Skip to main content

Автор: инфодеск

Градежни активности на патниот правец од пресекот со улицата „15ти Корпус“ до Велгошти

Views: 185 Општина Охрид ги известува жителите на село Велгошти и сите оние кои гравитираат во тој дел, денес и во наредните неколку денови ќе се вршат градежни активности на патниот правец од пресекот со улицата „15ти Корпус“ до Велгошти, и ги повикува сите учесници во сообраќајот да бидат  внимателни при движењето по оваа улица.

Продолжи со читање

Три недели гостиварчани пиеле загадена вода, aнализите покажаа дека коннцентрацијата на колиформни бактерии била 48 пати над дозволената граница

Views: 220 Основното јавно обвинителство Гостивар ги објави резултатите од анализите на водата за пиење, кои покажуваат сериозно загадување поради што таа е оценета како небезбедна и неупотреблива за каква било намена. Во врска со случајот е отворена истрага против в.д. директорката на ЈП „Комуналец“ – Гостивар и уште двајца раководители, кои се приведени.Обвинителството соопшти дека против тројцата е поведена истражна постапка за кривичното дело „Тешки дела против животната средина и природата“, поврзано со загадување на вода за пиење.Според сомнежите, осомничените, како в.д....

Продолжи со читање

Вечерва на „Охридско лето“ концерт по повод 60 години Факултет за музичка уметност

Views: 181 Во рамките на фестивалската програма на „Охридско лето“ вечерва со „Алумни“ концерт ќе се одбележат 60 години Факултет за музичка уметност при Универзитетот „Св. „Кирил и Методиј“ – Скопје.Во катедралната црква  „Света Софија“ ќе настапат Kатерина Костадиновска – Гелебешева, Глигор Гелебешев, Кристина Светиева, Милена Арсовска, Весна Гиновска Илкова, Златко Мадевски, Ана Дурловски, Игор Дурловски, Надица Ристиќ – Симовиќ, Дарко Багески и Јанинка Навчева.На програмата се дела од Морлачи, Пуланк, Лист, Лалие, Белини, Верди, Фон Супе, Хачатурјан и Пијацола.Почетокот на...

Продолжи со читање

Денес до 33 степени во Охрид, следуваат дожд, грмежи и пад на температурите

Views: 202 Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец.Денес во Охрид температурите од 16 до 33 степени Целзиусови.Од УХМР најавуваат дека до петок под влијание на серија на влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на...

Продолжи со читање

Светиот великомаченик Прокопиј

Views: 191 Роден е во Ерусалим, од татко христијанин и незнабожна мајка. Името најпрво му беше Неаниј. По смртта на таткото, мајката го воспита синот сосема во духот на римското идолопоклонство. Кога Неаниј порасна, го виде еднаш царот Диоклецијан и толку го засака, што го зеде кај себе во дворецот на војничка служба. А кога овој злочестив цар почна да ги гони христијаните, го одреди Неаниј да оди со еден одред војска во Александрија за во неа да ги сотре христијаните. По патот на Неаниј му се случи нешто слично како на Савле. Во третиот час од ноќта стана голем земјотрес, при што му се...

Продолжи со читање

Точење на гориво

Ново поскапување на горивата иако Владата повторно ги намали акцизите на бензинот и дизелот

Views: 317 Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,88% во однос на одлуката од 13.7.2026 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 9,003%, кај дизелот за 14,963%, кај екстра лесното масло за 13,200% и кај мазутот зголемувањето е за 10,686%. Курсот на денарот во однос на доларот во...

Продолжи со читање

Македонски просветители

Од денес засилени безбедносни мерки во Охрид поради посетата на претседателката на Индија

Views: 222 По повод престојната посета на претседателката на Индија, Драупади Мурму на Охрид, Секторот за внатрешни работи Охрид ги известува граѓаните дека од денеска до 22 јули 2026 година, кога индиската претседателка ќе престојува во Охрид, ќе се преземаат засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај.–Активностите се насочени кон физичко и сообраќајно обезбедување на сообраќајниците и други објекти за што се веќе остварени контакти со службите од локалната самоуправа како и со сите правни субјекти одговорни за одржување на патиштата и улиците во градот, со Фондот...

Продолжи со читање

Туристичката сезона засега под очекувањата

Views: 217 Охрид го живее шпицот на туристичката сезона. Улиците, плажите и угостителските објекти се исполнети со домашни и странски гости, особено за време на викендите, а најголемата раздвиженост традиционално се очекува во деновите пред и по Илинден.Туристичките работници велат  сезоната засега не ги исполнува очекувањата. . Гости  има, но нивната куповна моќ е послаба. За да се надминат резултатите од претходните години, , потребни се нови пазари.„Мислам дека пазарот се заситува од една одредена дестинација. Треба да се прават истражувања и да...

Продолжи со читање