Skip to main content

Автор: инфодеск

grafik

Охрид и Струга во топ шест најзадолжени општини во првиот квартал од годинава

Post Views: 74 Во првиот квартал од годинава, според податоците од Министерството за финансии, вкупниот внатрешен долг на сите општини изнесува 64,1 милион евра, објави Порталб.мк. На должничката листа, во првите „50 најзадолжени“ во самиот врв се општините Охрид и Струга. Големи суми на долгови пријавиле и јавни претпријатија основани од општините.Доспеани, а неплатени обврскиОпштина...

Продолжи со читање

Славјан Митаноски изложба

Славјан Митаноски од ОУ„Кочо Рацин“- Охрид првонаграден на 48-та Државна ликовна изложба

Post Views: 69 Во НУ Центар за култура-Битола од денеска е отворена 48-та Државна изложба со детски ликовни творби која се одржува во рамки на манифестацијата „Илинденски денови 2023“.Славјан Митаноски, ученик во трето одделение при ООУ „Кочо Рацин“ во Охрид ја освои првата награда на Државната изложба на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“.Во изложбата е вклучен креативниот труд на 547 ученици од разни македонски училишта кои изработија 527 дела и 52 колеции, за што поддршка добија од стотина ментори.

Продолжи со читање

Св Кирил и Методиј

Македонија ги слави светите рамноапостоли Кирил и Методиј, втемелувачи на словенската писменост и култура

Post Views: 48  Денеска во Македонија се одбележува Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, кои се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Поради нивните заслуги за христијанството Светата црква ги прогласила за рамни на апостолите.Државната централна свеченост по повод празникот се одржува во Охрид под мотото „Писмото е нашиот универзум“ . Чествувањата започнаа синоќа со концерт во црквата Св. Софија. Денеска, во хотел „Инекс Олгица“ ќе се одржи панел дискусија...

Продолжи со читање

Охрид, Св Софија, фото: Ѓоко Симјаноски

Претпладне сончево и топло, попладне дожд

Post Views: 28 Денеска во Македонија, претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со услови за појава на град.Во Охрид претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне услови за дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во пораст, утринската до 10 степени , а максималната дневна ќе се искачи до 22 степени.И во следните денови, во Македонија, ќе се задржи променливо облачно и топло време, во...

Продолжи со читање

изложба Ѓоко Симјаноски

Самостојна изложба на охридскиот сликар Ѓоко Симјаноски -„Го сакам Охрид, ама го љубим и Тетоо“

Post Views: 66 Навидум обична ликовна приказна за дражот на Охрид, балканскиот Ерусалим и Тетово, „мау Париз“. Свеж потсетник за нашите ридести градови во кои се опеани песните за Билјана и Трпана, но и за не толку забележаното наследство околу нас, кое е сè помалку присутно.Ликовната изложба „Го сакам Охрид…ама го љубим и Тетоо“ на охридскиот сликар Ѓоко Симјаноски ќе биде поставена овој петок, на 26 мај, во Дом на АРМ / Музеј на тетовски крај, со почеток во 19 часот. Станува збор за целина од 45 охридски и тетовски мотиви, во сув пастел.Симјаноски, водителот на...

Продолжи со читање

Пропаст на Галичица

Евидентирана нова пропаст во Нaционалниот парк Галичица

Post Views: 69 Во текот на спелеолошките и биоспелеолошките испитувања во пештерите на Галичица, коишто се спроведуваат во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, евидентирана е нова пропаст, Кларова Пропаст.Кларова Пропаст е лоцирана на Преспанската страна од Галичица. Длабока е 20 метри и е богата со пештерските украси сливови и корали. Во пропаста живее лилјакот мал потковичар...

Продолжи со читање

Св Кирил и Методиј

Во Охрид централното одбележување на Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј

Post Views: 35 Под мотото „Писмото е нашиот универзум“, Владата на Република Северна Македонија во Охрид, организира дводневно свечено одбележување на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј.„Свеченото одбележување на празникот започнува денеска, во Охрид – колевката на словенската писменост. Оддаваме должна почит на непроценливата просветителска мисија на Светите Кирил и Методиј, со која ги поставија основите на сесловенската писменост и која е инспирација сите следни генерации. Нивното дело живее и денес.“ – наведува премиерот Димитар...

Продолжи со читање

Саем на невладини

Утре Саем на невладини организации во Охрид

Post Views: 37 Младински Центар Охрид, на ден 24.05.2023 (среда) ќе организира настан, односно Саем на невладини организации од граѓански сектор кои ќе ги промовираат своите програми пред младите и граѓаните со цел промовирање волонтерски можности за летниот период.„Ги повикуваме сите млади кои имаат желба да бидат активни на одредени настани кои самите ќе си ги одберат, да бидат активни на подолг период или пократок самите одлучуваат, да дојдат на саемот и да си одберат како ќе го поминат своето слободно време и ќе се надоградуваат како личности.“ – порачуваат од МЦО...

Продолжи со читање