Skip to main content

Автор: инфодеск

Започна реконструкцијата на ул. Ѓорче Петров

Post Views: 19 Започнува целосна реконструкција на улицата „Ѓорче Петров“. Во текот на вчерашниот ден започнаа активностите за гребење на стариот асфалт.Во рамки на проектот опфатено е поставување на нова водоводна и атмосферска линија, нови торотоарски површини, ново осветлување и поставување на асфалт во должина од 330 метри. Вкупната вредност на проектот изнесува 11 000 000 денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид – информира градоначалникот Кирил Пецаков.

Продолжи со читање

Културно забавен настан на градскиот плоштад за поддршка на ретките

Post Views: 16 Февруари е месец на ретките болести. Здружението „Ретко е да си Редок” секоја година го обојува Охрид во боите за поддршка на лицата со ретки болести, нивно соодветно лекување и вклопување во општеството.Во соработка со КУД „Гердан од Бисери” и МКОЦ „Соната” ве покануваме на културно-забавен настан со кој ќе го кренеме гласот за лицата со ретки болести. Во недела (26.02.2023) на плоштадот „Св. Климент Охридски” со почеток во 12 часот. Излезете за поддршка на ретките! – велат од Културолошка иницијатива 5 до 12 – Охрид.

Продолжи со читање

И денеска закани во училишта за поставена бомба

Post Views: 19 И денеска во претпладневната училишна смена на електронските адреси на некои скопски училишта пристигна мејл со известување дека во објектот е поставен експлозив. Директорите на училиштата во 09.30 часот ја известија полицијата и веднаш пристапиле кон евакуација на учениците и вработените.  Како што завчера ексклузивно објави МКД.мк, Министерството за образование и наука (МОН) до сите директори и градоначалници на општините испрати итен допис во кој препорачува во денови кога учениците се евакуираат поради закани за бомби, да се организира онлајн...

Продолжи со читање

Продолжува опаѓањето на водостојот на Охридското езеро

Post Views: 22 Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата од 693,17 метри надморска височина, што e за 24 сантиметри пониско од просекот за февруари или седум сантиметри над дозволениот минимум зацртан на котата 693,10 метри надморска височина.Долготрајниот сушен период без врнежи дополнително ја усложнува ситуацијата со намалувањето на издашноста на изворите и на дотокот вода од притоките од езерскиот слив.Температурата на водата е 6 степени Целзиусови, што е во рамки на просекот кој изнесува 6,5 степени, информираат од УХМР.

Продолжи со читање

НП Галичица работи на развој на одржлив туризам

Post Views: 23 Националниот парк „Галичица’ работи на развој на одржлив туризам. Изработена е стратегија за развој на туризам која е во согласност со Планот за управување со Охридскиот регион. Планинскиот масив изобилува со голем потенцијал за алтернативни типови туризам. Планинарење, велосипедизам, параглајдеризам.Во рамките на Националниот парк има 240 км обележани патеки од кои 40 км за велосипедизам.Природните карактеристики на регионот, големиот биодиверзитет, чистата природа, релативно чистата би рекол, но исто така многубројните културни споменици кои се...

Продолжи со читање

Бочварски: Автопатот ќе биде завршен во предвиден рок

Post Views: 17 Автопатот Охрид-Кичево ќе биде завршен до крајот на годинава, изјави Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при посетата на Охрид. Се очекува да бидат испочитувани зададениот рок и цената на чинење за изградба на автопатот, доколку во наредниот период градежните работи продолжат со засилено темпо, посочи Бочварски.„Ова е нешто што го правиме перманентно последните месеци. Очекувам со засилено темпо да продолжат градежните работи оваа година, секако со подобрувањето на временските услови да се оствари поголем напредок и автопатот по секции како што...

Продолжи со читање

Обука факти

Обука за проверка на факти и можност за еднонеделна посета во САД

Post Views: 26 Остануваат уште осум дена до крајниот рок (03.03.2023 година) за апликација за учество во обука „Дезинформации и проверка на факти“, преку која двајцата најдобри учесници ќе имаат можност да заминат на еднонеделна посета во САД.Предавач на обуката, која ќе се одржи во Струга од 22 до 24 март 2023 година, меѓу останатите, ќе биде еминентниот новинар Џон Гринберг, дописник на PolitiFact.За обуката можат да аплицираат сите млади луѓе на возраст до 29 години кои потекнуваат од Југозападниот и Пелагонискиот регион, преку пополнување на формуларот на...

Продолжи со читање

Овации за Биљана Драгиќевиќ Пројковска во Народниот театар во Софија

Post Views: 17 Една од нашите најдобри актерки Биљана Драгиќевиќ Пројковска, вчеравечер играше како гостин на сцената на Народниот Театар „Иван Вазов“ во Софија. Пројковска во улогата на ликот Серафима Илинична беше дел од претставата „Животот е прекрасен” во режија на Александар Морфов, кој е еден од водечките европски режисери на денешницата. Пројковска имаше повеќе пати аплаузи на отворена сцена во текот на претставата, а на крајот од изведбата беше поздравена со бурни аплаузи и овации.Инаку, и македонската публика имаше можност да ја гледа Биљана Драгиќевиќ...

Продолжи со читање