Skip to main content

Автор: инфодеск

Козметичка линија на база на пиво

Post Views: 267 Carlsberg ја лансира Carlsberg Beer Beauty, линија на машки козметички производи која вклучува шампон, регенератор и лосион за тело.За разлика од екстензиите на некои брендови, кои само го носат популарното име, шампонот на Carlsberg во себе навистина содржи половина литар лиофилизирано пиво (замрзнато и вакумски суво) во секоја боца од 250 ml.Добро е познато  дека јачменот и хмељот во пивото (богати со витамини и протеини) се добри за здравјето на вашите фоликули, но се поставува прашањето колку љубителите на пиво ќе прибегнат на оваа козметичка линија на...

Продолжи со читање

Интересен потег на Facebook со својот сервис Messenger

Post Views: 281 Имено, од сега во неколку земји Facebook не инсистира од корисниците кои сакаат да користат messenger истовремено да мораат да имаат профил на најголемата социјална мрежа во светот.На корисниците од сега ќе им се прикаже ново прозорче “Not On Facebook” со чија помош ќе може да се регистрираат корисниците само со својот број на телефон. Кога еднаш ќе се отвори сметка на Messenger, корисниците ќе можат да пребаруваат на Facebook, и да контактираат луѓе кои немаат нужно оставено број на телефон.Овој потег на Facebook е во борбата против СМС-ите, кои сеуште се...

Продолжи со читање

Официјално е достапна опцијата за поништување испратен e-mail

Post Views: 312 На сите им се случило електронската пошта која сме ја испратиле да не била наменета за тој што сме ја пратиле или уште полошо содржината на пораката да не е соодветна за тој што ќе ја прими, но Google воведе алатка со која ќе се избегнат непријатности.Причините за кои се сака повлекување на пораката воопшто и не се важни туку е важно дека оваа опција постои и станува интегрален дел од Gmail, еден од најпопуларните сервиси за електронска пошта во светот. Иако веќе шест години постои опцијата “undo send” (не за сите корисници) сепак таа сега станува и официјално...

Продолжи со читање

Историски успех на ракометарите на Охрид

Post Views: 317 Ракометарите на Охрид си приредија мала историја, пласирајќи се во 2. коло од ЕХФ-купот и тоа во својот дебитантски излез во Европа.Охриѓани го елиминираа холандски Волендам дури во последната минута од двомечот во „Билјанини извори“, со победа од 24-23. Одеа по работ во завршните десет минути од реваншот, но успеаја да слават по вчерашните 24-24 најмногу благодарение на голманот Благојче Трајковски.Тој се испречи кога Волендам тргна во налет и ја стопи предноста од четири гола (20-16) и во 52. минута изедначи на 20-20. Се играше гол за гол, а Холанѓаните имаа и...

Продолжи со читање

Викиликс: САД шпиунирале тројца француски претседатели

Post Views: 290 Соединетеите Американски Држави ги шпиунирале последните тројца француски претседатели помеѓу 2006 и 2012 година, Жак Ширак, Николас Саркози и Франсоа Оланд, произлегува од документите на основачот на Викиликс, кој во вторник ги објави весникот Liberation и интернет страницата Mediapart.Документите се означени како најголема тајна, а се состојат од пет извештаи на NSA темелени на комуникациите и биле наменети за американската разузнувачка заедница, пишува Liberation.Најсвежиот објавен документ е со датум 22 мај 2012 година, неколку дена пред стапување на...

Продолжи со читање

Јужна Кореја инсталира 5G мрежа

Post Views: 255 Корејските медиуми тврдат дека тамошните оператори веќе работат на изработка на инфраструктура за 5G мрежа, а до крајот на десетлетието би можело цел свет беспрекорно да сурфа со брзини до 20Gbps. Имено, 5G е мрежа на новите генерации кои би требало да ги наследат постоечките 3G и 4G протоколи за интернет на паметните телефони и кои ќе претставуваат револуција во светот на сообраќајот на податоци.За 3G прв пат се слушна во 2010 година кога се овозможи пренос на податоци (download) до 384 Kbps за да во 2012 овој протокол доживее напредок и да поддржи максимални...

Продолжи со читање

Загина добитник на два Оскари

Post Views: 247 Засекогаш ќе остане запаметен по големиот хит “My heart will go on”(Titanic), но и по музиката која ја компонираше за филмовите “Avatar” и “Braveheart”.James Horner (61) загина при пад на авион во понеделникот наутро, а се верува дека авионот двосед беше во негова сопственост бидејќи покрај музиката, летањето беше негова голема страст.James беше искусен пилот со многу часови летање, а причините за падот сеуште не се познати. Неговата смрт ја потврдила неговата асистентка Sylvia Patrycja на својата Facebook страница.“Изгубивме неверојатна личност со големо срце и...

Продолжи со читање

Паника во грчките банки, подигнати две милијарди евра во два дена

Post Views: 232 Европската централна банка на состанокот на министрите за финансии на еврозоната изјавила дека не е сигурна дали во понеделник грчките банки ќе отворат да работат, со оглед дека Грците се во страв од банкрот на државата и засилено ги вадат своите пари од банките. Грција мора до 30 јуни да му исплати на ММФ рата од 1,5 милијарди евра, но грчката каса е празна поради што на земјата и се потребни 7,2 милијарди евра понатамошна помош за да не дојде до банкрот и излегување од еврозоната. Во страв од таков развој на случувањата од грчките банки само од понеделникот...

Продолжи со читање

Volkswagen се дели на четири компании

Post Views: 244 Третиот светски производител на автомобили Volkswagen (VW) го менува своето корпоративно работење со цел зголемување на производството. Три извори, внатре во корпорацијата, изјавиле за Reuters дека компанијата ќе се подели на четири компании од кои една ќе биде задолжена за широкиот пазар на марки на автомобили, друга за камиони, а преостанатите две за премиум брендови, една на чело со Audi, а другата со Porshe. Новата структура на корпорацијата би требало да биде составена од најдобрите менаџери до крајот на летото. Со оглед на реструктуирањето на комплетното...

Продолжи со читање

Банкнотата од десет американски долари ќе ја краси женско лице

Post Views: 237 Прв пат во сто години една жена ќе се најде на банкнотата од 10 американски долари која ќе биде пуштена во промет во 2020 година, објавија властите на САД. Идентитетот на личноста која ќе ја краси банкнотата ќе се открие во текот на оваа година по консултацијата со јавноста, изјавил американскиот министер за финансии Jacob Lew. Не најавувајќи на кого ќе му припадне конечниот избор, Lew рекол дека тоа “мора да биде жена која работела на унапредување на демократијата”. Претходна жена на која и било укажано чест да се најде на зелената банкнота била Martha...

Продолжи со читање

Загрозени најпопуларните модели на Samsung

Post Views: 257 Со оглед на сѐ поголемиот број на корисници на паметни телефони, како и фактот дека во нив се сите важни приватни информации, мобилните уреди последните години стануваат сѐ поинтересна мета на хакерите. Иако нападите и понатаму се почести на компјутерите, ситуацијата полека се менува, а најзагрозени се корисниците на оперативниот систем на Google, Android. Последните информации поврзани за опасен безбедносен пропуст кој хакерите би можеле да го искористат е поврзан со телефоните на Samsung. Од безбедносната компанија NowSecure откриле пропуст поврзан со SwiftKey...

Продолжи со читање

Почина кралот на Лас Вегас

Post Views: 261 Американскиот милијардер Kirk Kerkorian, кралот на Лас Вегас, некогашен холивудски магнат, почина во 98 година од својот живот, објави портпаролот на компанијата Metro-Goldwin-Mayer (MGM). Тој е роден во Калифорнија во 1917 година во семејство на американски имигранти, го напушил образованието и работел како доставувач на весници, чувар во куглана и аматерски боксер. За време на втората светска војна се придружува на Канадското воздухопловство, а потоа ја основа компанијата за приватни авиони кои ги поврзуваше Лос Анѓелес и Лас Вегас, а продажбата во 1968...

Продолжи со читање