Skip to main content

Автор: инфодеск

Две лица нападнале кавадарчанец во Струга и му одзеле 11 000 денари

Post Views: 11 На 12.02.2023 година во 05:30 часот, во ОВР Струга пријавено е дека, Е.В.(38) од Кавадарци, пред казино лоцирано на улицата „15 корпус” во Струга, бил физички нападнат од две непознати лица кои му одзеле 11000 денари.Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите по што ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Велгоштанец физички ја нападнал сопругата

Post Views: 25 На 11.02.2023 година во 20:30 часот, во СВР Охрид пријавено е дека Ј.П. од охридското село Велгошти, во семејниот дом, физички ја нападнал неговата сопруга.Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

ИПА Охрид му додели златна плакета на градоначалникот Пецаков

Post Views: 14 Претседателот на Интернационалната полициска асоцијација регион Охрид, м-р Стефан Димоски и генералниот секретар Игор Смилески, викендов остварија средба со градоначалникот на Охрид, г-дин Кирил Пецаков.Во знак на благодарност за неговата континуирана поддршка во работата на ИПА Охрид, претседателот Стефан Димоски, на градоначалникот Пецаков, во името на охридските ИПА членови, му врачи Златна плакета за посебен придонес во развојот на ИПА Охрид.На средбата, на градоначалникот му беше презентирана кратка збирна информација за домашните и меѓународни...

Продолжи со читање

Белград домаќин на Меѓународен саем за туризам

Post Views: 14 Меѓународниот саем за туризам, 44-ти по ред и 18-ти Меѓународен саем за хотелска и угостителска опрема, ќе се одржат од 23 до 26 февруари на Саемот во Белград. Годинешниот слоган е „Кога одморот не е тежок“, а оваа година земја партнер на Саемот е Кина.На саемот е предвидена средба со претставници од Кина во координација со Стопанската комора на Србија, а ќе учествуваат и најзначајните туристички агенции, здруженија, организации, хотели, туристички центри, транспортни компании и меѓународни тур-оператори. Годинава првпат ќе бидат претставени Алжир, Бурунди,...

Продолжи со читање

Министерството за култура и годинава одвои средства за Охридско лето

Post Views: 16 Министерството за култура на Република Македонија и годинава одвои финансиски средства за Националната установа „Охридско лето“.Средствата се доделуваат во рамките на Повикот за националните установи од областа на културата кој беше објавен во јуни 2022 година и ќе бидат искористени за реализација на годинешното 63-то издание на фестивалот „Охридско лето“ што ќе се одржи од 12 јули до 20 август.Огромна благодарност до Министерството за култура, и особено до министерката Бисера Костадиновска–Стојчевска за довербата која ќе ја докажеме со продолжување на...

Продолжи со читање

СВР Билтен : Откриена лабораторија за марихуана во Белчишта

Post Views: 15 На 10.02.2023 година, на подрачјето на СВР Охрид, по претходна судска наредба извршени се претреси кај осум лица (по два во Охрид, Струга, Кичево и Дебар), во кои се опфатени 10 куќи и помошни простории и две патнички возила.Притоа, во селото Белчишта, општина Дебрца, пронајдена е импровизирана мала лабораторија за производство на марихуана, сопственост на Љ.О.(50) од истото село, во која се пронајдени четири растенија канабис, кеса со семки од канабис и тегла со марихуана. Лицето е лишено од слобода.При претрес во домот на А.Т.(33) од струшкото село...

Продолжи со читање

Рекорден буџет за проекти на охридската библиотека ќе одвои Министерството за култура

Post Views: 11 По соопштувањето на резултатите од Годишниот конкурс за институциите од национален карактер од страна на Министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска, директорот на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, Милчо Јованоски изрази задоволство од прифатените проекти и планираните средства кои за нивна реализација ќе ги одвои ресорното министерство за култура.На конкурсот за 2023 година конкуриравме со 28 проекти претежно во областа на библиотечната дејност, набавката на нови книги, но и во делот на издавачката програма, инвестициите и меѓународната...

Продолжи со читање

УИНТ го одбележа Интернационалниот ден на жените и девојчињата во науката

Post Views: 14 Веќе четврта година по ред Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле”, го одбележува 11 февруари, Интернационалниот ден на жените и девојчињата во науката.Преку зборовите на проректорката проф. д-р Устијана Речкоска Шикоска, како и професорки, дипломки и студентки се потенцираше важноста на присуството на жените и девојчињата во науката, кои преку пренесените факти и искуство ги поттикнаа присутните, пред се ученици од гимназиите и стручните училишта во Струга и Охрид, подетално да се заинтересираат и информираат што би...

Продолжи со читање