Skip to main content

Автор: инфодеск

Жител на Требеништа пронајден починат во својот дом

Post Views: 19 На 09.02.2023 година во 13:50 часот, во СВР Охрид пријавено е дека, во својот дом во селото Требеништа, општина Дебрца, пронајден починат е М.Л.(63) од истото село.Екипа од итната медицинска помош констатира смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Нацрт Закон за прогласување на Охридско езеро за споменик на природата

Post Views: 42 Во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање денеска се одржа работна средба со преставници на невладините организации, во насока на отпочнување со активности за донесување на Нацрт на Закон за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата.Заменик министерката Христина Оџаклиеска во своето воведно обраќање се осврна на важноста од донесувањето на овој Нацрт закон за Охридското Езеро, согласно препораките на УНЕСКО, за да се овозможи заштита, зачувување и одржливо користење на природните вредности на...

Продолжи со читање

Романската православна црква ја призна афтокефалноста на МПЦ-ОА

Post Views: 14 Светиот синод на Романската православна црква донесе одлука за признавање на афтокефалноста на МПЦ-ОА според томосот издаден од СПЦ на 5 јуни 2022 година.Според вчерашната одлука на Синодот на Романската православна црква, што ја пренесува црковниот сајт orthodoxtimes.com, признавањето е под името „Архиепископија Охридска и на Северна Македонија, со седиште во Скопје“, а поглаварот се именува со „Негово Блаженство, Стефан, Архиепископ Охридски, Скопски и на Северна Македонија“.Порталот orthodoxtime.com пишува дека со одлуката да го признае српскиот...

Продолжи со читање

Конкурс за книжевна награда за најдобра детска песна Тоде

Post Views: 14 Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и другите уметности „Креативна верига“ објави конкурс за најдобра необјавена песна за деца „Тоде“, во чест на поетот и писател за деца, Тоде Илиевски.Жирито во состав: Горјан Петревски, Николина Андова Шопова и Живко Грозданоски, ќе ги издвои трите најдобри песни, за кои се предвидени и парични награди:9 000 денари – I место;6 000 денари – II место;3000 денари – III место.На 7 март се полнат 71 година од раѓањето на Тоде Илиевски, поет и писател за деца и млади, хуморист, сатиричар,...

Продолжи со читање

Мој термин

МЗ : Мој термин функционира непречено

Post Views: 17 Од Управата за електронско здравство информираат дека националниот систем за електронска евиденција во здравството, „Мој термин“, функционира непречено.Пациентите можат континуирано да се лекуваат во сите здравствени установи и матичните лекари можат да вршат секојдневни прегледи, да издаваат упати и рецепти, кои се подигнуваат во аптеките без застој – се наведува во соопштението.

Продолжи со читање

Кривична за четворица прилепчани кои узурпирале плажа во Љубаништа

Post Views: 15 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ц.Б.(64), М.И.(67), П.С.(41) и Б.Р.(63), сите од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторено казнено дело „узурпација на недвижности”.Тие, на 19.08.2022 година, во атарот на охридското село Љубаништа, неовластено зазеле плажа покрај брегот на Охридското Езеро во државна сопственост и без одобрение од надлежен државен орган, противправно поставиле камп единица, составена од шатори, камп приколки и моторни возила адаптирани за кампување – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Не наседнувајте на лажни електронски пораки во име на МВР

Post Views: 15 Деновиве во МВР пристигнале пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на министерот за внатрешни работи, во соработка со полициската канцеларија на Европол, во која во вид на повик за појавување во суд од страна на Сектор за прекршоци, во која примачот на пораката се известува дека е предмет на наводни правни постапки за низа измислени кривични дела, кои ги нема сторено. Притоа, примачот на пораката се повикува да го контактира испраќачот преку вибер линк.МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажна порака која не е испратена од...

Продолжи со читање

20 милиони евра од граѓаните преку ПЦР тестови заработило приватното здравство

Post Views: 6 Државниот завод за ревизија го објави конечниот извештај од извршената ревизија на усогласеност на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО).Ревизорите забележале дека поради одредени слабости 19,9 милиони евра пари од граѓаните за три години во пандемијата, дадени за ПЦР тестови, се прелеале во приватното здравство. Утврдена е застарена и амортизирана серверска структура во фунционирањето на Фондот. Исто така, дека има недостиг на ИТ – кадар и стратегија, што пак се потврди деновиве, со хакерскиот напад врз сајтот на ФЗО.Ревизорите утврдиле уште...

Продолжи со читање