Skip to main content

Автор: инфодеск

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Post Views: 109 Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h).Од УХМР информираат дека и утре нè очекуваат истите временски услови, а од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура.Денешните температури во Охрид ќе бидат во интервал од 6 до 10 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Одржано Годишното собрание на Здружението на рударски и геолошки инжиниери во Охрид

Post Views: 119 Воведување на зелени технологии за производство на  електрична енергија е главниот предизвик пред кој е исправена нашата земја. Како дел од зелената  транзиција. фотоволтаици, ветерници и водени турбини  треба да ги заменат загадувачките индустрии. Ова се дел од заклучоците на Годишното собрание на Здружението на рударски и геолошки инжиниери.–Посебно индустриите кои што производуваат електрична енергија да ги заменат со обновили  извори на  електрична енергија.  Рударството е многу битен фактор, од проста причина што...

Продолжи со читање

Мојсоска: Програмата на Левица изобилува со социјални мерки кои ги нема кај другите партии

Post Views: 205 Црната кампања за наводна коалиција на Левица со ДУИ, која ја води власта нема да помине на овие избори, и истата само покажува дека власта се плаши и го докажува нашиот раст кој мислам дека ќе кулминира на овие локални избори, порача пратеничката Јована Мојсоска, кандидатка за Градоначалничка на Струга. Таа викендов заедно со претседателот на партијата проф. д-р Димитар Апасиев и кандидатите за советници на средби со граѓаните ја претставуваа изборната програмата.„Првиот приоритет за Општина Струга за нас уште првиот месец ќе биде да воведиме конечно...

Продолжи со читање

Семејното насилство и агресивното однесување доминира во полицискиот Билтен

Post Views: 130 На 05.10.2025  во 22:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека лице од Охрид во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата 33 – годишна сопруга, а упатувал закани и кон останатите членови на семејството. Се преземаат мерки за негово пронаоѓање и за целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе следува соодветна пријава.На 05.10.2025 во 10:35 часот на улица „Радојица Новичиќ“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 32-годишно лице од Република Турција, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја напаѓал...

Продолжи со читање

Аврамоска: Левица беше најактивен застапник на интересите на граѓаните во Советот и ќе продолжи со истото темпо

Post Views: 169 Во изминатиот мандат Левица беше најактивната политичка партија во Советот на Општина Охрид и најгласен застапник на интересите на граѓаните, вели носителката на листата на кандидати за советници, Виолета Аврамоска. Таа потсетува дека Левица во изминатите четири години редовно поднесувала иницијативи до Советот со цел решавање на конкретни проблеми на граѓаните, а од оние кои се реализираа, го посочува отворањето на простор за деца со церебрална парализа во објект во поранешната касарна.„Бевме најактивната политичка партија која на таков начин дејствуваше во...

Продолжи со читање

Маховска Шикалеска: Имаме реални решенија и визија за современо и инклузивно образование

Post Views: 225 Ивана Маховска Шикалеска, кандидатка за советничка од СДСМ и Коалицијата, денеска на прес конференција зборуваше за важноста и статусот на просветните работници, нејзини колеги, и за унапредување на образованието во Охрид. На сите наставници, воспитувачи и просветни работници, таа им упати благодарност за нивната посветеност, трпение и љубов кон децата. Луѓето кои секојдневно ја градат иднината на нашето општество треба да добијат соодветна поддршка и признание, потенцира Маховска Шикалеска.„Како наставничка знам дека учителот е темелот на секој...

Продолжи со читање

Утре неколку часа без струја ќе бидат Вевчани, Октиси и Горна Белица

Post Views: 181 Градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски, информира дека утре ќе има неколкучасовен прекин во снабдувањето со електрична енергија во Вевчани, Октиси и Горна Белица поради приклучок на вториот дел од кабелот на трасата Суво поле – Вевчани.

Продолжи со читање

НУ Библиотека “Григор Прличев: Одделот за издавање е повторно во функција

Post Views: 121 Од НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид известуваат дека поради навремено интервенирање одделот за издавање повторно е во функција од 12:00 часот.

Продолжи со читање

Уште една трагедија во Србија: Чамец со 11 патници се преврте во Дунав

Post Views: 162 Ноќеска се преврте чамец во Дунав во близина на Бачка Паланка, на границата помеѓу Србија и Хрватска. Според првичните информации, во бродот имало 10 државјани на Кина и еден државјанин на Србија, кои сакале нелегално да ја преминат државната граница.Спасувачите и понатаму трагаат за исчезнатите лица, додека на терен се присутни екипи на брза помош, полиција и пожарникари. Во помош се вклучени и специјализирани тимови за спасување на вода од Србија и Хрватска.

Продолжи со читање

Денес показна вежба за евакуација и спасување на вработените по случена елементарна непогода во „Леарница“

Post Views: 125 Денеска продолжуваат увежбувањата за примена на Оперативните планови за заштита и спасување и плановите за евакуација, во координација и со поддршка на СВР Охрид, ТППЕ Охрид, ДЗС, ЦУК, и Црвен крст Охрид.-Во таа насока, а со цел да се подигне нивото на подготвеност и координираност за соодветно, навремено и ефикасно делување во случај на несреќи денес, понеделник, 06.10.2025 г. во компанијата ЛТХ Леарница во индустриската зона Охрид ќе се реализира показна вежба за евакуација и спасување на вработените во компанијата, според соодветно сценарио за случена...

Продолжи со читање

Одделот за издавање при градската Библиотека денес нема да работи поради технички проблеми

Post Views: 165 Од НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид известуваат дека поради технички проблеми одделот- издавање денес нема да биде во функција.

Продолжи со читање

Зачнување на свети Јован Крстител

Post Views: 172 На овој ден се прославува милоста, чудото и мудроста Божја; милоста кон побожните и праведни родители на светиот Јован, старецот Захарија и старицата Елисавета, кои целиот живот посакуваа и просеа од Бога едно дете; чудото на зачнувањето на Јован во престарената утроба на Елисавета; и мудроста во домостројот на човековото спасение. Ова стана затоа што Бог имаше извонредни намери со свети Јован: имено, тој да биде Пророк и Предвесник на Господа Исуса Христа. Преку Своите ангели, Бог го објави раѓањето на Исаак од бездетната Сара и на Сампсон од бездетниот Маној и...

Продолжи со читање