Skip to main content

Автор: инфодеск

Ова е човекот од кој најмногу страв имаат исламистите

Post Views: 255 Екс универзитетскиот предавач, 40 годишниот Abu Azrael, нарекуван Ангел на смртта, стана легенда меѓу ирачките војници кои се борат против Исламската држава. Брадатиот, храбар војник, со секира и машинка во рацете, е главен лик на постерите на бригадата на Imam Ali, ирачка група на шиитската полиција која ја финансира иранската држава. Неговата страница на социјалните мрежи има преку 250.000 следбеници. Abu Azrael сака да позира па така објавени се многу негови фотографии на кои војникот храбро чекори низ боиштата и помеѓу заробениците на Исламската држава, а...

Продолжи со читање

Најмладиот светски милијардер тврди дека животот не е фер

Post Views: 241 Snapchat е популарна апликација за споделување на фотографии и е проценета на скоро 15 милијарди долари, што ја чини за една од највредните стартапи на светот. CEO на Snapchat е 24-годишниот Evan Spiegel, кој Forbes го прогласи за најмлад милијардер со богатство од 1,5 милијарди долари. Студирал на престижниот Stanford, но го напуштил факултетот само неколку испити пред да дипломира за да може целосно да се посвети на својот Snapchat. Денес живее лагоден живот, ужива во скапоцени автомобили, а во ноември минатата година купил куќа во квартот Brentwood во Лос...

Продолжи со читање

Празноверие на кое многумина веруваат

Post Views: 288 Потковицата носи среќа, станување на лева нога носи несреќа, отворање чадор дома исто така не е добро, се само некои од празноверијата кои во поголема или помала мерка влијаат на животот, а во нив спаѓа и петок 13-ти, односно бројот 13. Негативните конотации кои ги поврзуваме со бројот 13 влечат објаснувања од неколку теории. Една од нив влече корени од хритијанската традиција. Апостолот Јуда, кој го предал Исус, бил тринаесетти на Последната вечера. Стравот од бројот 13 влече корени и од еден норвешки народен мит. Имено, 12 богови во Валхали имале вечера и...

Продолжи со читање

Комплетирана листата на осминафиналисти во Лигата на шампиони

Post Views: 310 Со одигрувањето на синоќешните осум натпревари од последното 6.коло во групната фаза, познати се сите 16 екипи кои ќе ги продолжат натпреварите во фудбалската Лига на шампиони.Резултати на натпреварите одиграни синоќа: Е група: Баер Леверкузен – Монако 3:0, Тотенхем – ЦСКА Москва 3:1.Табела: Монако 11 бодови, Баер Леверкузен 10, Тотенхем 7, ЦСКА 3. Ф група:Реал Мадрид – Борусија Дортмунд 2:2, Легија – Спортинг 1:0.Табела: Борусија Дортмунд 14, Реал Мадрид 12, Легија 4, Спортинг 3. Г група: Порто – Лестер 5:0, Бриж – Копенхаген 0:2.Табела: Лестер 13, Порто...

Продолжи со читање

Најголемо летало на светот

Post Views: 273 Подолг од фудбалско игралиште и до врв наполнет со хелиум, Airlander10 ќе биде најголемо летало на светот. Тој е спој на балон, авион и хеликоптер, а го дизајнираше британската дизајнерска компанија Hybrid Air Vehicles (HAV) која работи за американската војска. Концептот на ова летало е стар еден век, а zeppelin својата популарност ја изгуби по трагедијата Hundenburg во 1937 година, кога германското летало при слетувањето се запали и усмрти 36 лица. Ова летало повторно е редизајнирано во 21 век и HAV се надева дека на небото над Велика Британија ќе се врати во...

Продолжи со читање

До крајот на годината кафето поскапо за 15%

Post Views: 241 Растот на побарувачката во Северна Америка, Европа и Јапонија за просечни 1,6% и намалувањето на производството во Бразил, најголемиот производител во светот, би требало до крајот на годината да ја зголемат цената на кафето за 15%. Поради сушите во Бразил во оваа сезона е произведено 48 милиони вреќи кафе, седум милиони помалку отколку претходната сезона. Спрема проценките на Меѓународната организација за кафе, глобалното производство ќе достигне 142 милиони вреќи, а побарувачката е 149 милиони. RabobankGroup проценува дека по падот од 20%, цената на кафето ќе се...

Продолжи со читање

Обвинета за тројно убиство поради Facebook

Post Views: 250 Неодамна спроведеното истражување во Велика Британија покажало дека сѐ поголем број на луѓе за време на возењето автомобил користат телефони, при што најмногу ги прегледуваат новините на Facebook и другите социјални мрежи. Од британското министерство за сообраќај тогаш предупредија дека луѓето поради користење на Facebook за време на возењето можат некого да убијат бидејќи не се сконцентрирани на возењето. Токму користењето на телефон и Facebook е најголема причина за големата трагедија која се случила во Висконсин кон крајот на 2013 година. Една 34 годишна жена...

Продолжи со читање

Случајно легализирање на бројни видови дроги во Ирска

Post Views: 332 Дупката во законот за легално користење на поедини дроги во Ирска се створила кога Ирскиот уставен суд во вторникот го прогласи законот за злоупотреби на дрога од 1977 година за неуставен, бидејќи домовите од ирскиот парламент не се договориле околу новите дополнувања на законот, што значи дека дрогите кои законот од 1977 година ги забранил, сега се легални, јавува BBC. Ирскиот министер за здравство се обидува да ја спаси оваа ситуација барајќи итно да се изгласаат доплнувањата на законот за повторно истиот да стапи на сила. “Сега е важно за јавното здравство и...

Продолжи со читање

Објавени цените на Apple Watch

Post Views: 279 На штотуку завршената конференција за новинари, Apple конечно ги објави цените на паметниот часовник кои се движат од 349 долари за женската, односно помалата верзија па сѐ до 10.000 долари за златната 24 каратна верзија. За оние кои се одлучиле да го купат Apple Watch нема премногу изненадувања, па така најевтината женска верзија т.н. Apple Sport ќе чини 349 долари, додека за мажите, односно 42мм верзија ќе чини 399 долари. Додатно можат да се купат ремчиња чии цени ќе можат да се најдат наскоро на официјалната страница. Од друга страна постои и “обична” Apple...

Продолжи со читање

Пронашол грутка злато од 2,7 килограми

Post Views: 249 Mick Brown го пребарувал теренот со детектор на метал околу Wedderburn во Victoria кога пред неколку дена наишол на “бинго”. Пишува весникот Age. Се проценува дека грутката вреди 135.000 австралиски долари. Brown за медиумите рекол дека помислил дека нашол парче бакар кога детекторот почнал да алармира. Тој изјавил дека грутката ќе ја продаде на приватен колекционер, ќе ги плати долговите и дека остатокот од парите ќе ги потроши на фамилијата. Wedderburn е сместен во таканаречениот златен триаголник на државата Victoria кој бил средиште на златната треска во...

Продолжи со читање

Во судир на хеликоптери загинаа спортски ѕвезди

Post Views: 251 Осум француски државјани, вклучувајќи ги и славната едриличарка Florence Arthaud, олимпијската пливачка Camille Muffat  и боксерот Alexis Vastine, се наоѓаат меѓу десетте загинати лица кога во Аргентина за време на снимање на реално шоу се судрија два хеликоптери. До несреќата дошло во западната провинција La Rioja, во близина на планинскиот венец Анди, соопштиле локалните власти, додавајќи дека причината за несреќата на двете летала засега не е позната. Меѓу загинатите се и неколку членови на продукциската куќа ALP TV кои учествувале во снимањето на...

Продолжи со читање

Deutsche Bank и Barclays под истрага

Post Views: 268 Британската канцеларија за истрага за измами ги повика трговците на британската банка Barclays и германскиот џин Deutsche Bank на разговори во врска со истрагата со која треба да се утврди дали имало манипулации со референтната каматна стапка euribor, извести Financial Times, повикувајќи се на извори поврзани со истрагата. Британскиот регулатор истражува дали трговците манипулирале со меѓубанкарската референтна каматна стапка еuribor за отстварување на лична корист, а ги истражуваат и трговците на некои други банки, објави угледниот лондонски финансиски дневник,...

Продолжи со читање