Автор: инфодеск
Post Views: 12 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.К.(20) од Охрид поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница”.Пријавената, на 23.11.2022 во едно училиште во Охрид го нарушила јавниот ред и мир со викање и закани кон малолетничка – информираат од СВР Охрид.
Нов случај на семејно насилство во Охрид
Post Views: 17 На 26.01.2023 во 20:20 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Р.(53) од Охрид.Тој во семејниот дом во Охрид физички ја нападнал неговата сопруга и се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Објавен конкурс за новинарски награди
Post Views: 10 Македонскиот институт за медиуми го објави конкурсот за новинарските награди „Никола Младенов 2022“.Ќе бидат доделени три годишни награди во категориите: најдобра истражувачка сторија, најиновативен новинарски производ и најдобра репортерска фотографија.На конкурсот може да се пријават сите новинари и фоторепортери кои професионално работат во медиумите или соработуваат како фриленсери со нив.Пријавените материјали треба да бидат објавени во текот на 2022 година во весник, на радио, на телевизија, на информативни интернет-портали или од новински...
Познати добитниците на стипендии наменети за лица со ретки болести
Post Views: 17 Постапувајќи по Јавниот повик за доделување на стипендии на лицата со ретки болести и посебни потреби во општина Охрид, комисијата ги избра добитниците.Повеќе информации на следниот линк
Одбележан празникот Свети Сава во Охрид
Post Views: 12 Тадиционално по 16ти пат одбележан празникот Свети Сава во Охрид. Членовите на српското здружение „Коштана“ денес во пригодна атмосфера со молитва, сечење на славската погача, вино го одбележаа христијанскиот празник Св Сава. Свеченоста започна со оддавање почит, слушајќи ја химната „Да воскликнеме со љубов на просветителот Свети Сава“. Среќко Стојановиќ претседателот на српското здружение „Коштана“, вели дека завршува две годишна пауза заради Ковид 19 и дека продолжуваат со чествување на еден од најголемите празници за Српскиот народ.„Свети Сава е значаен...
Виз Ер, Луфтханза и Егеан со понуди на тендерот за субвенции на нови авиолинии
Post Views: 18 Авиокомпаниите „Виз ер“, „Луфтханза“ и „Егеан ерлајнс“ доставија понуди на тендерот за доделување финансиска поддршка за нови авиолинии од Меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид за периодот од 2023 до крајот на 2025 година.Понудите беа отворени денеска во Министерството за транспорт и врски од страна на Комисијата за таа намена. Следната недела ќе биде извршена евалуација на понудите по што се очекува да има избрани авиокомпании со кои ќе се склучи договор за субвенции за нови летови.Со повикот, што беше отворен од 20...
Исчезнат 88-годишен охриѓанец
Post Views: 16 На 26.01.2023 во СВР Охрид, пријавено е дека од својот дом се оддалечил Н.М.(88) од Охрид.Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето – информираат од СВР Охрид.
Требеништа добива нов современ маркет
Post Views: 35 Денес беше потпишан договорот помеѓу општина Дебрца и фирмата Викса 2016 ДООЕЛ, со кој е предвидени да се отвори нов современ маркет во селото Требеништа.Маркетот ќе биде лоциран во село Требеништа, во долниот дел од селскиот Задружен дом кој неодамна беше целосно реконструиран од страна на Општина Дебрца. Пред потпишувањето на договорот, за јавниот простор се спроведе постапка за јавно наддавање и издавање под закуп на деловниот простор за период од 10 години. Маркетот е предвидено да започне со работа од 01.03.2023 година. Со оваа постапка правиме еден уште...