Skip to main content

Автор: инфодеск

Спортски ден во Велгошти

Post Views: 14 ООУ „Живко Чинго“ од Велгошти во соработка со Сојузот за училишен спорт Охрид организира „Спортски ден“ за учениците во основните училишта во Општина Охрид по повод 142 години од раѓањето на македонскиот револуционер и великан Тодор Александров.Натпреварите ќе се одиграат на 03.03.2023 година (петок) со почеток од 09:00 часот во училишната спортска сала во Велгошти која го носи името на македонскиот револуционер.Натпревари ќе се одиграат во следниве дисциплини:-Фудбал за ученици од шесто и седмо одделение (максимум 12 играчи);-Баскет за ученици од...

Продолжи со читање

Ученици од Св. Климент Охридски и Кочо Рацин во посета на Општина Охрид

Post Views: 21 Третоодделенците од основните училишта „Св. Климент Охридски“ и „Кочо Рацин“ беа во посета на Општина Охрид. Градоначалникот Кирил Пецаков ги пречека, по што во големата општинска сала ги запозна со начинот на функционирање на локалната власт, статутот и симболите на општината, а одговараше и на бројните прашања од младите гости.Посетите на ученици во Општина Охрид е согласно наставната програма што тие ја изучуваат по предметот општество.

Продолжи со читање

Објавен документарниот филм за значењето на трската во Охридското езеро

Post Views: 18 Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина „Регионален зелен центар“ Охрид го објави документарниот филм за значењето на трската во Охридското Езеро.Оваа активност е дел од проектот „Мапирање и управување со трската во Охридското Езеро“. Документарниот филм претставува збир на постигнатото од секоја фаза на проектот, односно неговата содржина се конципира со помош на статистичките податоци добиени од спроведените теренски истражувања. Се работи за краток филм кој ги прикажува убавините и значењето на трската за биодиверзитетот, потребата од...

Продолжи со читање

Со засилени акциски контроли Струга се обидува да го реши проблемот со питачењето

Post Views: 8 Струга се обидува да го реши проблемот со питачите. Загрижува тоа што се поголем број деца просат низ струшките улици. Центарот за социјални работи изготви посебен протокол и работна група со претставници од сите институции со цел да престане злоупотребата на малолетници.Се прават засилени теренски акции, се работи на јакнење на одговорно родителство за децата да се вратат дома и во образовниот процес.Социјалниот проблем питачење во општина Струга од година во година се повеќе се продлабочува. Карактеристично е тоа што сите деца кои питачат се од други...

Продолжи со читање

Од утре почнува исплатата на боледувањата и породилното отсуство

Post Views: 14 Исплатата на боледувањата, породилното отсуство и разните рефундации ќе почне од утре откако Фондот за здравствено осигурување ги стави во функција сите модули, информираат од ФЗОРСМ. Но, оттаму во ниту едно од соопштенијата за постепено враќање на системот во функција, не наведуваат на кој начин тоа е направено.Од Фондот велат дека осигурениците етапно ќе ги добиваат средствата на своите сметки во текот на утрешниот ден и во среда.Ова значи дека веднаш ќе започне исплатата на боледувањата кои биле внесени до 05.02.2023 година. Податоците за боледувањата...

Продолжи со читање

Од вечерва на полноќ поскапуваат горивата

Post Views: 12 Малопродажните цени на бензинот еуросупер БС-95 и на еуродизел (Д-Е V) од полноќ се зголемуваат за 0,50 денари за литар, а на бензинот еуросупер БС-98 а еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.Новата цена на литар еуросупер БС-95 ќе биде 82,00 денари, еуросупер БС-98 ќе чини 84,50, а еуродизел БС (Д-Е V) 77,00 денари.За 1,50 денари поскапува и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и литар ќе се продава за 76,50 денари.Се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС за 0,065 денари и килограм ќе чини...

Продолжи со читање

Хуманитарна акција на ИПА Охрид

Post Views: 11 Викендов, Интернационалната полициска асоцијација, регион Охрид, реализираше хуманитарна акција наменета за социјално загрозени семејства од Охрид.Хуманитарната акција како дел од програмските цели и определби на Интернационалната полициска асоцијација, беше иницијатива од Секцијата на жени при ИПА Охрид, а реализирана во соработка со Весна Миленкоска од хуманата иницијатива „Зготви и подари” од Охрид.Тие заедно, за повеќе социјално загрозени семејства кои се соочуваат со недостаток на храна, со многу љубов приготвија топли оброци, а потоа со...

Продолжи со читање

Лажни се дојавите за бомби на скопскиот аеродром и училиштата

Post Views: 13 Лажни се дојавите за поставени бомби што денеска стигнаа на електронските адреси на вкупно десет скопски и четири прилепски училишта, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР) по направените антитерористички проверки во училиштата.Од МВР додаваат дека е лажна и заканувачката порака за поставена експлозивна направа која претпладнево стигнала и на мејлот на скопскиот аеродром.Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од тимови за антитерористички проверки и...

Продолжи со читање