Skip to main content

Автор: инфодеск

Екипите на ЈП Водовод интервенираа на повеќе локации

Post Views: 10 Екипите на ЈП „Водовод“ Охрид, во периодот од 23-ти до 29-ти јануари, покрај редовните проверки и теренски активности, интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници.Отстранети беа дефекти во селото Лескоец (3 дефекти), нас. Св.Стефан (2 дефекти), ул. „Прилепска“, ул. „Крали Марко“, бул. „Туристичка“ бр.102, „Билјанини Извори“, ул. „Кленоец“, ул. „Мите Богоески“ – информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.

Продолжи со читање

Охридската Библиотека со богата програма ќе го чествува Патронот

Post Views: 16 Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид на пригоден и достоинствен начин годинава ќе ја одбележи 130 годишнината од смртта на Патронот, поетот и преродбеник Прличев.Традиционалните „Прличеви беседи“ ќе започнат во петок на 3 февруари во 12:00 часот со промоцијата на книгата „70 Години Библиотека Григор Прличев-Охрид“ од авторот Милчо Јованоски. Промотор ќе биде новинарот и публицист Свето Стефаноски, а настанот ќе се одржи во „Прличевата одаја“ на Библиотеката.Свеченостите во рамки на беседите на општинско ниво, а во директна...

Продолжи со читање

Уставен суд ќе ја преиспитува одредбата за исплата на апанажа на јавни функционери кои се разрешени или дале отказ

Post Views: 10 Уставниот суд ќе ја преиспитува уставноста на одредбата за исплата на апанажа на разрешени јавни функционери, но и на оние кои дале отказ пред завршување на нивниот мандат. Иницијатива за преиспитување и оспорување на уставноста на одредбите од законот за надоместоци и плати на јавните функционери, пред десет месеци ја поднесоа правници од Струга.Тие бараа целосно укинување на апанажата, како класна привилегија, но Уставен суд одби.Ова практично значи дека мислењето на Уставниот суд во конкретниот случај беше дека со ваквата одредба, самиот чин што...

Продолжи со читање

Гасен пиштол пронајден кај малолетник од струшко

Post Views: 51 Денеска, во близина на средно училиште во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга привеле малолетник од струшко село затоа што кај него бил пронајден гасен пиштол.Околу 07:20 часот денеска на улица „Пролетски бригади“ во близина на средно училиште во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга привеле малолетник од струшко село затоа што кај него бил пронајден гасен пиштол – информира Министерството за внатрешни работи.По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 80 од Законот...

Продолжи со читање

Изгласани новите цени за паркинг и користење на спортските терени на ЈП Билјанини извори

Post Views: 43 Со 17 гласа За и 5 против на денешната седница на Совет беше дадена согласност за дополнување и изменување на одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг простори со кои стопанисува ЈП „Билјанини извори“.Со стапување на сила на оваа одлука во Премиум зона, паркирањето во шест месеци од октомври  до март ќе чини 30 денари по час, а останатите шест месеци од април до септември 100 денари по час. Во Зона А и зона Б паркирањето поскапува за 10 ден по час. Дневните карти ќе чинат 400 денари во Зона А и 300 ден во Б во текот на шесте...

Продолжи со читање

Поскапуваат горивата

Post Views: 10 Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.01.2023 година.Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 86,00 ден/лит.Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на...

Продолжи со читање

Црвен крст спроведе акција за донирање мобилни телефони

Post Views: 16 Во текот на минатиот месец Црвен крст Охрид заедно со MI&DA Mobile Service Center спроведе акција за донирање на стари телефони кои што не се користат или кои се неупотребливи.Мобилните беа поправени и донирани на граѓани на кои им се најпотребни во секојдневниот живот.Ги мотивираме сите хумани граѓани доколку имаат стар телефон кој не го употребуваат или кој што не можат да го употребуваат да го донираат во просториите на Црвен крст Охрид или MI&DA Mobile Service Center – велат од Црвен крст Охрид.

Продолжи со читање

Казнети 18 возачи во Охрид, 48 во Струга

Post Views: 11 На 29.01.2023 година од 10 до 15 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли.Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 80 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-18, Струга-48, Кичево-05, Дебар-09) – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање