Skip to main content

Автор: инфодеск

Внимателно при купување на телефони од Кина

Post Views: 274 На пазарот на паметни телефони сѐ популарни се кинеските компании чии телефони се многу поевтини во однос на познатите компании како што се Samsung, Apple и Sony, а имаат одличен хардвер со кој можат да бидат конкурентни со споменатите компании. Безбедносната компанија Bluebox неодамна тестирала еден од нив (станува збор за Xiaomi Mi4) и непријатно се изненадиле со тоа што го пронашле внатре. Имено, телефонот кои го имале на тестирање имал неколку прединсталациони малициозни апликации, вклучувајќи го и adware кој бил прикриен како легитимна апликација на Google,...

Продолжи со читање

Направете разлика помеѓу интегрален и обоен леб

Post Views: 291 Црниот и р’жениот леб е популарен меѓу луѓето кои се грижат за своето здравје и водат сметка за правилна исхрана. Таквиот леб би требало да се призведува во поголем дел од цело пченично или р’жано зрно, така што ги задржува сите важни хранливи материи. Тајната на црниот леб е неговото богатство од влакна, витамини В и Е, селен, железо, магнезиум, цинк и други вредни соединенија. Тој и во мали количини дава чувство на ситост па затоа се препорачува како предјадење за отфрлање на нервозата поради глад. Исто така, црниот леб многу подобро го задржува вкусот, мирисот...

Продолжи со читање

Атрактивни и славни жени кои ги сменија правилата на игра

Post Views: 242 Го славиме денот на жената и да не заборавиме дека бројни славни дами имаат големо влијание на жените ширум светот, но не зборуваме само за трендот и она што го носи црвениот килим. Овие ѕвезди покажале дека се повеќе од убави, а своите недостатоци ги претвориле во предност и го освоиле светот. Од нив може само да се учи. –Oprah Winfrey – Не треба посебно да се нагласува дека е едно од најпознатите лица во јавниот живот. Има 60 години и зад себе завидна кариера во медиумите, но и влијание над луѓето ширум светот. И минатата година се најде на листата на...

Продолжи со читање

“Ова е напад на човештвото во целина”

Post Views: 251 Генералниот секретар на Обединетите нации, Ban Ki-moon остро го осуди разорувањето на стариот антички град Nimrud кој беше уништен од страна на злогласната терористичка организација Исламска држава на северот од Ирак, квалификувајќи го тој чин како “воено злосторство”. Тој побара од верските и политички лидери да го “подигнат гласот” за да ги осудат овие неприфатливи атаци. “Намерното уништување на нашето заедничко културно наследство претставува воено злосторство и напад на човештвото во целина”, рекол во соопштението генералниот секретар на Обединетите нации....

Продолжи со читање

Поранешната ѕвезда на Барселона под закана од 10 години затвор

Post Views: 321 Поранешниот напаѓач на Барселона, Самуел Ето, е најновото име кое се споменува во даночниот скандал во Шпанија. Имено, камерунскиот напаѓач е обвинет дека го измамил даночниот систем на Шпанија за 3,5 милиони евра во периодот од 2006 до 2009 година. Шпанскиот El Pais пренесува дека државниот обвинител за 35 годишниот фудбалер, кој моментално игра во турскиот Анталијаспор, бара затворска казна од 10 години. Исто така, се наведува дека еден од предлозите е дека Ето би можел да плати казна од 14 милиони евра кој се однесува на четири различни точки од затајување...

Продолжи со читање

Уапсени две лица осомничени за убиството на Борис Немцов

Post Views: 240 Две лица се осомничени и уапсени за убиството на рускиот опозиционен лидер Борис Немцов, јави руската телевизија Rusija24, цитирајќи го шефот на руската сојузна служба за безбедност Александар Бортњиков. Тој рекол дека се работи за Анзор Губашев и Заур Дадаев кои доаѓаат од нестабилното подрачје Северен Кавказ и дека истрагата и понатаму е во тек. Немцов, поранешен заменик премиер е убиен во центарот на Москва на 27-ми февруари додека шетал преку мостот недалеку од Кремљ со извесна украинска манекенка. Неговото убиство предизвика осуди ширум светот и повици до...

Продолжи со читање

Пристигнува најочекуваниот гаџет годинава

Post Views: 296 Apple за 9-ти март најави конференција за новинари на која најмногу ќе се зборува за нивниот паметен часовник кој во продажба би требало да се појави во април. Иако Tim Cook часовникот го претстави во септември, од оваа компанија до денес не објавија додатни информации за нивниот нов гаџет, но како што се ближи времето за почетокот на продажбата на некои портали се објавени гласини околу опциите кои ќе ги има овој уред. Bloomberg, повикувајќи се на неименувани извори, објавиле дека Apple веќе некое време во својата тајна соба во која нема мобилен сигнал и е...

Продолжи со читање

Руски олигарх ја купи германската енергетска компанија RWE

Post Views: 259 Руската групација со седиште во Луксембург, во сопственост на рускиот олигарх Михаил Фридман, ја купи германската гасна и нафтена компанија RWE Dea AG  за 5,1 милијарди евра, пренесува AJB. Германската компанија е една од петте водечки на подрачјето на енергетика и електрична енергија која снабдува 20 милиони корисници, а со гас околу 10 милиони. Велика Британија е загрижена поради оваа трговија, пренесуваат агенциите, потсетувајќи дека Лондон се обидел да ја спречи продажбата. Британските власти се загрижени поради фактот дека RWE продава нафта и гас во...

Продолжи со читање

Супер-Земја навистина постои

Post Views: 267 Астрономите откриле уште една планета за која се претпоставува дека е слична на Земјата, а станува збор за супер-Земја која се наоѓа на оддалеченост од 20 светлосни години од нас. Долго време астрономите го одрекуваа постоењето на егзопланетата GJ581d, која се наоѓа на 20 светлосни години од Земјата, по откривањето во 2014 година. Сметале дека се работи за шум од податоци предизвикан од ѕвездените пеги, како оние на Сонцето. Но, тим на астрономи од Универзитетот Queen Mary од Лондон инсистира на тоа дека планетата е вистинска, по преиспитувањата на своите методи...

Продолжи со читање

Голема снежна бура низ САД

Post Views: 238 Поради голема снежна бура во САД од Тексас до Нова Англија затворени се училишта, откажани се повеќе од 4.000 летови, додека стотици возачи во Кентаки, каде паднал 58 цм. снег, морале да го прекинат патувањето. Авион на превозникот Delta Air Lines на њујоршкиот аеродром La Guardia поради обилен снег при слетувањето се излизгал од пистата и удрил во оградата. Повредени нема. Во Колумбија, Њу Џерси, Јужна Каролина и Тенеси се најавени затварања на училишта, канцеларии и судови, додека гувернерот на Кентаки прогласи вонредна состојба. Националната гарда е разместена...

Продолжи со читање

Џихадистите објавија “туристичка брошура”на Исламската држава

Post Views: 252 Џихадистите на Исламската држава во јавност пуштија бизарни фотографии во обид да привлечат муслимани во џихад. Целта на оваа серија од фотографии е да се прикаже како добро се живее во саопрогласениот калифат. Така на фотографиите свое место си нашле пазарите кои се преполни со шарени артикли, штандови со играчки, парфеми, овошје и зеленчук, пекарски производи…На некои од фотографиите се нашле и некои западни деликатеси како што е пицата, хамбургерот и газираните сокови. Фотографиите се пропратени со слоганот “wish you were here” или во превод “би сакал да...

Продолжи со читање

Hyundai овозможува ракување на автомобилот со паметен часовник

Post Views: 246 Најновата верзија на апликацијата Blue Link на Hyundai им овозможува на сопствениците по пат на поддржан паметен часовник од далечина да управуваат со многу функции на автомобилите од марката Hyundai. Некои од функциите кои ќе можат да се извршуваат со паметниот часовник се стартување на автомобилот, отклучување и заклучување, употреба на сирената, ракување со светлата или можноста да го пронајдете својот автомобил на паркинг. Сето тоа е возможно да се направи по пат на гласовни команди. За сето ова да биде достапно, сопствениците ќе мораат да се претплатат на...

Продолжи со читање