Автор: инфодеск
Post Views: 302 Двата лански финалисти во Лигата на шампионите, Реал Мадрид и Јувентус, овој пат ќе се сретнат во четвртфиналето на најелитното фудбалско натпреварување, откако денешната ждрепка сакаше да ги спои овие два великани во битката за место меѓу најдобрите четири. Двојки во четвртфиналето се: Барселона – РомаСевилја – Баерн МинхенЈувентус – Реал МадридЛиверпул – Манчестер ситиПрвите мечеви се играат на 3 и 4 април, а реваншите на 10 и 11 април. Ждрепката за полуфиналињата е на 13 април, а последната елиминациска рунда пред финалето се игра на 24 и 25 април односно...
Се урна воен транспортен авион среде град
Post Views: 259 Индонезиски воен транспортен авион се урна на хотел и куќи во градот Медан на северот од Суматра при што загинале најмалку 37 лица. “Спрема последните податоци околу 30 лица загинаа…Таа бројка би можела да расте”, изјавил за Reuters Хисар Турнип, портпарол на индонезиската агенција за трагање и спасување. Во авионот биле 12 членови на екипажот, а биле на пат од базата во Медан кон оддалечените острови Натун. Авионот се урнал неколку минути по полетувањето, и тоа на две куќи, автомобил, а потоа прелетал над дрвата во паркот за да кулминира со огромен...
Паниката е влезена во целата нација
Post Views: 271 Граѓаните на Грција овие денови се во очај бидејќи банките ограничија исплата на пари и ги затворија своите врати до 6 јули. Тие имаат средства само да преживеат една седмица, но владата упорно им ја испраќа пораката “Без паника”! Но, многу е лесно тоа да се каже отколку навистина да се отствари во пракса за милиони луѓе кои живеат на работ од кога сфатија дека банките преку ноќ практични им го ускратија правото на своите пари. На вратите од банките се спуштени решетките, нивните вработени се пуштени на неодредено време, а банкоматите се пресушени,...
Microsoft Edge е официјален пребарувач во Windows 10
Post Views: 302 Помалку од еден месец остана до официјалното претставување на новиот оперативен систем – Microsoft Windows 10 – а токму сега е објавена новата верзија која носи нови промени, помеѓу кои и новиот веб пребарувач.Конкретно, новата верзија е веројатно последна пред финалната продукциската наречена Windows 10 Insider Preview Build 10158. Веста е објавена на официјалниот Windows blog, а најголемиот новитет е токму конечната имплементација на Microsoft Edge пребарувачот кој во потполност го менува проектот Spartan со чие претставување компанијата од Редмонд го...
Драматично предупредување на Дејвид Камерон
Post Views: 302 Британскиот премиер Дејвид Камерон предупреди дека милитантите на Исламската држава од Сирија и Ирак планираат “страшни” напади на територијата на Велика Британија, и додал дека исламистичките екстремисти претставуваат егзистенцијална закана на Западот.Изјавата на Камерон уследи по вооружениот напад во Тунис во кој со огнено оружје исламист уби 30 британски туристи, што британските политичари го опишаа како најтежок напад на Британци по терористичкиот напад во подземната железница во Лондон во 2005 година.“Станува збор за егзистенцијална закана бидејќи ова што...
Грчката влада ги затвори банките и воведе строга контрола на капиталот
Post Views: 328 Во исчекување на референдумот кој е закажан за 5 јули, грчката влада одлучи да ги затвори банките и да воведе строга контрола на капиталот за да се обиде да го стабилизира пазарот, но ограничувањата не се однесуваат на туристите и странците. Неизвесноста е поголема во поголемите градови, а посебна неизвесност владее во туристичките места каде ги очекува туристичката сезона. Она што може да се истакне, кога станува збор за туристите, е дека мерките за контрола на капиталот не се однесуваат за нив, а плаќањето со кредитни картички се одвива нормално. Владата на...
Курсот на еврото во опаѓање поради грчката криза
Post Views: 267 Курсот на еврото потона денес скоро за цели 2%, а остар пад на цените на акциите имаше на сите азиски берзи бидејќи на Грција и се заканува банкрот и бидејќи тамошната влада воведе капитална контрола за да го спречи излевањето на парите од банките.Азиските берзи први покажаа како инвеститорите реагираат на одлуката на грчката влада за затварање на банките и на воведувањето на капитална контрола од ризикот од банкрот на Грција.Бидејќи преговорите помеѓу Грција и кредиторите минатата недела пропаднаа, на таа членка ѝ се заканува банкрот на 30 јуни, кога за наплата...
Грчкиот парламент одобри референдум за 5 јули
Post Views: 242 Грчкиот парламент го одобри предлогот на премиерот Алексис Ципрас да се одржи референдум на 5 јули на кој граѓаните ќе одлучуваат за условите на меѓународните заемодавачи во замена за понатамошна помош, известуваат новинските агенции. Пратениците го поддржаа предлогот на премиерот со 178 гласа за и 120 против.Грчкиот премиер смета дека “не”на референдумот ќе ги зајакне позициите на преговарачката моќ. “Со чисто “не” ќе пратиме порака дека Грција нема да се предаде”, рекол Ципрас. Тој потсетил и дека Европјаните повеќе пати на референдуми ја изразувале својата...
Предлог за бојкот на Кока-Кола и Пепси во Русија
Post Views: 306 “Како предлог контрасанкции, предлагаме ограничување на увозот на производи од компаниите Кока-Кола и Пепси кои активно ги поддржуваат санкциите против Руската федерација”, му напишал Игор Зотов на претседателот Владимир Путин. Претседателот на партијата на Пензионерите повика на бојкот на популарните американски безалкохолни пијалоци Кока-Кола и Пепси, тврдејќи дека тие гиганти се главните спонзори на антируските политичари. Тој тврди дека тој потег дополнително ќе го поттикне домашното производство на безалкохолни пијалоци. Зотов, кој е пратеник во руската...
Ципрас ѝ сврте грб на ЕУ и најави референдум
Post Views: 246 Ципрас референдумот го најави на националната телевизија, потврдувајќи дека веќе го известил претседателот Павлопулос и најголемата опозициска партија Нова Демократија. Премиерот одлуката за референдум ја објави откако грчката влада го отфрли предлогот на меѓународните кредитори да се продолжи рокот за 5 месеци за програмата на финансиска помош со која Атина треба да прими 15,5 милијарди долари. За возврат кредиторите барале Грција да прифати да ги спроведе реформите на пензискиот и даночниот систем, а Ципрас кој победи на изборите токму со откажувањето од...
Терористички напад во хотели во Тунис
Post Views: 381 Нападот бил изведен во комплексот хотели Империјал Мархаба, се слушало пукање и една посилна детонација, а во целиот комплекс и понатаму владее паника. Еден од напаѓачите е убиен во престрелка со полицијата, а другиот е уапсен. Спрема последните информации, нападот го извеле две помлади лица од две страни – еден отворил оган во преполната плажа од хотелот, додека другиот влегол во комплексот низ друга зграда и таму почнал да пука на туристите. Во нападот се убиени 27 туристи и повеќемина се ранети. Полицијата го усмртила напаѓачот кој бил вооружен со...
Десет најдобри работодавачи во светот
Post Views: 241 Google повторно е најпосакуван работодавач помеѓу младите на новата листа на најдобри светски работодавачи.Во неодамна објавеното истражување на Universum, фирма која се занимава со анкетирање и истражување на јавното мислење, може да се види попис на најпосакувани работодавачи во светот. Анкетата е направена помеѓу студентите на економија и ИТ технологијата со прашањето – кој би бил за нив идеален работодавач. Како и во досегашните истражувања уверлива победа однесе Google. Таа компанија својот добар рејтинг го должи на креативното опкружување за работа,...