Skip to main content

Автор: инфодеск

Пожар во возило кај Буково

Post Views: 10 На 16.02.2023 во 18:40 часот во СВР Охрид, Љ.З.(55) од Охрид пријави дека настанал пожар во неговото патничко возило „пежо” со охридски регистарски ознаки, кое го управувал на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на планинскиот превој „Буково”, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.

Продолжи со читање

Охриѓанец физички ја нападнал својата мајка

Post Views: 10 На 16.02.2023 во 16.30 часот во СВР Охрид, пријавено е дека Н.Џ.(27) од Охрид во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка.По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Измените во Кривичниот законик ќе донесат побезбедна околина за лекарите и пациентите

Post Views: 12 Лекарската комора како професионално здружение на сите доктори по медицина во нашата земја го поздравува носењето на измените на Кривичниот законик со кои вербалното и физичкото насилство над лекарите и другите здравствени работници се смета за кривично дело “спречување службено лице во вршење службено дејствие” и соодветно ќе се казнува. Со новите измени во Кривичниот законик е одредено дека делата како употреба на сила, сериозни закани, навреда, малтретирање, задавање телесни повреди или закана со употреба на оружје кон лекар или друг здравствен...

Продолжи со читање

Ученици од ОЕМУЦ дел од проектот Каде се моите стапалки

Post Views: 12 Учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ учествуваат на E twinning проектот „Каде се моите стапалки“ (Where are my footprints). Во овој проект покрај ученици и наставници од ОЕМУЦ вклучени се и наставници и ученици од Грција, Франција, Романија, Казахстан, Турција и Азербејџан.Целта на овој проект е да ја подигнеме свеста за намалување на емисијата на јаглероден диоксид во околината преку соработката во семејството и училиштата. За таа цел ќе се организираат различни активности како организирање состаноци во училиштето за дизајнирање на различни материјали,...

Продолжи со читање

Утре е Задушница

Post Views: 18 Според календарот на Македонската православна црква утре е Задушница. Задушница секогаш паѓа во сабота зошто Исус тој ден, пред воскресението во недела, го поминал упокоен.Тоа е денот кога православните верници одат на гробовите на најблиските, раздаваат понади и палат свеќи.Сеќавајќи се на своите покојни предци, христијанските верници на овој ден се молат на Бога за простување на гревовите и за своите предци.Се верува дека ако на Задушница не им се запали свеќа на мртвите, тие цела година ќе бидат во мрак. Доколку верниците не се во можност да запалат...

Продолжи со читање

Сончево време со температура до 17 степени

Post Views: 10 Времето денес ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус 5 до 2, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.Во следните денови продолжува периодот на стабилно и потопло време, а особено топло ќе биде за време на викендот кога дневната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.Во понеделник во западните делови ќе има преодно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд.

Продолжи со читање

Охрид и Охридското езеро во туристичкиот интернет магазин Travel off path

Post Views: 13 Специјализираната интернет-страница за патувања и туристички доживувања „Travel off path“, една од најреномираните на северноамериканскиот континент, објави текст посветен на Охрид и на Охридското Езеро. Во неа посетата на Охрид е посочена како неверојатно искуство, „патување што нуди чисто блаженство и спокојство…“(Travel off path)Овој мал град во Европа е најмирното место што може да се замислиНа само 30 минути возење веднаш до границата со Албанија се наоѓа спокојниот крајезерски град во Северна Македонија. Овој мал град со 40 илјади е прекрасна,...

Продолжи со читање

Струга започна со хуман третман на бездомните кучиња

Post Views: 17 Во Струга конечно започна акција за заловување и третман на бездомните кучиња во градот. Зафатот го реализираат овластени лица од ветеринарна клиника од Куманово.Досега се третирани десетина кучиња, а за оваа намена издвоени се 600 000 денари. Кога ќе се потрошат парите, доколку има потреба ќе бидат издвоени дополнителни средства за продолжување на акцијата.Заловени се одреден број на кучиња, имаме и фотографии од нивниот третман, маркирани се со обетка и микрочип и очекуваме по нивно опоравување да се вратат назад на истата локација – вели Митко...

Продолжи со читање