Автор: инфодеск
Post Views: 18 По пауза од 5 години во Општата болница во Струга повторно ќе се прави мамографија на дојка. Струшката болница денеска доби современ апарат за скрининг на рак на дојка. Во просек од 2 до 4 случаи од 1000 скрининг мамографии покажуваат рак на дојка, а во 8 до 10% од случаите потребни се биопсии за дијагноза, истакна директорот на болницата Арменд Арслани.Мамографот којшто е инсталиран во болницата е современ, со ниска доза на зрачење, со контролирана компресија и висока резолуција на графиката. Со овој апарат ќе обезбедиме здравствени услуги за пациентите од...
Шоуто Да болиТ за последен пат во живо во Охрид
Post Views: 14 Во четврток на 23-ти февруари со почеток во 20 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“, неверојатното шоу „Да болиТ“ со кое Никола Тодороски направи турнеја низ целата држава за последен пат во живо во Охрид.Во секоја секунда од секој ден на секого му се случува нешто Да БолиТ. Си се споредил со некој подобар – Да БолиТ. Другарка ти се мажила ти не – Да БолиТ. Другар ти замина странство ти не – Да БолиТ. Ти замина странство другар ти не – Да БолиТ. Уште живејш со родители и сите дома вкупно имате 1947 години – Да БолиТ....
Приведен крадец во Струга
Post Views: 8 Во Струга во 03:50 часот на улица „Скопска“, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода М.Р.(28) од Република Албанија, информираат од МВР.Тој бил затекнат при излегување од куќа, каде што претходно извршил тешка кражба, при што одзел пари и разни предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Бројот на загинати во Турција и Сирија надмина 17 000
Post Views: 12 Според податоците на властите од Турција и во Сирија, бројот на загинати сега изнесува најмалку 17.176.Бројот на жртви во Турција се искачи на 14.014 – рече турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во текот на посетата на погодените подрачја во јужниот град Газиантеп.Вкупниот број на смртни случаи во Сирија изнесува најмалку 3.162, вклучувајќи 1900 во подрачјата кои се под контрола на бунтовниците на северозападниот дел, и 1262 смртни случаи кои се под контрола на Владата.
Земјотрес почувствуван во Охрид
Post Views: 9 Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала денеска во 11:57 часот е регистриран во близина на албанскиот град Елбасан. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 11 часот и 57 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.9 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Преспа, Охрид и околината.Како што јавуваат читатели на твм.мк, земјотресот бил почувствуван и во околината на маастирскиот комплекс Св. Наум, Љубаништа, но и во соседна Струга.
Ги запознаваме ретките болести : Канаванова болест
Post Views: 15 Канавановата болест за првпат била опишана во 1931 година од страна на американскиот патолог и истражувач д-р Миртел Канаван. Во својот труд, го опишала случајот на дете кое починало на 16-месечна возраст чиј мозок имал сунѓерестобел дел. Д-р Канаван била првaта којашто го идентификувала ова дегенеративно нарушување на централниот нервен систем, кое подоцна било именувано во нејзина чест.Канавановата болест е најчестото невролошко дегенеративно нарушување во детството. Претставува болест од групата генетски нарушувања наречени леукодистрофии, што доведува до...
До недела сончево и студено време
Post Views: 10 Во следните два дена ќе се задржи претежно сончево време со ниски утрински температури, кои во сабота ќе се спуштат и до -13 степени.Во недела ќе има зголемување на облачноста и услови за провејување на слаб снег на планините и на повисоките места. Од понеделник времето ќе биде стабилно со пораст на утринските и дневните температури, соопшти УХМР.
Вработените во ООУ Св. Климент Охридски со поддршка за ретките
Post Views: 14 Во знак на поддршка на лицата со ретки болести, вработените во ООУ ,, Св. Климент Охридски” – Охрид и директорот на училиштето Јордан Пуроски, ги обоија своите раце во боите на ретките болести.Тие испраќаат порака дека не треба да ги нагласуваме различностите туку заедно да изградиме подобра училишна средина и да го направиме училиштето подобро место за сите нас.Ако сонуваме сами, сонот останува само сон, но ако сонуваме заедно, еден ден сонот ќе стане реалност – гласи пораката на вработените во ООУ „Св. Климент Охридски“.
