Автор: инфодеск
Post Views: 244 Откако пред извесно време беше откриен опасен безбедносен пропуст кој претставуваше голема закана за корисниците на уреди со Android, сега се откриени уште два нови кои влијаат на сите верзии на оперитивниот систем во сопственост на Google. Спрема информациите на компанијата Zimperium zLabs и овие пропусти спаѓаат во групата Stagefright на ранливост откриени порано оваа година, а во таа насока хакерите можат да загрозат повеќе од една милијарда уреди кои ги покренува Android. Од zLabs велат дека се загрозени корисниците кои прегледуваат аудио или видео записи...
Пет работи кои не ги прават успешните луѓе
Post Views: 239 Успешните луѓе веруваат дека успехот доаѓа со намера и акција, а спрема пишувањето на Business Insider овие се петте работи кои тие никогаш не ги прават: –Не дозволуваат минатото да им ја диктира иднината – Сите имаме ограничувања, предизвици, но и грешки. Најважно е тие работи да не бидат пречка за напредокот, туку од грешките нешто да се научи. –Не оговараат – Тешко е да се држи дистанца од секојдневните трачеви, но треба да се знае дека личноста која оговара други лица, исто така ве оговара и вас. Наместо трач, подобро е отворено да говорите за...
Човекот со златен допир ја превзема модната куќа Ralph Lauren
Post Views: 237 Дизанерот Ralph Lauren најави отстапување од местото извршен директор на модната куќа во која вложи 50 години работа, додека на негово место во ноември ќе дојде Stefan Larsson ветеран на H&M и комерцијалната марка на Gap, Old Navy. Промената на врвот не подразбира и пензионирање на Lauren бидејќи планира да остане на позицијата креативен директор и извршен претседател. “На компанијата и се потрбни промени, а нашата одговорност ќе овозможи квалитетно лидерство. Мојата работа е да се грижам за иднината на компанијата”, рекол Lauren за Financial Times. Во...
Facebook воведува анимирање на профилната фотографија
Post Views: 233 Facebook воведе нова можност на профилите, па така корисниците од сега можат да ја анимираат својата профилна фотографија на мобилните уреди. Иако засега оваа опција е достапна само на одреден број корисници, во продолжение можете да дознаете дали се наоѓате меѓу таа одредена група на корисници. За да го “оживеат” профилот, Facebook воведе можност за анимирање на профилната фотографија, па така ќе може да се додаде видео во траење од максимално седум секунди. “Кога повеќе од 26 милиони луѓе го користеле нашиот Celebrate Pride filter, стана појасно дека луѓето...
Volkswagen наскоро ќе повика 11 милиони автомобили на сервис
Post Views: 338 Додека новиот шеф на Volkswagen најавува дека компанијата “има сеопфатен план” за решавање на скандалот, во САД, каде и започна аферата, започнаа да пристигнуваат првите тужби на измамени купувачи. Како што пишува Wall Street Journal, повеќе од 20 тужби веќе биле предадени во американските судови. Адвокатите очигледно не губеле време бидејќи Агенцијата за заштита на човековата околина објави порано во септември дека Volkswagen фалсификува податоци за издувните гасови. Во поднесените тужби се тврди дека купувачите се измамени и се бара оштета за губење на...
Twitter го укинува ограничувањето од 140 карактери
Post Views: 237 Во последните десет години светот на социјалните мрежи се промени драстично – Facebook неодамна надмина една милијарда корисници па Zuckerberg воведе бројни новитети на мрежата, Instagram започна како апликација за уредување и споделување на фотографии кои се наменети само за корисниците на iPhone, а денес 400 милиони корисници ги споделуваат фотографиите и видеозаписите, а сѐ попопуларни стануваат Snapchat, Vine и други. Една од работите кои за време на овие десет години не се смени е ограничувањето на бројот на карактери на Twitter и ден денес изнесува...
Рускиот парламент одобри распоредување на воени сили во Сирија
Post Views: 220 Горниот дом на рускиот парламент, Советот на Федерација, едногласно го одобри барањето на претседателот Владимир Путин во Сирија да распореди воени сили, изјави шефот на кабинетот на претседателот Путин, Сергеј Иванов. Во соопштението се наведува дека одлуката за користење на руски воени сили во странство се однесува на военото воздухопловство, а не на копнени сили, пренесува RIA. Иако Кремљ во своето барање не навел на која земја се однесува таа одлука, Иванов по гласањето рекол: “Се работи за Сирија”. Иванов, исто така, рекол дека Сирија побарала руска воена...
Состанок на кризниот штаб предводен од Градоначалникот Стојаноски
Post Views: 225 Силниот ветар, кој дуваше со брзина од над 90 километри на час предизвика штета на повеќе места на крајбрежјето на Охрид, a падна и Мостот на желбите.Нивото на Охридското Езеро е 3 сантиметри над дозволеното,а силниот ветар донесе и бранови во висина од 120 сантиметри. „Кризниот штаб е во постојана комуникација со АД ЕЛЕМ, од каде велат дека кај Дрим се испуштаат по 20 метри кубни во секунда. Екипите на јавните претпријатија цел ден беа на терен и расчисуваа, а противпожарната единица имаше осум интервенции на паднати оџаци. Најголеми оштетувања има на...
Отстранување на колега од листата на пријатели на Facebook го сметаат за злоупотреба
Post Views: 252 Иако опцијата “unfriend”, по која многумина посегнуваат во налет на бес, е често само знак на незрелост, во Австралија е прогласена за злоупотреба. Во оваа земја луѓето ќе мора два пати да размислат ако сакаат да ги отстранат соработниците од листата на пријатели на Facebook. Имено, комисијата која се занимава со основните права на работниците (Fair Work Australia) утврдила дека ако администраторот отстрани колега од работа од листата на пријатели на Facebook се смета за вид на злоупотреба. Како резултат на ова, жртвата сега ќе може на суд да ја запре таа...
Apple повторно руши рекорди
Post Views: 222 Минатата година Apple за време на првите три продажни дена продаде 10 милиони iPhone, а дел од аналитичарите се прашуваа дали може компанијата и Cook повторно да ги надмине овие бројки со новите модели на iPhone. Иако оваа година редиците пред некои продавници на Apple не беа толку долги, сепак од петок до недела Apple продаде 13 милиони iPhone 6S и 6S Plus, а се очекува дека големата побарувачка за овие телефони ќе продолжи и до крајот на годината така што Tim Cook и екипата можат да очекуваат голема заработка во последниот квартал од оваа година. Во однос на...
И возилата на Audi со софтвер за измама на еко-тест
Post Views: 243 Германскиот производител на автомобили Audi објави дека 2,1 милиони возила ширум светот се опремени со истиот софтвер кој овозможува измама на тестовите за емисија на штетни гасови. Околу 1,42 милиони возила со таканаречениот EU5 мотори имаат вграден софтвер во западна Европа, од што 577.000 во Германија. Во САД има околу 13.000, рекол портпаролот на компанијата. Станува збор за возилата A1, A3, A4, A5, A6 TT, Q3 и Q5, додал тој. VW минатата недела призна дека 11 милиони дизел автомобили ширум светот се опремени со уреди кои овозможуваат измама на...
Група на банки во Швајцарија под истрага за местење на цените на берзите
Post Views: 238 Швајцарските регулатори за заштита на пазарното натпреварување објавија дека покренале истрага против група на банки со сомнение дека договарале цени на племенитите метали. Комисијата за пазарно натпреварување (COMCO) покрена истрага против две швајцарски банки UBS, и Julius Baer, но и против странските финансиски институции Deutsche Bank, HSBC, Barclays, Morgan&Stanley и Mitsui, се наведува во соопштението. Регулаторите напоменуваат дека располагаат со докази дека банките можеби склучувале незаконски договори за поткопување на пазарното натпреварување во...