Автор: инфодеск
Post Views: 22 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Љ.Ј.(45) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца”.При сообраќајна контрола, извршена на 21.12.2022 година на булеварот „Туристичка” во Охрид, полициските службеници го затекнале пријавениот при превоз на патници со своето возило. Притоа, било констатирано дека тој не поседува соодветна лиценца за вршење јавен превоз во внатрешниот сообраќај, издадена од надлежен државен орган – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Одржан вториот дел од школата за ментално здравје
Post Views: 18 На ден 17.01.2023 во Клубот на млади се одржа вториот дел од школата за ментално здравје со нашите врснички едукатори, информираат од Црвен крст Охрид.На истиот 13 волонтери имаа можност да дискутираат и да се запознаат повеќе со следните теми : Емоции и чувства, Возбуда и анксиозност, Тага и депресија, Грижа за себе и другиот.Со оваа школа врсничките едукатори Бојана Котеска и Бојана Костоска завршија со процесот на нивна обука за едукатори на оваа тема и се стекнаа со уверенија за врснички едукатори за ментално здравје како дел од првата...
Свикана дваесет и втората седница
Post Views: 11 Свикана дваесет и втората седница на Советот на Општина Охрид на ден 30.01.2023 година (понеделник) со почеток во 09:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. ДНЕВЕН РЕДУсвојување на Записникот од 19-та седницаПредлог-одлука за давање согласност на одлуката за утврдување на максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на административните службеници вработени во ЈОУДГ „Јасна Ристеска” – Охрид за 2023 година.Предлог-одлука за давање согласност на одлуката за утврдување на максималниот износ на...
Избрана граѓанска организација која координира центар кој згрижува деца со атипичен развој
Post Views: 11 Согласно Јавниот повик за финансиска поддршка на граѓанска организација која координира центар на територија на Општина Охрид кој згрижува и третира деца со атипичен развој за финансика поддршка се избира Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“.Повеќе информации на следниот линк
Нови цени на горивата
Post Views: 13 Од вечерва на полноќ горивата ќе се продаваат по нови цени, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).Според одлуката на РКЕ, бензинот еуросупер БС-95 и дизелот од полноќ поскапуваат за половина денар, додека малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-98 денеска останува иста и нема да се менува.Па така, литар еуросупер БС-95 од полноќ ќе чини 83 денари, литар дизел ќе се продава за 84 денари, а бензинот еуросупер БС-98 ќе чини 85 денари за литар.РКЕ одлучи од полноќ за половина денар да се зголеми и цената на екстра лесното масло за...
Охриѓанец доби кривична за бесправно градење
Post Views: 18 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.Ќ.(75) од Охрид, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”.Тој, на катарстарска парцела во Охрид, без да поседува одобрение за градба издадено од надлежен општински орган, неовластено изградил индивидуална семејна куќа. По извршена инспекциска контрола од овластен градежен инспектор при Одделение за инспекциски надзор од општина Охрид, било донесено решение за отстранување на нелегалната градба – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
И оваа сезона Хрватска ќе го земе стручниот кадар од земјава
Post Views: 19 И оваа сезона Хрватска ќе го „собере” стручниот кадар од хотелско угостителскиот сектор. Јадранското море е дестинација број еден каде квалификуваната работна сила од земјава изминативе неколку сезони добро заработува.Охрид и Струга се соочуваат со недостиг на готвачи, салатери и келнери, кои масовно заминуваат во странство, а угостителите во туристичките центри остануваат без обучениот кадар.Мислам дека секој гледа поголема егзистенција за некој напредок во угостителството. Така што младите се повеќе ја избираат Хрватска. Од Балканот, Хрватска во...
Бавна еколошка правда за струшката депонија
Post Views: 19 Бавна еколошка правда. Речиси и по 2 години од поднесување на тужбата против Министерството за животна средина, општина Струга и комуналното претпријатие за струшката дива депонија се уште суштински не започнала расправата за главното тужбено барање. Македонското здружение на млади правници побара преземање итни и неодложни мерки за отстранување на депонијата која има штетно влијание на здравјето и животот на луѓето. По жалбите на тужените, битолска апелација решаваше околу 1 година, по што во ноември го врати предметот во Судот во Струга со објаснување дека има...