Skip to main content

Автор: инфодеск

Батерија која ќе го смени светот на технологијата

Post Views: 268 Станува збор за нова генерација на литиум-јонски батерии кои ќе имаат голем животен век од 20 години, што само по себе ќе ја намали и количината на отпад предизвикан од потрошени батерии. Новата генерација на оваа батерија ја направил Chen Xiaodong, професор од NTU. Неговиот изум ќе овозможи полнење на електричните автомобили и до 20 пати побрзо отколку досега. Ќе може да издржи преку 10.000 циклуси на полнење, што е 20 пати повеќе од постоечките технолошки решенија, пренесува International Business Times. За производство на оваа батерија, Chen и неговиот тим...

Продолжи со читање

Се појавија нови борци против Исламската држава

Post Views: 246 Се чини дека борците на Исламската држава сѐ повеќе се соочуваат со напади од разни герилски групи. Мали групи на Сиријци ловат џихадисти во нивните упоришта на северот од земјата за да стават крај на сѐ поголемата бруталност на оваа исламистичка група. Главна цел на герилците е да го разниша раководството на Исламската држава, вели лидерот на “Бело платно”, група која тврди дека досега убила повеќе стотини милитанти во провинцијата Деир ал Зор. Додека воздушните напади на сојузниците продолжуваат, овие герилски групи се покажаа како нов противник на Исламската...

Продолжи со читање

Директна закана кон Ватикан од Исламската држава

Post Views: 252 Исламската држава во својот пропаганден весник Dabiq објавила директна закана кон Ватикан. На насловната страница е објавена монтажа на знамето на Исламската држава на врвот на обелискот во средината на плоштадот на св.Петар. Со монтажата стои наслов – “Пропадната крстоносна војна”. Со ова Исламската држава ги споредила западната коалиција, предводена од САД, со средновековните крстоносни војни. Спрема нивното толкување сите луѓе од запад потекнуваат од Рим, колевката на христијанството и поради тоа Рим и Ватикан се симболичната мета. Во весниците се цитира и...

Продолжи со читање

Microsoft добил 200.000 повратни информации од корисниците за Windows 10

Post Views: 316 Дали на крајот Windows 10 ќе биде точно она што корисниците, но и самиот Microsoft, го сакаат и го очекуваат, тешко е да се каже, но ако се суди според иницијалната верзија за тестирање, работите се интригантни и интересни. На официјалниот блог, еден од корисниците на Microsoft, Јое Belfore, објавил податок дека само минатиот викенд на Windows Insider, кој овозможува превземање и тестирање на Windows 10, се регистрирале преку милион корисници. Дали веднаш го инсталирале не е познато, но истакнато е дека 200.000 корисници му вратиле на Microsoft за тоа како го...

Продолжи со читање

На кобниот лет 447 капетанот спиел

Post Views: 267 Капетанот на кобниот лет на Air France решил да отспие бидејќи бил преуморен од претходната ноќ во Рио каде се забавувал со својата девојка, оперска пејачка, која исто така била на кобниот лет. Двајца од тројцата пилоти на Air France спиеле додека единствениот буден сфатил што ќе се случи и извикал “Еб…, мртви сме”. Нивниот авион потоа се сруши во океанот со 228 патници и членови на екипажот. Несреќата на Airbus 330 се случи во мај 2009 година, а новите стравични детали од последните моменти на летот 447 од Рио де Жанеиро кон Париз се објавени во...

Продолжи со читање

Каде во ЕУ е најефтино да се купи стан?

Post Views: 250 Цените на недвижнините, во вториот квартал оваа година во рамките на Европската унија, најмногу опаднале, на годишно ниво, во Словенија 9,8%. Следуваат Италија со 4,8% и Романија со 3,8%, покажуваат податоците на Еуростат. Истовремено, најголем пораст на цените на недвижнините е забележан во Естонија од 14,35%, Ирска 12,5% и Велика Британија 10,2%, пренесуваат словенечките медиуми. Спрема податоците на европската статистичка агенција, цените на станбените единици во еврозоната во вториот квартал останале на исто ниво како истиот период лани, но во ЕУ пораснале за...

Продолжи со читање

Побрз WiFi за пет пати

Post Views: 258 WiFi користиме скоро секаде каде што имаме можност со компјутерот или телефонот, но иако работи солидно, Samsung тврди дека пронашол побрз начин за пренос на податоците по пат на безжичната мрежа кој е дури пет пати побрз од постоечкиот. Теоретски WiFi е брз, но благодарение на ѕидовите, прозорците, вратите и останатите препреки, таа брзина никогаш не ја достигнуваме, но Samsung тврди дека има решение за овој проблем. Имено, од компанијата истакнуваат дека развиле 60 GHz WiFi технологија која ќе ги спои теоријата и праксата, со други зборови препреките нема да...

Продолжи со читање

Еве колку барања за отстранување прифатил Google до сега

Post Views: 247 Откако во февруари оваа година е усвоен европскиот закон наречен “right to be forgotten” во кој секој од нас има право да побара неговите податоци да се отстранат од резултатите на пребарување, Google објави колку точно линкови отстранил. Точниот број е 170.706 линкови (URL), што отприлика е 42% од вкупниот број на барања кои се поднесени до Google. Од почеток беше јасно дека компанијата нема да удоволи на секое барање, што е нормална постапка, бидејќи ако се удоволува на секое барање без добра причина тогаш би се уништила целокупната структура на Google и би...

Продолжи со читање

Борбата против Исламската држава е тешка и сложена операција

Post Views: 256 Американскиот министер за одбрана, Chuck Hagel, изјави дека сиријскиот град Кобане, кој е на удар на силна офанзива на Исламската држава, голем проблем, но и дека воздушните напади сепак донекаде придонесле за потиснување на џихадистите. “Чиниме сѐ што можеме со воздушните напади за да помогнеме во потиснувањето на Исламската држава и факт е дека е отстварен извесен напредок”, рекол Hagel во Сантијаго, главниот град на Чиле, која е една од станиците на неговата шестдневна турнеја по Јужна Америка. “Тоа е голем проблем”, додал, говорејќи за Кобане, а нагласил и...

Продолжи со читање

На аеродромите започна мерење телесна температура

Post Views: 276 Србија сериозно ја сфатила можноста за опасност од ширење на ебола и ја држи ситуацијата целосно под контрола, а почнала мерење на телесната температура на патниците кои доаѓаат од критичните подрачја, изјавил за RTS српскиот министер за здравство Златибор Лончар. “Се придржуваме на сите препораки на Светската здравствена организација”, рекол Лончар, објаснувајќи дека на меѓународниот аеродром, Никола Тесла, по примерот на САД, почнало мерење на телесна температура на патниците кои стигнуваат во Белград од критичните подрачја. “Бидејќи еболата пристигна во...

Продолжи со читање

Шок за корисниците на Snapchat

Post Views: 265 Еден од најголемите проблеми на милионите корисници на интернет е недостатокот на приватност бидејќи секогаш постои можност некој да дојде до приватните фотографии или документи од корисниците. За недостаток на приватност се виновни и самите корисници кои на Facebook, Twitter, Instagram и други мрежи објавуваат бројни фотографии кои можат сите да ги видат а притоа не обрнуваат многу внимание на лошите лозинки, користење на компјутери од јавни места и слично, а секогаш постои можност приватниот разговор, фотографиите и слично да паднат во криви раце. Поради ова сѐ...

Продолжи со читање

Дали е решена мистеријата на Бермудскиот триаголник?

Post Views: 330 Мистериозните кратери кои се појавија оваа година во Сибир ги поттикнаа бројните теории за нивното потекло. Научниците сега веруваат дека ги предизвикале подземни експлозии на гас, а ова објаснување би можело да ги објасни многубројните исчезнувања на бродови и авиони во контроверзното подрачје познато како Бермудски триаголник, пишува Daily Mail. За трите големи сибирски дупки се тврдеше дека се дело на човек, последица од паѓање на метеори, но и од залутани ракети. Но, откако се сондираше најголемиот кратер, научниците соопштија дека дупката е последица на...

Продолжи со читање