Автор: инфодеск
Post Views: 14 Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел возачите да управуваат совесно и одговорно со своите возила за време на празниците Свети Валентин и Свети Трифун.Празниците се време за средби со најблиските и за создавање незаборавни спомени, но и време кога сообраќајот на патиштата е поинтензивен и неопходно е да се посвети посебно внимание на безбедноста на сите учесници во сообраќајот. За време на празникот на љубовта и виното возете внимателно! Наздравете за пријателствата, за искреноста, за среќата на живеењето, за безброј среќни...
УЈП предупредува на лажни смс пораки во нивно име
Post Views: 17 Управата за јавни приходи ги информира граѓаните дека вчера и денес непознат испраќач користејќи го логото на УЈП преку СМС пораки се обидел да наведе граѓани да споделуваат лични и податоци од дебитни и кредитни картички. Пораките се испраќани од телефонскиот број +38979212628 со следната содржина “Извршете ја задолжителната пријава на УЈП https://ujp.mk/verifikacija“.Овој линк е лажен, и не води кон електронска адреса на Управата за јавни приходи.Управата за јавни приходи апелира ДА НЕ СЕ ОТВАРААТ ОВИЕ СМС ПОРАКИ И ДА НЕ СЕ ОТВАРА ЛИНКОТ, а...
Охриѓанец се однесувал агресивно кон гости во казино
Post Views: 9 На 12.02.2023 година во 01 часот во СВР Охрид приведен е И.Г.(38) од Охрид.Тој претходно во казино лоцирано на улицата „Абас Емин” во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон присутните гости, а потоа и кон полициските службеници. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Роман Абрамович се враќа во фудбалот?
Post Views: 12 Рускиот милијардер, Роман Абрамович кој 19 години беше газда на Челзи, сега е без клуб откако мораше да ги продаде „сините“ поради војната во Украина, но изгледа дека не може без фудбал.Сега бразилските медиуми пренесуваат дека Абрамович може да купи клуб од Бразил, а имал две опции, Атлетико Минеиро и Сао Паоло.Новата идеја на Абрамович е да создаде екипа со која ќе доминира во Јужна Америка.
Три камиони со помош од Охрид и регионот заминаа за Турција и Сирија
Post Views: 13 Охриѓани и жителите од поширокиот охридско-струшки регион масовно се одзваа на повикот на градската филијала на Младинското волонтерско здружение на Турците „ТГА“, за собирање помош за настраданите подрачја во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.За само неколку дена се собрани три шлепери помош во храна, вода, облека, средства за хигиена, ќебиња, покривачи, пелени… Камионите со собрана донација заминаа за Гостивар, каде помошта ќе биде претоварена во возила на Светската кампања за помош при земјотреси, од каде ќе замине за турскиот град...
Ивановски во финалето на турнирот во Тунис
Post Views: 13 Македонскиот тенисер Калин Ивановски продолжи со одличните резултати во Тунис, па така денеска славеше против Фабрицио Андалоро од Италија.Ивановски славеше со убедливи 6-2 во првиот сет, по што во вториот поведе со 2-0, но Италијанецот не го издржа притисокот и се предаде.Најдобриот македонски тенисер во финале ќе игра против Рајан Нијбоер од Холандија, кој со 7-6 и 6-2 го реши Олаф Пјешковски од Полска.Поради одличните резултати Ивановски се очекува да скокне до 494. место на најновата ранг-листа, но без сомнеж ќе напредува дополнително ако продолжи...
Голема победа на ГРК Охрид против Еурофарм Пелистер 2
Post Views: 17 ГРК Охрид со победа во Битола против Еурофарм Пелистер 2 од 26-23 (14-11) го отвори пролетниот плеј-оф дел од сезоната во македонската лига.На самиот почеток Охрид создаде предност од два погодока, разлика која остана недостижна за домашната екипа. Иако помладите битолчани веднаш возвратија, на неколку пати го израмнија резултатот и не дозволија противникот предвреме да ја прослави победата, финишот на првиот дел им припадна на гостите. Затоа на пауза Охрид замина со предност од 14-11.Мотивираните битолчани на почетокот на второто полувреме успеаа...
Нарушен јавниот ред и мир во Издеглавје
Post Views: 12 На 11.02.2023 година во 17:30 часот, во селото Издеглавје, општина Дебрца, нарушен е јавниот ред и мир со карање, агресивно однесување и закани упатени од Д.Т.(73) кон М.С.(37), двајцата од истото село, се вели во соопштението на СВР Охрид.По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
