Skip to main content

Автор: инфодеск

Кривична за скопјанец кој ширел говор на омраза на фејсбук

Post Views: 34 СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Р.(47) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”.Тој, на социјална мрежа Фејсбук, по претходно објавен пост, објавил коментар со недолична содржина со што промовирал и поттикнувал омраза и насилство – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Прилепчанец нападнат во казино во Охрид

Post Views: 11 На 19.02.2023 во 22:30 часот во СВР Охрид, пријавено e дека во казино на булевар „Македонски просветители” во Охрид, бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од едно лице врз Ј.А.(45) од Прилеп.Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Крлев : Во услови на глобална криза локалната власт унапредува 8, а вработува 14 работници

Post Views: 8 Локалната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ на 24-та седница на Советот на општина Охрид од советниците бара согласност за измени на годишниот План за вработување на општина Охрид за 2023 година. Во услови на глобална економска и енергетска криза локалната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ си дозволува луксуз да побара согласност за унапредување на 8 работници и согласност за вработување на 14 нови работници наспроти испразнатите 4 места по основ на пензионирања, истакна Јован Крлев, портпарол на ОО СДСМ Охрид на денешната прес конференција.Локалната власт на ВМРО...

Продолжи со читање

Бројни активности за чистење на ЈП Охридски Комуналец

Post Views: 15 Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ со голем број активности на терен. Тие реализираа акција за чистење на шумскиот дел потег од х.Инекс до Горица 3, темелно метење на ул. „15 ти Корпус“ од наноси од песок и друг ситен отпад.Согласно пропишаната динамика во Програмата за работа за 2023 тековно одржување на јавната чистота во населба Охридати, максимален ангажман на 24-часовната служба за празнење на корпите за ситен отпад во централното градско подрачје, расчистени диви депонии по налог на локална самоуправа кај Градска плажа во населба Даљан и во близина на...

Продолжи со читање

Соработка меѓу охридската библиотека и Правен факултет Кичево

Post Views: 22 Деновиве во посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ беше деканот на Правниот факултет од Кичево, проф. д-р Светлана Вељаноска. Таа на директорот на Библиотекаta м-р Милчо Јованоски му подари дел од своите стручни книги од областа на правото. Книгите се обработени и поставени во одделот за стручна литература, достапни се за читателите и за зајмување.Станува збор за следните дела: Судски систем, Меѓународно судство и Културната политика на Република Македонија во рамките на процесот на евроинтеграцијата.Ова е почеток на нашата заедничка соработка...

Продолжи со читање

Објавени наградените творби од конкурсот Векувањето на македонскиот јазик

Post Views: 13 По повод 21-ви февруари „Меѓународен ден на мајчиниот јазик” Младински Центар Охрид распиша литературен конкурс на тема „Векувањето на македонскиот јазик”, за средношколци на ниво на Охрид, во проза или поезија.Поради помалиот број на пристигнати творби стручната комисија составена од: поетот и проф. Славе Ѓорѓо Димоски (претседател на комисијата); поетесата и професорка Марина Икономева-Шокева и претставник на МЦО – Јован Цветкоски; одлучија да се доделат по 2 награди во двете категории. Наградените творби се под следните шифри:Поезија:1....

Продолжи со читање

ФЗО : Во функција системот Мое осигурување

Post Views: 41 Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија (ФЗОРСМ) известува дека системот „Мое Осигурување” функционира за осигурениците во цела држава, со тоа што поради технички прилагодувања, во целосна функција ќе биде ставен до крај на денот.До овој момент „Мој термин” ги има преземено податоците заклучно со денешен датум, 20 февруари 2023. Сите платени придонеси од сите обврзници се евидентирани во Мој Термин. Ова значи дека сите здравствени работници и аптеки имаат можност да го проверат статусот на осигурување во Мој Термин – соопштија...

Продолжи со читање

Дојави за бомби во 10 училишта

Post Views: 11 Од МВР информираат дека денеска повторно има пријави за бомби во училишта во Македонија.Пристигнати се вкупнo 10 дојави на електронски адреси на училиштата, од кои осум се за во училишта во Скопје, а две се однесуваат на училишта во Прилеп.Екипи на Министерството за внатрешни работи (МВР) ги евакуирале објектите и вршат антитерористички проверки.

Продолжи со читање