Автор: инфодеск
Post Views: 10 Времето денеска е сончево со мала до умерена облачност.Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено по должината на Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени, соопшти УХМР.Утре максималната температура ќе се движи од 9 до 15 степени, во петок 11 до 18 степени, во сабота од 10 до 17 степени, а во недела од 11 до 18 степени.
Денеска е Сретение Господово
Post Views: 12 Празникот Сретение е еден од 12-те големи црковни празници, заедно со Рождество, Богојавление, Воскресение, и како и тие, има длабока спасителна смисла. Реалниот настан врз кој се темели длабоката содржина на овој празник е расказот за Симеон, кој по неговата средба со Бога беше наречен Богопримец. На овој старец преку ангел му било кажано дека нема да умре дури не го види ветениот Помазаник, Месијата. На неговото чекање доаѓа крај 40 дена по раѓањето на Исус Христос. Според Мојсеевиот закон, во тој ден секое првородено машко дете се носело во Ерусалимскиот...
Свикана дваесет и четвртата седница
Post Views: 10 Свикана дваесет и четвртата седница на Советот на Општина Охрид на ден 21.02.2023 година (вторник) со почеток во 11 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. ДНЕВЕН РЕД1. Предлог-одлука за верификација на мандат на член во Советот на општина Охрид.2. Предлог-одлука за изменување и дополнување на одлуката за извршување на буџетот на општина Охрид за 2023 година.3. Предлог-програма за измени и дополнувања на развојната програма за капиталните инвестиции на...
Охридските стрелци со голем успех на турнир во Бугарија
Post Views: 10 Изминатиов викенд стрелците од охридските клубови зедоа учество на меѓународниот Турнир ,,Sofija Grand Prix” и ,,New Olimpic hopes 2023”- турнир кој се одржува по речиси 20 години пауза. Турнирот се одржа во Националната спортска академија во студенскиот комплекс во Софија.Во исклучително јака конкуренција, со актуелни и поранешни европски прваци, нашите стрелци достојно ја презентираа нашата држава и градот, покажувајќи дека спортот може само да соединува и да ги преминува сите препреки кои денес се актуелни, а се предизвикани од збиднувањата...
Малите занаетчии тешко се справуваат со кризата
Post Views: 15 Малите занаетчии се потешко се справуваат со кризата. Охридските занаетчии едвај сврзуваат крај со крај. И покрај мерката на владата, малите занаетчии да плаќаат за 20% поевтина струја сè додека трае кризата сепак повеќето од нив оваа зима работат со скратено работно време за заштеда. Поголемиот број од нив не можат да ја покријат ни потрошувачката кошница со прометот кој го остваруваат во текот на месецот.Повеќето дуќани во зимскиот период работат со скратено работно време заради намалување на трошоците. Недела беше дозволено да се работи во туристичките...
Невладините ја поздравуваат најавата за отворање на канцеларија на УНЕСКО во Охрид
Post Views: 11 Граѓанските огранизации го поздравуваат отворањето на канцеларија на Унеско во Охрид. Сметаат дека доколку во неа работат луѓе со легитимитет ќе се променат работите на полето на заштитата на културното и природното наследство. Велат се надеваат дека канцеларијата на Унеско ќе донесе подобар мониторинг на состојбите, поголема контрола и ќе се намали девастацијата на заштитеното подрачје.Позитивно во целата оваа работа е тоа што и министерката најави дека ќе се отвора канцеларија на Унеско во Охрид. Тоа е убава и позитивна работа, на таа канцеларија треба да...
Пецаков во обиколка на градежните активности во основните училишта
Post Views: 13 Градоночалникот Кирил Пецаков, со својот тим изврши обиколка на градежните зафати кои се реализираат во основните училишта на територија на Општина Охрид.Во ООУ „Григор Прличев“ во Рача се изврши адаптација и реконструкција на санитарните јазли. Вредноста на овој зафат изнесува 179.773,oo денари.Во ООУ „Братство Единство“ Лескајца се изведе нова електрична инсталција во вредност од 824.188,00 денари и се реконструираја тоалетите во вредност од 1.313.600,oo денари. Тука се изврши и санација на водоводна и одводна мрежа во износ од 624.173,ооо...
Општина Охрид и Правниот факултет од Кичево потпишаа меморандум за соработка
Post Views: 14 Општина Охрид претставувана од градоначалниот Кирил Пецаков и Правниот факултет – Кичево, единица на Универзитетот „Св.Климент Охридски” од Битола претставуван од деканот проф. д-р Светлана Вељаноска, денеска потпишаа меморандум за соработка.Целта на меморандумот е воспоставување на долгорочна научно-стручна, образовна и апликативна соработка помеѓу двете институции.Меморандумот предвидува соработка во едукативни процеси преку ангажирање на експерти од практиката за реализација на практична настава за студентите и учениците во зависност од расположливите...