Автор: инфодеск
Post Views: 11 На иницијатива на волонтерите од Програмата за грижа за стари лица “Најди време”, денес се одржа едукативно предавање од активистот за подигнување на свеста за ретките болести, Гордана Лолеска.Присутните ги проширија нивните знаења за тоа колку случаи на ретки болести постојат во светот, колку дијагнози на ретки болести се откриени и слично.Со кампањата за ретки болести се укажува дека оние кои што имаат ретка болест не се разликуваат по ништо од оние кои немаат и дека сите се исти и уникатни на некој свој начин. Не треба да се дискриминираат и...
Охрид блесна во боите на ретките болести
Post Views: 29 Самоиловата тврдина, Охридската гимназија ОСУ „Св. Климент Охридски“, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, СОСУ „Св. Кирил и Методиј“, сите основни училишта, локални и национални згради и спомениции во центарот на градот блеснаа во боите на ретките болести по повод февруари како месец на ретките болести.Претседателката на Здружението за ретки болести „Ретко е да си редок“ Гордана Лолеска, потенцираше дека ова се само дел од локациите што блеснаа во знакот на поддршка на ретките, како дел од кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2023“, која оваа година го има...
Балетската претстава Дон Кихот во среда во НОБ
Post Views: 16 Во среда на 15 февруари со почеток во 20 часот на големата сцена на Националната опера и балет ќе се изведе балетската претстава во два чина „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус, во кореографија на Виктор Јаременко од Украина. Диригент на претставата е Иван Еминовиќ. Сценограф е Андреј Злобин, додека под костимографијата се потпишува Гана Ипатиева од Украина.Во улогите на Китри и Базил ќе настапат Христина Наќевска и Балаж Лочеи (Унгарија). Во улогата на Еспадо ќе настапи Бобан Ковачевски, а во улогата на Улична, Симона Колиштркоска. Настапуваат солисти, балетскиот...
Слаб интерес за проектот Втора шанса во Струга
Post Views: 15 Слаб интерес за пилот проектот на Агенцијата за вработување наречен „Втора шанса“ во Струга. Станува збор за мерка која се однесува на лицата кои поради разни причини не завршиле средно образование. Им се дава можност да добијат диплома за завршено средно стручно образование, која не ја стекнале додека биле во вклучени во редовно образование.Со проектот ќе бидат опфатени ранливите категории граѓани, лица до 29 години, роми; жени, лица со попреченост и долгорочно невработени лица, а основен услов е да имаат завршено втора година од средно образование....
Кривична пријава за 20-годишен жител на Велешта
Post Views: 14 Поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.И.(20) од струшкото село Велешта.При претрес, извршен по судска наредба во неговиот дом, полициски службеници пронашле 4 куршуми боева муниција со различен калибар што неовластено ги поседувал – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Жител на Албанија извршил тешка кражба во Струга
Post Views: 15 ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.Р.(29) од Пеќин, Република Албанија, поради постоење основано сомнение за сторени 2 кривични дела „тешка кражба”.Тој на 09.02.2023, кога илегално престојувал во Струга, со подесен алат и физичка сила, насилно влегол во две куќи во Струга од каде противправно одзел накит и други предмети – информираат од СВР Охрид.
Охриѓанец доби кривична пријава за насилство
Post Views: 18 СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Т.(34) од Охрид, поради постоење основано сомнение за строено кривично дело „насилство”.Тој на 15.01.2023 во угостителски објект лоциран на кеј „Македонија” во Охрид, физички го нападнал Ѓ.М.(42) од Охрид – информираат од СВР Охрид.
16-месечно бебе со тешки повреди однесено во болницата Св. Еразмо
Post Views: 14 На 12.02.2023 околу 11 часот во СВР Охрид, пријавено е дека во болницата „Св. Еразмо”, со тешки телесни повреди било однесено 16-месечно дете.Се преземаат мерки за расчистување на случајот – се вели во соопштението на СВР Охрид.