Skip to main content

Автор: инфодеск

Нови скандали го тресат Ватикан

Post Views: 288 Во северна Италија еден свештеник е разрешен и оддалечен од црквата под обвинение дека учествувал во хомосексуални оргии а партнерите ги пронаоѓал на интернет. Друг свештеник пак, на југот од Италија е под истрага поради убиство на една жена во парохијата. Во црквата која ја води отецот Gratien Albi, свештеник од Конго, се пронајдени коски од жена под камените плочи во капелата. Тие припаѓале на Guerrini Piscagli, 50 годишна жена која исчезнала минатата година во близината на Арецо, пишува Independent. Италијанските медиуми пишуваат дека Albi со дотичната имал и...

Продолжи со читање

Светското првенство во фудбал во Катар специфично по многу нешта

Post Views: 312 Катарските власти трошат 500 милиони долари неделно за да ги завршат сите планирани проекти до почетокот на Светското првенство во фудбал кое во 2022 година ќе се одржи во таа земја од 21 октомври до 18 декември. “Трошиме скоро 500 милиони долари неделно и така ќе биде додека не се завршат работите. Вкупната пресметка изнесува околу 200 милијарди долари”, рекол катарскиот министер а финансии Али Шариф Ал-Емади. “Не сакаме да се доведеме во ситуација да ги средуваме стадионите, а првенството да започне и луѓето да пристигнуваат во нашата земја”, рекол...

Продолжи со читање

Големите компании вложуваат во образование на своите вработени

Post Views: 282 Американскиот ланец на кафетерии Starbucks на своите вработени ќе им овозможи бесплатно образование на Универзитетот Аризона, давајќи им така прилика да се стекнат со диплома. Ваква пракса Starbucks веќе спроведува кај некои свои вработени а сега таа прилика ја шират на поголем број лица кои работат во најголемиот ланец на кафетерии во светот. Од компанијата соопштиле дека понудата е за 140.000 вработени или 75% од вкупниот број на вработени. “Ваква програма првенствено е усмерена спрема нашите помлади вработени а посебно спрема оние кои немале финансиски можности...

Продолжи со читање

Откриена масовна гробница во палатата на диктаторот

Post Views: 277 Во Тикрит, родното место на Садам Хусеин, кој од средината на минатата година се наоѓаше под окупација на Исламската држава, е пронајдена масовна гробница и се верува дека во неа се наоѓаат најмалку 1.700 ирачки војници, јавува CNN. Исламската држава порано истакнуваше дека 1.700 војници, заробени во јуни минатата година во близина на ирачката база кај Тикрит, се екзекутирани во кругот на палатата во која е закопан екс диктаторот. Форензичарите досега откопале 20 тела, а пронајдени се 12 гробови. Сведокот, еден ирачки војник кој за чудо го избегнал масакрот...

Продолжи со читање

Турција повторно блокира пристап до социјалните мрежи

Post Views: 245 Турција по втор пат годинава го блокира пристапот на YouTube и Twitter, пред парламентарните избори во јуни. Корисниците на интернет во Турција пријавиле проблеми со пристапот на соцјалните мрежи, а многумина пристапуваа на виртуелни приватни мрежи за да ја заобиколат блокадата. Спрема пишувањето на Hurriyet, турското обвинителство побарало забрана на социјалните мрежи откако минатата недела по интернет кружеа фотографии на левичарски милитанти кои го киднапираа обвинителот, а притоа беа убиени тој и двајца милитанти. Забраната за Facebook е укината откако...

Продолжи со читање

Microsoft го прослави својот 40-ти роденден

Post Views: 266 Компанијата на 4 април 1975 година ја основаа Bill Gates и Paul Allen, а од мал софтверски производител за Altair компјутерите и подоцна за IBM-компатибилните PC уреди, од осумдесетите години на минатиот век па сѐ до денес, прерасна во најдоминантната компанија на светот. Во овој период компанијата изроди три милијардери (од кои Bill Gates е најбогатиот жив човек) и 12.000 милионери, кои работеле во Microsoft. Денес Microsoft вработува преку 125.000 луѓе ширум светот и е трета највредна компанија на светот – пред неа се само Exxon Mobil и конкурентот Apple, додека...

Продолжи со читање

Се продава една од најголемите колекции на Swatch

Post Views: 238 Една од најголемите приватни колекции на часовници Swatch на светот, која 25 години ја собирал пасиониран љубител, оваа недела оди на продажба во Хонг Конг и се очекува дека би можела да достигне цена поголема од 1,2 милиони евра. Swatch внесе нов живот во швајцарската индустрија на часовници на почетокот на 80-те со својот имиџ на колорит и пластика и кои беа достапни часовници кои станаа култен феномен. Оваа колекција од повеќе од 5.800 часовници, меѓу кои се и ограничени изданија со потписи на уметници како што се Kiki Picasso и Keith Haring, Sotheby’s ќе ги...

Продолжи со читање

Третата економија во еврозоната би можела да биде поголем проблем од Грција

Post Views: 253 Ако кризата во Грција е акутна, тогаш онаа во третата економија по големина во еврозоната, Италија, може да се нарече хронична, наведува американскиот Wall Street Journal, додавајќи дека европската монетарна унија ќе се соочи со проблем многу поголем од грчкиот, доколку податоците од Рим во мај не покажат дека Италија е излезена од тригодишната рецесија. Италијанското стопанство всушност опаѓа веќе со десетлетија. Спрема податоците на ММФ во ’80-те просечниот годишен раст на БДП изнесувал 2,1% за да во ’90-те падне на 1,4%, а во првото десетлетие од овој век...

Продолжи со читање

Доларот трета недела по ред во опаѓање

Post Views: 238 На светските берзи доларот падна и минатата недела во однос на еврото, а тоа е трета недела по ред, а причината за тоа е успорувањето на растот на американската економија и поизвесното одлагање на федералната банка дека ќе ја одложи одлуката за зголемување на каматите. Курсот на еврото зајакна минатата недела во однос на доларот за 0.7%, на 1,0970 долари, а во петокот во еден момент се проби над границата од 1,1 долар. Американската валута падна и во однос на јапонскиот јен, за 0,1%, па цената падна на 118,95 јени. Еврото пак во однос на јенот се зголеми за...

Продолжи со читање

ЕУ е уморна од Google и покренува обвинение

Post Views: 271 Европската унија, како што пишува The Wall Street Journal, наскоро ќе подигне обвинение против Google поради злоупотреба на положбата на пазарот, а ако тој процес заврши со казна за американската компанија таа би можела да плати повеќе од 6 милијарди долари. Имено, спрема прописите на ЕУ во такви случаеви компанијата може да се казни со најмногу 10% од годишните приходи. Истрагата на ЕУ над Google трае 5 години, а освен тоа што била попречувана три пати, предизвикала и политичка бура. Меѓутоа комисијата на Juncker овој пат одлучила да оди до крај и побарала од...

Продолжи со читање

Поради Google луѓето мислат дека се попаметни

Post Views: 251 Благодарение на интернет пребарувачите како Google, денес во само неколку секунди можеме да дознаеме сѐ што нѐ интересира, додека во минатото за пронаоѓање на некои информации било потребно повеќедневно истражување по летературата и библиотеките. Бројни се предностите на пребарувањето по Google, но како што покажало неодамнешното истражување помеѓу студентите на Yale, поради Google и интернет пребарувањето, границата помеѓу она што знаеме и она што мислиме дека знаеме станува сѐ потенка. Истражувањето на над повеќе од 1.000 студенти покажало дека лицата кои барале...

Продолжи со читање

Втората црна кутија од Germanwings потврдува намерно рушење на авионот

Post Views: 261 Податоците покажале “константно забрзување, додека авионот одел кон планината”. Како што пренесуваат агенциите, снимачот на звук и другите податоци од црната кутија ги потврдиле сознанијата дека копилотот Andreas Lubitz сочекал пилотот да излезе од кабината, ја заклучил вратата, а потоа намерно го насочил авионот кон планината и се одвел себеси и уште 149 лица во смрт. “Првото читање покажало дека копилотот во кокпитот користејќи го автопилотот го насочил авионот кон земјата, ја намалил висината, а потоа неколку пати понирајќи ја зголемувал брзината”, соопштила...

Продолжи со читање