Skip to main content

Автор: инфодеск

Градски гробишта

Охриѓанец затекнат при кражба во Градски гробишта

Post Views: 76 На 18.05.2023 околу 13 часот, при вршење кражба од кругот на Јавното претпријатие „Градски гробишта” во Охрид, бил затекнат А.А.(51) од Охрид.„Одземените предмети се вратени на претпријатието, а по целосно расчистување и документирање на случајот против А.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.“ – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Риболов

Според министерот за земјоделие концесијата за риболов на Охридско Езеро не се коси со УНЕСКО

Post Views: 40 Наспроти реакциите на еколозите, министерот за земјоделие смета дека издавањето на Охридското Езеро под концесија не се коси со препораките на  УНЕСКО. Според него, концесијата  за стопански риболов ќе придонесе за поголема заштита на рибниот фонд, ќе воведе ред и контрола. Ќе се намали рибокрадството и ќе се води грижа за изловувањето на ендемичните риби.„Сметам напротив секоја концесија става ред, ако сакаме нешто да заштитиме, ако се грижиме за животната средина , ако се грижиме за рибите , ако сакаме да ја спречиме сивата економија и да владее законот...

Продолжи со читање

Полициско возило

Приведен Холаѓанец во Струга кој илегално влегол во државава

Post Views: 52 На 18.05.2023 околу 14.00 часот од хотел во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го приведоа А.Х.Д.М.(35) од Холандија, затоа што претходно остварил илегален влез во државата.„Тој е предаден на полициски службеници за прекуграничен криминал и имиграции при Регионалниот центар за гранични работи Запад. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.“- информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Полицаец Талески Куп Охрид

Кривична пријава и суспензија за полицаецот што го удри со пендрек ракометарот Талески

Post Views: 36 Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди (ОВККИПС) до Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје, поднесе кривична пријава против Х.Р., вработен како полициски службеник во полициска станица на подрачје на СВР Охрид, поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело „малтретирање во вршење на службата”, по член 143 став 1 од...

Продолжи со читање

ГРК Охрид против Еурофарм Пелистер

ГРК Охрид во сабота против Еурофарм Пелистер – битката за Европа е отворена

Post Views: 39 Викендов на програмата се натпреварите од 13. коло од плеј-офот на ракометната Супер лига. Ракометарите на Охрид во сабота на домашен терен ќе го пречекаат фаворитот Еурофарм Пелистер од Битола.На овој натпревар, кој за Охрид ќе биде последен на домашен терен, битолчани ќе бидат апсолутни фаворити за триумф, а за Охрид, секој резултат освен пораз ќе биде големо изненадување.Ова рунда е претпоследна, а битката за Европа за Охрид е отворена. Четвротото место води во Европа, а Охрид е на 5. место со два бода помалку од четвртопласираниот Тиквеш. До крајот има...

Продолжи со читање

Белчишко блато

Во Дебрца ќе се одбележи 22 Maj-Светскиот ден на биолошката разновидност и Денот на Натура 2000

Post Views: 52 Во Белчишта -Белчишко Блато, во понеделник ќе се одбележи 22 МаЈ – Светскиот ден на биолошката разновидност и Денот на Натура 2000.На настанот свое обраќање ќе имаат Каја Шукова, министерка во Министерството за животна средина и просторно планирање, Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ во Македонија, Зоран Ногачески, градоначалник на општина Дебрца, Ѓоко Зороски, претставник на Здружението за екологија и туризам “Екотуризам 2016”, Даниел Богнер, тим лидер на проектот „Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и CITES“,Белчишкото Блато “Сини Вирој”...

Продолжи со читање

Боград детска трка

Во Струга Боград детска трка посветена на децата со ретки болести

Post Views: 43 Во сабота во Струга за првпат ќе се одржи детска трка посветена на децата со ретки болести. Дел е од третата „Трка на поезијата“. Овогодишното издание на детската трка добива и уникатно име, Хотел Боград како генерален покровител на детската трка заедно со здружението „Ретко е да си редок” максимално се вклучија во оваа кампања за поддршка на децата со ретки болести.„Да бидеме гласот на децата со ретки болести, кои се сè побројни и со најразлични дијагнози, за кои за повеќето нема никаков лек. За жал, меѓу новодијагностицираните има и дечиња кои само...

Продолжи со читање

Џудо клуб Дрим

Струшкиот џудо клуб „Дрим” со 14 медали и пехар на Меѓународниот „Скопје Опен 2023″

Post Views: 55 14 медали и пехар за најуспешната екипа на помладите пионери во женска конкуренција за џудо клубот „Дрим” од Струга, на меѓународниот натпревар „Скопје Опен 2023″, кој се одржа изминатиот викенд во Скопје.Со медали од помладите пионери и пионерки се закитија Мишела Јаулевска и Давид Спироски со златни медали, Катерина Клењоска, Мила Стојмиловска, Драган Антониески и Елеонора Јосифоска со сребрени медали, додека пак Божидар Јуловски, Мартина Салви и Христијан Вранишкоски со бронзени медали. Стефанија Блажеска и Трајче Нелкоски останаа без...

Продолжи со читање