Автор: инфодеск
Post Views: 15 Инфлацијата има влијание во поспората реализацијата на делови од проектот Ohrid Go. Старт ап центарот Касарна Хаб веќе функционира. Дополнително во состав на проектот финансиран од Европската Унија, предвидено е формирање градскиот систем на велосипеди, изградба на адреналински парк и пам ап трака во склоп на комлексот Касарна. Но светските економски неприлики доведоа до енормни поскапувања на ресурси и производи, што влијае и на реализацијата на овој проект, вели Ѓоко Апостолов раководител на сектор за ТЛЕР.„Вршевме нови истражувања на пазарот, во оној...
Сали : Готова е листата на пациенти со ретки болести кои ќе добијат терапија годинава
Post Views: 12 „Реално не доцни снабдувањето со терапија за пациентите со ретки болести“, информира Министерот за здравство Беким Сали. Објаснува дека поради фактот што постојано се внесуваат нови пациенти со нови дијагнози во Програмата за ретки болести, доколку бројот на пациенти надмине повеќе од 20, тие се префрлуваат за третман под буџетот на клиниките. „Имаме постојана променлива ситуација и на број на пациенти и на измени на буџетот за овие пациенти“ – објасни ресорниот министер.Готова е листата на пациенти кои ќе добијат терапија за оваа година со ретки...
„Техничка грешка“ во вчерашниот извештај од ЈП Градски пазар
Post Views: 14 По објавениот прилог на Портал ТВМ www.tvm.mk на 24.01.2023г. – Работи ли домаќински ЈП „Градски Пазар“? денес, 25.01.2023г. добивме нов Одговор од ЈП „Градски Пазар“ на нашето Барање за пристап до информации од јавен карактер. Беше проследено образложение дека во претходно доставениот извештај на 24.01.2023г била направена техничка грешка и дека ни доставуваат нов Извештај со точна информација за исплатени суми на медиуми за период од 01.10.2022 – 31.12.2022 година.Во иднина, да се надеваме дека службите во ЈП „Градски Пазар“’ ќе бидат повнимателни...
Реакции по вчерашниот прилог на твм.мк
Post Views: 11 По објавениот прилог на Портал ТВМ www.tvm.mk на 24.01.2023г.– Работи ли домаќински ЈП „Градски Пазар“?, добивме демант од споменатата СОС Балкан Медиа, на која што, според официјално доставениот Извештај од ЈП „Градски Пазар“ во последното тромесечие од 2022г. и се исплатени 141.600,00 денари.Во продолжение следува демантот од СОС Балкан Медиа кој, како хуманитарна организација има склучено договор со „ЈП „Градски Пазар“ за медиумски услуги.Во прилогот на Портал ТВМ не беше напишано ништо поинаку, од она што беше наведено во Извештајот од ЈП...
Од понеделник почнува исплатата на јануарските пензии
Post Views: 10 Пензионерите ќе може да располагаат со јануарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 30 јануари, е одлука што е донесена на денешната седница на владата, по предлог на Министерството за труд и социјална политика.На деловните банки им се препорачува преку филијалите и експозитурите на банките, да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи, според висината на пензијата.Исплатата на пензиите до 11.000 денари ќе се изврши на 30 јануари (понеделник), пензиите во износ од 11.001 денар до...
Зголемен водостојот на Охридското езеро
Post Views: 14 За два сантиметри е зголемен водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).И покрај тоа, водостојот на Охридското Езеро е за 15 сантиметри понизок од просекот за јануари. Пониско од просечното и тоа за 1,81 метар е и нивото на Преспанското Езеро, додека водостојот на Дојранското Езеро е за 2,6 метри повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината.Повисоки од просечните се и нивоата на...
Музичко сценски настан во Крушево за 42-от роденден на Тоше
Post Views: 14 Со крводарителска акција, со почит на неговото вечно почивалиште, промоција на уметнички дела и со музичко-сценскиот настан насловен „Ангел си ти“ денеска во Спомен-домот „Тодор Проески“ на Гумење во Крушево ќе бидат одбележани 42 години од раѓањето на големата македонска и балканска музичка ѕвезда, на хуманитарецот и човекот со ангелско срце, Тоше Проески.Хуманитарната крводарителска акција, во организација на Црвениот крст од Крушево, во Спомен-куќата ќе трае од 9 до 16 часот. Следува посетата на вечното почивалите на Тоше на Гумење, а од 11 часот започна...
Драматичната опера Палјачи во петок во НОБ
Post Views: 23 Драматичната опера „ПАЛЈАЧИ“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 27 јануари 2023 (петок), со почеток во 20 часот.Ремек-делото на веризмот, опера за љубов, неверство, убиство, ќе се изведе под диригентската палка на Иван Еминовиќ, во режија на Дејан Прошев, сценографијата е на Илина Ангеловска, костимограф е Никола Булески, кореограф: Олга Панго, концерт – мајстор: Јане Бакевски, хор – мајстор: Јасмина Ѓорѓеска.Настапуваат: Зоран Сотиров, Билјана Јосифов, Борис Трајанов, Благој...