Автор: инфодеск
Post Views: 12 На 17.02.2023 година од 14 до 17 часот, извршени се сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид.Притоа, полициските службеници затекнале 24 возачи на моторни возила кои на забранети и непрегледни места извршиле претекнување на други моторни возила (Охрид-09, Струга-03, Кичево-01, Дебар-11). Против нив, поднесени се соодветни платни налози – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Успешна крводарителска акција во охридската гимназија
Post Views: 12 Во текот на вчерашниот ден успешно беше реализирана уште една крводарителска акција во ОСУ „Св. Климент Охридски”.Својата крв ја донираа 21 гимназијалец. Биди херој, биди крводарител – порачаа од Црвен крст Охрид.Крводарителската акција во охридската гимназија беше под мотото „Секоја капка е важна“, а дел од програмата за крводарителски акции за 2023 година.
Продолжува период на стабилно и топло време
Post Views: 11 Продолжува периодот на стабилно и топло време со дневни температури кои на повеќе места ќе бидат над просекот за овој период од годината, сооптши УХМР.Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен, а долж Повардарието од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне 20 степени.Во понеделник ќе има преодно зголемување на облачноста, со умерен до засилен ветер од северозападен правец и благ пад на дневните температури.
Попис на биодиверзитетот и еко системот на изворите во Свети Наум
Post Views: 63 За прв пат се врши инвенторизација на биодиверзитетот и еко системот на изворите во Свети Наум. Целта на овој попис е да се добијат нови релевантни податоци за состојбата на природното наследство на овој исклучително важен локалитет, но и план за негова поголема заштита.Проектот е финансиран од страна на Унеско, а го спроведува Националниот парк „Галичица“, при што за прв пат е изработен посебен план за управување со комплексот на изворите во Свети Наум.Јавната установа пристапи кон изработка на посебен план за управување со овој комплекс. Тоа е новина...
Протестен марш на новинарите
Post Views: 11 „Не се извинуваме за незгодни прашања“, „Нема да молчиме“, „Стоп за агресивниот државен ПР“, „Сиромаштија = автоцензура“. Ова се дел од пораките кои денеска ги испратија новинарите и медиумските работници на протестниот Марш за одбрана на новинарското достоинство.„Законите важни за медиумите не се спроведуваат, јавните функционери имаат потценувачки однос кон новинарите и снимателите, Владата создаде најголема редакција во земјата. Институциите и нивните директори имаат проблем да сфатат дека не е транспарентност кога со денови чекате одговор, а добивате...
Утре ракометен спектакл, ГРК Охрид-РК Вардар
Post Views: 13 Првиот натпревар на ГРК Охрид на домашен терен во плејофот не можеше да е против потежок ривал. Гостува шампионот Вардар кој во полусезоната го надополни играчкиот кадар со три нови играчи и со поширок ростер е уште посилен од есенскиот дел. Шансите за победа на охриѓани ќе зависат од тоа со кој состав скопјани ќе настапат, но ако се укаже и најмала можност за поволен резултат ракометарите на Охрид се подготвени да ја искористат.Добро се подготвувавме за овој натпревар преку видео анализа и тактичка поставеност на играта. Можам да ветам голема борбеност и...
ФЗОМ : Податоците на граѓаните се безбедни
Post Views: 15 Фондот за здравствено осигурување ги демантира наводите дека податоците на граѓаните се украдени и уверува дека здравствените и личните податоци на граѓаните се целосно безбедни.Како што ја информиравме јавноста уште од почетокот, при сајбер нападот немаше излевање на податоци надвор од базите на Фондот. Тоа го потврди анализата на експертските технички тимови. Оттука, децидни сме дека, податоците на корисниците на здравствени услуги вклучително и личните податоци се безбедни и заштитени и нема неовластено преземање на личните податоци – потенцираат од...
На 3-ти март повторно претставата Енергични луѓе
Post Views: 14 Поради зголемениот интерес, претставата „Енергични луѓе” според авторот Василиј Шукшин, во режија на Александар Ивановски, повторно ќе биде изведена во петок на 3-ти март, со почеток во 20 часот.Во претставата играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Елизабета Стефаноска, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Марија Стефаноска.Сценографијата и графичкиот дизајн е потпис на Филип Коруновски, а костимите на Невенка Тасева Петровиќ.Претставата, иако сместена во социјалистичките 70-ти од минатиот век, е исклучително актуелна, со заплет кој носи...