Skip to main content

Автор: инфодеск

Општина Дебрца објави конкурс за стипендии на студенти на додипломски студии

Post Views: 15 Општина Дебрца објавува Конкурс за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2022/2023 година.Право на стипендија имаат кандидатите кои студираат на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија, а ги исполнуваат следните услови:1. Да се редовни студенти од I година, кои во текот на средното образование постигнале континуиран...

Продолжи со читање

Изгласани 8 унапредувања и 14 вработувања во Општина Охрид

Post Views: 16 Мнозинството во Советот на Општина Охрид на денешната 24 седница даде согласност за Измените на Планот за вработување во општината за 2023 година. Измените предвидуваат 8 унапредувања и 14 нови вработувања.Вработувањата во општината како секогаш и на денешната седница беа причина за жестока дискусија и политички препукувања од советничката говорница. Во основниот план кој беше донесен во август минатата година беа предвидени само 5 нови вработувања; нема сразмерност меѓу планираните 4 пензионирања и новите вработувања; економската криза беше главен фактор за...

Продолжи со читање

Да се постават рампи за возила на патот Отешево-Охрид

Post Views: 10 Националниот парк „Галичица“ и Планинската спасителна служба од Охрид бара од ЈП „Државни патишта“ согласност за поставување физички препреки/бариери за возила на патот Отешево-Охрид.Моментално на патниот правец преку Галичица сообраќајот се одвива до месноста Корита, каде што се поставени знаци за забрана од понатамошно движење на возила. Потребата од физичка препрека на патот за чие поставување трошоците ќе ги сносат Националниот парк и Планинската спасителна служба, доаѓа по низата интервенции на извлекување заглавени возила. Ренџерската служба при...

Продолжи со читање

Меѓународен ден на мајчиниот јазик

Post Views: 15 Во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, прогласен од УНЕСКО на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година, а наредната 2000 година 21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам.Во Декларацијата на УНЕСКО за културна разновидност, меѓу другото е наведено правото на секоја личност да се изразува и да создава на јазик што ќе го избере, а особено на мајчин јазик.На половината од околу шест илјади јазици што се зборуваат во светот им се заканува исчезнување, а во околу...

Продолжи со читање

Акција за чистење на отпад кај Велестово и Рамне

Post Views: 13 Акција за чистење на расфрлан комунален отпад на патните правци до с. Велестово и с. Рамне.Екипите на Јавна хигиена спроведоа активности за подигнување на расфрланиот ситен комунален отпад (пластични шишиња, лименки, картонска амбалажа и др.) оставени од несовесни граѓани на патните правци до с. Велестово и с. Рамне. Овие активности ги спроведуваме во соработка со Национален парк Галичица и еколошките друштва согласно потпишаниот меморандум за соработка за подигнување на еколошката свест и едукација на населението – информираат од ЈП „Охридски...

Продолжи со читање

Боеми од Пучини на 24-ти февруари во НОБ

Post Views: 9 На 24 февруари во 20 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе ремек-делото „Боеми“ од Џакомо Пучини.Приказната за животот на љубовниците Родолфо и Мими ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев.Операта е во четири чина, дејството се одвива во Париз кон крајот на 19 век, а либретото се базира на „Сцени од животот на боемите” на Хенри Мургер. Сценографијата е на Зоран Николовски, а костимограф е Марија Пупучевска, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, хор-мајстор: Јасмина Ѓорѓеска....

Продолжи со читање

Oхридските стрелци повторно со одлични резултати

Post Views: 9 Повторно успешен настап на охридските стрелци, на првиот Куп во гаѓање со воздушно оружје меѓународна програма, кој се одржа на стрелиштето Марко Цепенков во Прилеп.Камбек на нашата најдобра стрелачка, Јована Милевска, која оваа натпреварувачка сезона на Куповите ја започнува во сениорска категорија. Таа во севкупен пласман – жени, се пласира на втората позиција, со резултат од 597,1 круг, односно првопласирана во сениорска категорија. Марија Ванѓеловска, во истата категорија се пласира на третата позиција со резултат од 569,1 круг, односно 13-та во...

Продолжи со читање

Гордана Лолеска во посета на Ротари клуб Охрид

Post Views: 22 На вчерашниот состанок на Ротари Клубот Охрид, по повод претстојниот Ден на лицата со ретки болести – 28 февруари, раководството и членовите на клубот имаа чест и задоволство да бидат домаќини на Гордана Лолеска, која е одговорна за кампањата ,,Ги запознаваме ретките болести“.На средбата се разговараше за ретките болести во светот и Македонија. Бројката на запишани пациенти во регистарот за ретки болести во Македонија изнесува 760 пациенти, со околу 70 различни болести, но бројката што од кампањата ја имаат е над 2000 лица, со околу 300 различни ретки...

Продолжи со читање