Skip to main content

Автор: инфодеск

Нискоградба ќе им наплаќа на субјекти кои користат техничка вода без броило

Post Views: 16 Хотелите и поголемите капацитети со апартмани кои користат техничка вода во иднина ќе плаќаат надоместок на ЈП „Нискоградба“. Градскиот совет даде согласност на одлуката на Управниот одбор на јавното претпријатие за утврдување на начин за пресметување на цената за фактурирање на субјекти кои користат техничка вода, а немаат поставено водомерно броило. Одлуката ги опфаќа и инвеститорите кои градат станбени објекти, како и автоперални.Јавното претпријатие на правните субјекти ќе им фактурира паушал според минимален број на кубици техничка вода.Цените и...

Продолжи со читање

Заврши реконструкцијата на санитарните јазли во ОУ Братство Единство Лескајца

Post Views: 9 Завршија градежните зафати за реконструкција на санитарните јазли и електричната инсталација во ОУ „Братство Единство“ – Лескајца.Наша замисла е постојано инвестирање во образовните институции на територија на Општина Охрид . Во таа насока се одвиваат и нашите активности. Вредноста на реконструкцијата на санитарните јазли изнесува 1 313 600 денари, додека вредноста за реконструкција на електричната инсталација изнесува 824 188 денари – информираше градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

Продолжи со читање

Во недела ќе се одржат Прличевите беседи

Post Views: 12 Годинешните „Прличеви беседи“ ќе започнат во недела на 5-ти февруари во 11:45 часот со Изложбата на ликовни дела од колекцијата на НУЦК Охрид. Истата ќе се одржи во Изложбениот салон при Центарот за култура „Григор Прличев“.Во 12 часот започнува свеченоста посветена на лауреатот за наградата „Григор Прличев“. Ќе настапи хорот при НУЦК „Григор Прличев”, а свои обраќања ќе имаат претставник од Центарот за култура „Григор Прличев”, како и претставник од Општина Охрид.На настанот ќе биде претставена и наградената поема за 2022 година „Коњски...

Продолжи со читање

Објавена програмата на Струмичкиот карневал

Post Views: 16 Годинешното издание на Струмичкиот карневал ќе се одржи од 22 февруари до 1 март. Организациониот одбор ја објави програмата, а карневалот ќе почне со свечено предавање на клучот од градот од градоначалникот на карневалистите.Веднаш потоа е закажана изложба на карневалски маски на СОУ „Никола Карев”, а наредниот ден е резервиран за Концертот под маски на Музичкото училиште „Боро Џони” од Струмица, како и за објавување на резултатите од темата за проза и поезија за карневалот во организација на Библиотеката „Благој Мучето”.В петок, на 24...

Продолжи со читање

Ер Србија од јуни ќе ја обнови авиолинијата Белград-Охрид

Post Views: 15 Српскиот национален авиопревозник, Ер Србија од јуни годинава ќе ги обнови летовите меѓу Белград и Охрид, известува ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, по најавата на авиокомпанијата за повторното воведување на оваа авио-конекција.Охрид, македонскиот бисер и македонскиот туристички и културен центар ќе биде воздушно поврзан со Белград четири пати во неделата, односно секој понеделник, среда, петок и сабота, од 5-ти јуни 2023 година.ТАВ како аеродромски оператор секогаш топло...

Продолжи со читање

Основците ќе учат до 14-ти јуни, средношколците до 9-ти

Post Views: 21 Министерството за образование го измени календарот за организација и работа на училиштата за учебната 2022/2023 година со што основците остануваат во училишните клупи до 14 јуни, наместо до 9-ти. За средношколците во тој дел нема промена, тие ќе завршат на 9-ти јуни и летниот распуст ќе го почнат на 10 јуни.МОН го продолжи зимскиот распуст и второто полугодие стартуваше на 23 јануари наместо на 18, како што е предвидено во календарот. Според календарот во учебната 2022/2023 година наставата се остварува во 180 наставни денови.Измените се објавени...

Продолжи со читање

Од четврток умерени врнежи претежно од снег

Post Views: 15 Во следните денови ќе се задржи студено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нула.Во среда времето ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.Во четврток времето ќе биде умерено до значително облачно, кон крајот на денот со локални врнежи претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.Во петок времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, претпладне со провејување на слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец

Продолжи со читање

Денеска е Св. Атанасиј

Post Views: 49 Денеска е Св. Атанасиј Велики, голем борец за вистинското православие.Именден празнуваат: Атанас, (доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен), Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте…Нашиот народ два пати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Танасовден ‒ зимен, а на 15/2 мај Танасовден ‒ летен.Празникот Св. Атанасиј зимен народот го смета за средзимо, па се верува дека главните студови веќе се поминати. Затоа во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви кои му се паднале при...

Продолжи со читање