Skip to main content

Автор: инфодеск

Земјотрес со јачина од 3.0 степени утрово почувствуван во Охрид и Струга

Post Views: 154  Според податоците наа Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 05:36 часот беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0.– Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Охрид и Струга, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Продолжи со читање

Светата маченичка Теодосија Тирска

Post Views: 130 Во времето на царот Максимијан во Кесарија Палестинска стоеја еден ден пред преторијата мнозина врзани христијани. Оваа благочестива девица Теодосија им пристапи и ги ублажуваше и ги храбреше за маченичката смрт. Кога ја слушнаа што зборува, војниците ја одведоа и нејзе пред судијата. Разјарен судијата нареди и и обесија камен на вратот, па ја фрлија во морските длабочини. Но ангелите Божји ја изнесоа жива на брегот. Кога повторно му се јави на судијата, овој нареди да ја убијат со меч. Идната ноќ Теодосија им се јави на нејзините родители сета во величествен...

Продолжи со читање

Нестабилно време до утре, викендот носи стабилизација и посвежи денови

Post Views: 139 Од УХМР информираат дека денес ќе се задржи топло време. Попладне, во текот на ноќта и утре, особено претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²) и услови за невреме со појава на град. Утре ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северeн правец (над 60 km/h), а дневната температура ќе опадне од 5 до 7 степени. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и посвежо. Од понеделник температурите...

Продолжи со читање

5. издание на Ohrid Wine Festival

Post Views: 317 Од 25-ти до 27-ми јуни Охрид ќе биде домаќин на петтото издание на Ohrid Wine Festival, кој и годинава ќе понуди богата музичка програма, врвни вина и добра забава.Фестивалот ќе започне на 25-ти јуни со настапите на Група Сарај, Дани Димитровска и Меморија.Во рамки на вториот фестивалски ден, на 26-ти јуни, пред посетителите ќе настапат Брос и Марама, Ѓоко Ѓорчев и Кате Танева, Куку Леле и Пауза за ракија.Завршната вечер, на 27-ми јуни е резервирана за Солзи и Смеа, DJ Fic, Битолскиот камерен оркестар и Суперхикс.Настанот и оваа година се очекува...

Продолжи со читање

Завршија Детските Прличеви беседи

Post Views: 135 Успешно заврши манифестацијата „Детски  Прличеви беседи“ што годинава се одржаа по трет пат во организација на  ЗГ „Охрид Култ 366“, а под покровителство на Општина Охрид.Ученици од повеќе македонски градови  преку поетски творби, есеи, рецитаторски и ораторски настапи покажаа дека младите генерации достојно ја продолжуваат традицијата на Прличев. Спомен куќата на Григор Прличев“ деновиве беше исполнета со талентирани деца, поезија, прекрасни мисли и изразена  љубов кон македонскиот литературен збор.

Продолжи со читање

Охриѓанецот Проф. д-р Петар Поповски избран за член на Кралската данска Академија на науките и книжевноста

Post Views: 299 Македонскиот научник Петар Поповски, професор на Aalborg University и еден од водечките светски експерти во областа на комуникациските технологии, е избран за нов член на Royal Danish Academy of Sciences and Letters, една од најпрестижните научни институции во Данска.„Претставува голема чест за мене што станувам член на Кралското данско друштво на науките и книжевноста, институција чиј поранешен претседател беше еден од моите научни херои, Нилс Бор. Им благодарам на научниците кои ја поддржаа мојата кандидатура и со нетрпение очекувам да придонесам во...

Продолжи со читање

Свети Варлаам Охридски

Post Views: 155 Сведоштвата за овој архијереј и Христов маченик се оскудни. Се знае дека беше Охридски архиепископ. При една своја обиколка, пострада за вистината, во градот Велес. Таму беше жестоко убиен – прободен со јатаган – од месните Турци, а телото му беше фрлено во реката Вардар. Поради страв од казна од Турците, телото на светиот маченик остана во реката цела седмица. Водата го однесе до едно село, на два часа пеш од Велес, каде што го најде еден рибар, откако имаше видение на сон. Тој го изведе и го пренесе во селската црква, сакајќи да го погребе во дворот. Но, на сон...

Продолжи со читање

Охридско езеро , облачно време

Нестабилно време со услови за невреме и град, од викендот стабилизација

Post Views: 127 Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.Температурите во Охрид ќе се движат во интервал од 13 до 29 степени Целзиусови.Од УХМР најавуваат дека утре попладне и петок процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и невреме со услови за појава на град, а температурата ќе опадне за неколку степени. За време на викендот...

Продолжи со читање