Skip to main content

Автор: инфодеск

15 години од првиот БРЕИНОБРЕИН час на Балканот и во Македонија

Post Views: 130 Вчера се одбележаа точно 15 години откако во Црвен крст Охрид се одржа првиот час на Балканот и во Македонија, на интернационалната едукативна програма за развој на животни вештини БРЕИНОБРЕИН. -Со гордост ја истакнуваме 15 годишната успешна работа на Центарот за развој на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-ЦРВЕН КРСТ ОХРИД, која се огледа пред се во постигнувањата на децата кои ја следат програмата и бројните освоени награди и признанија на државни  меѓународни Бреинобреин натпревари, посветеноста и професионалноста на нашите тренери, како и поддршката од...

Продолжи со читање

Граѓанска трибина на СДСМ и Коалицијата во Охрид

Post Views: 313 Караванот на СДСМ и Коалицијата денес ќе биде во Дебарца и Вевчани во 17:30 часот, во Струга во 18:30, а граѓанската трибина во Охрид ќе започне во 20 часот во хотелот Славија.На трибината ќе биде одржана официјалната промоција на кандидатот за градоначалник Асен Шајн и листата на кандидати за советници од СДСМ, а гостин ќе биде претседателот на СДСМ д-р Венко Филипче.

Продолжи со читање

ЕВН: Се работи на нормализирање на снабдувањето со електрична енергија за сите корисници

Post Views: 168 Поголем дел од Охрид и Дебрца минатата вечер и сабајлево беа без струја поради дефект во електродистрибутивната мрежа.Од ЕВН Македонија информираат дека се работи за дефект и без електрично напојување се делови на Охрид и Дебрца, но екипите на претпријатието се на терен и работат на санирање на истиот.-Поради испад на извод на 110кВ трафостаница „Охрид 1”, без напон останаа 207 трафостаници (10/0,4кВ) во Охрид. Екипите на Електродистрибуција веднаш интервернираа на терен и го вратија снабдувањето за поголем дел од корисниците. Моментално само 23...

Продолжи со читање

82 години од издавањето на Манифестот на Главниот Штаб на НОБ и ПОМ

Post Views: 140 Денес, во село Црвена Вода денеска се одбележува 82 годишнината од издавањето на Манифестот на ГШ на НОБ и ПОМ и други значајни настани од НОБ и Револуцијата во 1943 година.За време на шестомесечниот престој на највисокото воено-политичко раководство на НОБ во Црвена Вода, донесени се многу документи, значајни за создавањето на сопствена држава, желба на многуте генерации низ минатите векови. Главниот Штаб на НОВ и ПОМ под раководство на Генерал Михајло Апостолски, на 3 Октомври 1943 година, го издаде Манифестот, во кој беа изнесени целите на НОВ во...

Продолжи со читање

Прекин во водоснабдувањето на неколку охридски улици

Post Views: 151 Поради интервенција на водоводната мрежа денес од 10:00 до 11:00 часот, без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Кеј Македонија“ , „Партизанска“ со сите споредни улици, „Славеј Планина“, дел од Бул.„Туристичка“, дел од „Јане Сандански“, „Димитар Влахов” со сите споредни улици и стариот дел на градот.

Продолжи со читање

Аеродромот во Минхен привремено затворен, забележани беспилотни летала 

Post Views: 147 Аеродромот во Минхен утрово е отворен откако минатата вечер беше затворен поради неидентификувани дронови во воздушниот соопбраќај, што доведе до откажување на повеќе од 15 летови.Најмалку 17 авиони беа приземјени, што погоди околу 3.000 патници, додека уште 15 авиони беа пренасочени кон други аеродроми. Портпаролот на авиокомпанијата „Луфтханза“ изјави дека летовите утрово продолжиле според планираното.Прекинот во Минхен следи по неодамнешни инциденти со дронови низ Европа, кои предизвикаа привремени затворања и големи пренасочувања на аеродромите,...

Продолжи со читање

30 години од атентатот врз Киро Глигоров

Post Views: 212 Пред точно 30 години врз Глигоров беше извршен неуспешен обид за атентат. Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди на главата.На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Исто така, на повредите подоцна им подлегна и Ристо Хаџиманов, пензионер, инаку случаен минувач покрај местото на настанот. Нападот беше извршен со автомобил-бомба на 3 октомври во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот “Бристол” во Скопје, кога Глигоров со службено возило се движел од неговата...

Продолжи со читање

Светиот великомаченик Евстатиј Плакида

Post Views: 149 Голем римски војсководец од времето на царевите Тит и Трајан. Иако незнабожец, Плакида (тоа е неговото незнабожечко име) беше човек праведен и милостив, сличен на капетанот Корнилиј, кого го крсти апостолот Петар (Дела 10). Еднаш, одејќи во лов, тој подгони еден елен. По Божја Промисла, меѓу роговите на еленот се јави светол крст и дојде глас Господов до Плакида што го упати да отиде кај христинјанскиот свештеник и да се крсти. Се крсти Плакида и неговата жена и нивните два синa. На Крштението тој го доби името Евстатиј, жена му – Теопистија, што значи...

Продолжи со читање

Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, од утре стабилизација

Post Views: 117 Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места од дожд и снег, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.Од УХМР информираат дека под влијание на циклонска активност нашата држава е зафатена од студен бран кој доаѓа од северните делови на континентот. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 l/m² дожд. За време на викендот времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура, а дневната ќе биде во благ пораст.Денес во Охрид минималните температури од 2, а...

Продолжи со читање

Словачката амбасадорка Хрицова во посета на Општина Охрид

Post Views: 112 Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков денеска во својот кабинет ја прими новоименуваната амбасадорка на Република Словачка во државава, Ивета Хрицова.Соговорниците ги разгледуваа можностите за потпишување Меморандум за соработка  помеѓу  Охрид и Нитра,градовите од Македонија и Словачка кои ги обединува наследството на Светите браќа Кирил и Методиј, а имаат и приближно ист број на жители и изобилие од културни знаменитости.Се разговараше и за учество на словачки уметници и словачка ноќ на најпрестижната културна манифестација кај нас, фестивалот Охридско...

Продолжи со читање

Game Dev Rev 2025: Првата конференција за развивање на игри во Македонија

Post Views: 142 Првата Game Dev Rev (GDR 2025) ќе влезе во историјата како прва конференција во Македонија целосно посветена на развивањето игри. Настанот ќе се одржи во Скопје на 16 октомври 2025 година и ќе ги обедини младите девелопери, искусните професионалци, инди студијата и лидерите во индустријата преку инспиративни говори, колаборација и иновација.Нов почеток GDR25 не се фокусира само на една единствена тема, туку на насока – Почетокот. Тој симболизира создавање, раѓање, каписла и револуција. Конференцијата има цел да отвори ново поглавје на македонската...

Продолжи со читање

Шајн: Во срцето на нашата програма е визијата за Охрид – Модерен град, град на УНЕСКО

Post Views: 182 Време е Охрид да добие нов лик, достоен за неговата историја и културно богатство, порача на денешната прес конференција кандидатот за Градоначалник од СДСМ и Коалицијата, Асен Шајн.„ Нашата визија „Охрид – Модерен град, град на УНЕСКО“ е проект што го ставаме во срцето на нашата програма, затоа што знаеме што значи Охрид за цела држава, а и за светот пошироко. Овој проект значи модернизација со почит кон традицијата. Ќе работиме на тоа Охрид да стане поуреден, почист, со повеќе зеленило, со организиран сообраќај, со повеќе култура и простори за одмор и...

Продолжи со читање