.2026 год.  (вторник)   ќе  се спроведе теристичка (од земја ) дезинсекција...

Продолжи со читање

Професорот Љупчо Кеверески изработи „Прирачник за родители на надарени и талентирани деца“

Post Views: 176 Професорот Љупчо Кеверески од Педагошкиот факултет во Битола изработи Прирачник за родители на надарени и талентирани деца, што е значајна литература што нуди практични насоки и совети за препознавање, поттикнување и развој на потенцијалите кај децата.-Содржините во прирачникот можат да бидат од голема корист за родителите во нивната секојдневна поддршка на напредните вештини, знаења и интереси на своите деца. Упатувам искрена благодарност до професорот Кеверески за овој придонес и ги охрабрувам родителите да го прочитаат и да ги применат препораките што ги...

Продолжи со читање

Со емотивна и впечатлива изведба на претставата „Маски“ започна Вдиши театар

Post Views: 202 Во преполното Предворје на црквата „Св. Софија“, синоќа свечено беше отворено 11-тото издание на Меѓународниот младински аматерски театарски фестивал „Вдиши театар“, во организација на Црвен крст Охрид.Фестивалот започна со претставата „Маски“, создадена и изведена од младите волонтери на Црвен крст Охрид, која преку емотивна и впечатлива сценска приказна испрати силна порака за предизвиците со кои се соочуваат младите, за потребата од искреност, разбирање, поддршка и прифаќање. Претставата ја отвори темата за „маските“ што луѓето често ги носат пред...

Продолжи со читање

Охриѓанката Миланка Новеска повторно добитник на кралска стипендија од Шведска

Post Views: 175 Македонската мецосопранистка Миланка Новеска по вторпат е добитничка на стипендијата од Фондацијата „Ингрид и Оскар Фалкман“, која се доделува од Друштвото на пријатели на Дротнингхолмскиот дворски театар во Шведска. Ова значајно признание Новеска го добива по вторпат во својата кариера, откако првпат беше стипендист во 2024 година.Во рамки на свеченоста што ќе се одржи вечерва во Дротнингхолмскиот дворски театар, Новеска ќе настапи пред Нивните Височества, кралот и кралицата на Шведска, членовите на Друштвото на пријатели на театарот, како и бројни...

Продолжи со читање

Во Котор потпишан Меморандум за соработка меѓу Културниот центар „Никола Ѓурковиќ“ и НУ Библиотека „Григор Прличев“

Post Views: 182 Директорките на ЈУ Културен центар  „Никола Ѓурковиќ“ и на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Радмила Радуловиќ и Христина Трпеска вчера потпишаа Меморандум за соработка по повеќе области од заеднички интерес.Преку Меморандумот двете страни ќе работаат на  унапредување на културната размена , промоција  на книжевноста, уметноста и образованието, културното наследство како и зацврстување на пријателските врски  помеѓу Црна Гора и Северна Македонија. Посебното значење за соработката произлегува од фактот дека градовите Котор и Охрид се под заштита на...

Продолжи со читање

Од понеделник комуналниот отпад ќе се подига од 6 часот наутро

Post Views: 175 Од ЈП Охридски Комуналец информираат дека почнувајќи од 15.06.2026 год. комуналниот отпад ќе се подига од 06:00 часот наутро.-Согласно Програмата за работа за оперативната 2026 год., Ј.П.,,Охридски Комуналец” во летниот период собирањето, транспорт и депонирањето на комуналниот отпад ќе го реализира од 06:00 часот. Овие активности се превземаат заради зголемениот обем на работа и потребите кои се наметнати во летниот период. Секое непочитување на динамиката ќе биде пријавено до Комуналната инспекција и ќе биде соодветно санкционирано, се додава во...

Продолжи со читање

Спектакл достоен за ремек-дело: Огномет и прослава за „Саграда Фамилија“

Post Views: 261 Папата Лав XIV вчера го благослови новиот торањ на базиликата Саграда Фамилија во Барселона и ja предводеше света миса во едно од најпознатите архитектонски дела во светот. Со завршувањето на новиот торањ, Саграда Фамилија официјално стана највисоката црква во светот. Посетата на поглаварот на Католичката црква се совпаѓа со 100-годишнината од смртта на славниот архитект Антони Гауди, кој починал на 10 јуни 1926 година откако бил прегазен од трамвај на пат кон молитва.Историскиот чин на благословување на Кулата на Исус Христос од страна на папата Лав XIV во...

Продолжи со читање

Андреа Савиќ е првенец на генерацијата 2026 во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид

Post Views: 265 ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид го објави името на првенецот на генерацијата за 2026 година. Оваа титула годинава ја понесе Андреа Савиќ, ученичка од електротехничката струка, образовен профил Електротехничар за компјутерска техника и автоматика.Андреа е ќерка на Маја и Предраг Савиќ од Охрид и е родена на 14 октомври 2007 година. Своето образование го започнала во ООУ „Григор Прличев“ – Охрид, каде што уште од најрана возраст покажала исклучителна посветеност и љубов кон учењето, стекнувајќи диплома за континуиран одличен успех. Нејзината љубов кон...

Продолжи со читање