Skip to main content

Автор: инфодеск

Јабланица

Се реафирмира иницијативата Јабланица да се прогласи за Национален парк

Post Views: 86 Македонското еколошко друштво (МЕД) ја  реафирмира иницијативата за прогласување на Јабланица за национален парк. Еколозите сметаат дека на тој начин ќе престане  девастацијата на шумите, узурпацијата на земјиштето и  дивоградбите. Соголувањето на шумите и нелегалните градежни активности  се клучните предизвици на планинскиот појас, познат по  ендемичната флора и фауна.За поголема заштита на природното богатство, еколозите бараат час поскоро да заврши постапката за заштита.„Систематското уништување на природните ресурси не престанува, за жал. И да...

Продолжи со читање

Дебрца

Без вода останаа неколку села во Дебрца, ЕВН ги исклучи пумпите од напојување

Post Views: 56 Без вода за пиење во моментов се Арбиново, Издеглавје, Слатински Чифлик, Мешеишта, Требеништа, Горенци, Оровник и Подмоље.Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ ги известува граѓаните на Дебрца дека пумпните станици за вода во Арбиново, Издеглавје, Требеништа, Мешеишта и Оровник се исклучени од снабдување со електрична енергија од страна на ЕВН.„Еднострано и спротивно на правилата за снабдување со електрична енергија ЕВН вчера во вечерните часови ги исклучи пумпите.“ – велат од јавното претпријатие.ЈПКД Дебрца разговара за...

Продолжи со читање

гинеколошки прегледи

На 25мај започнува со работа мобилна амбуланта за бесплатни гинеколошки прегледи во Дебрца

Post Views: 95 Црвен крст Охрид во соработка со Министерството за здравство, Македонската асоцијација на гинеколози и опстетичари – МАГО, Македонското лекарско друштвои  УНФПА – Фондот за население на Обединетите нации овозможува работа на мобилна амбуланта во која ќе се вршат бесплатни гинеколошки прегледи за жените од населените места од Општина Дебрца, со цел превенција од рак на грлото на матката.„Ги известуваме и охрабруваме сите жени на територијата на  Општина Дебрца, кои сакаат да извршат бесплатен гинеколошки преглед, вклучувајќи и ПАП тест, да се обратат или да се...

Продолжи со читање

Свр Охрид

Кривична за охриѓанец за бесправно градење

Post Views: 41 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 64годишно лице Охрид, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”.„Тој, на катарстарска парцела во Охрид, неовластено и противправно, без да поседува соодветно одобрение од надлежен државен орган, изградил објект од метална конструкција. На 01.03.2023, од страна на овластен градежен инспектор при Одделението за инспекциски надзор бил извршен надзор кој ја констатирал нелегалноста на градбата од инвеститорот и донел решение за отстранување на градбата.“ – информираат од...

Продолжи со читање

Полетарче Црвен Крст

Доделени сертификати на дечињата од пролетниот циклус на „Полетарче“

Post Views: 41 Со насмевки, игра, забава и дружење децата што ја следат програмата воедукативниот центар на Црвен крстОхрид, „Полетарче“го завршија пролетниот циклус на Програмата за подготовка на деца за во училиште.Оваа програма веќе втора година се спроведува во Црвен крст Охрид, а ја следат деца од 3-5 годишна возраст кои имаат единствена можност, преку игра, забава и дружење да ја развиваат и јакнат самодовербата,да применуваат креативни вежби за размислување, вежби на графомоторика, вежби на фина моторика, вежби за осознавање и разбирање на просторните и...

Продолжи со читање

Уставен суд

Уставен суд денеска ќе одлучува за оспорени решенија од РКЕ за Водовод и Нискоградба Охрид

Post Views: 51 Уставниот суд денеска треба да ја одржи 20. седница, а на дневен ред се три иницијативи за оценување на уставност и предлог за одлучување по еден предмет.Уставните судии ќе ги разгледуваат иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Указот за прогласување на Законот за јавното обвинителство, на Законот за јавното обвинителство и на член од Законот за финансиска поддршка на социјално ранливите категории на граѓани за справување со енергетската криза.Ќе се расправа и за оспрени решенија донесени од Регулаторна комисија за енергетика и водни...

Продолжи со читање

мал битолски монмартр

Започнува 42-то издание на ликовната колонија „Мал битолски Монмартр”

Post Views: 49 Во Битола, пред платото на Детско ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“, вечерва свечено ќе биде отворена 41-та Меѓународна ликовна изложба и ќе биде доделена наградата Гран при што им припадна на младите ликовни творци од Хонг Конг, Кина. Годинава Малиот битолски монмартр одбележува 55 години од основањето на Детското ликовно студио.На годинешната ликовна колонија учествуваат над 100 млади ликовни уметници и педагози од Кина, Индија, Романија, Полска, Словачка, Турција, Бугарија, Србија, кои заедно со своите врсници и колеги од Северна Македонија освен во...

Продолжи со читање

Македонско знаме

Среда е неработен ден, набрзо уште еден продолжен викенд

Post Views: 45 24 мај, Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“, е неработен за сите граѓани, согласно со Законот за празници.Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани им го честита празникот “Св.Кирил и Методиј“.Воедно, Министерството соопштува дека согласно со Законот за празниците, 23 мај, (вторник), Национален ден на Власите, е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница во земјава.Министерството на граѓаните припадници на влашката заедница им го честита Националниот ден на Власите.На 2-ри јуни православните...

Продолжи со читање