Skip to main content

Автор: инфодеск

Официјално отворање на Касарна Хаб со присуство на 17 амбасадори од ЕУ земји

Post Views: 10 По повод официјално отворање на Касарна Хаб, Стелар Солушнс беше домаќин на 17 амбасадори и претставници на амбасадите предводени од шефот на Делегацијата на Европска Унија во Скопје – амбасадорот Дејвид Гир. Неофицијално отворен уште минатиот јули, Касарна Хаб е стартап центар кој со своите досега спроведени активности и соработки веќе станува водечки иновативен центар во регионот – изјави амбасадорот Дејвид Гир. Како дел од проектот Ohrid Go, кофинансиран од Европска унија, а спроведен од Стелар Солушнс во партнерство со општина...

Продолжи со читање

Со помош на ПСС изградени боксови за кучињата од клубот Куче Спасител

Post Views: 22 Клубот за потрага по исчезнати лица „КУЧЕ СПАСИТЕЛ” Охрид ја доби досега најголемата помош од страна на Планинската спасителна служба-Црвен Крст Охрид.Со помош на Планинската спасителска служба, изградивме боксови за сместување на клубските кучиња. Со тоа добивме подобри услови за чување на кучињата кои во моментов се обучуваат за потрага по исчезнати лица во планински предели – информираа од „Куче спасител“ на нивната официјална фејсбук страница.твм.мк

Продолжи со читање

Иднината е утре, а може да биде убава и денес

Post Views: 13 Преку ЕКО ЛИНИЈАТА – 070/236 000 физичките и правните лица можат секој работен ден да пријават електричен и електронскиот отпад и правилно да се ослободат од истиот.Електричниот и електронскиот отпад делуваат како нетоксичен отпад, но нивното несоодветно третирање, уништување и депонирање доведува до испуштање на тешки метали во воздухот, водата и почвата, кои што сериозно делуваат на здравјето на луѓето и воопшто на квалитетот на животната средина.Нула Отпад ги охрабрува граѓаните и фирмите да користат ЕКО ЛИНИЈА. како БЕСПЛАТЕН И БЕЗБЕДЕН сервис за...

Продолжи со читање

Трета зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ во чест на Ацо Шопов

Post Views: 16 Денес, „Македонија е во светот, а светот во Македонија”. Развојот на странската македонистика веќе се одвива по цврсто утврдена патека на која има јасни патокази за развојот и во времето што следи. Стиховите на великанот Ацо Шопов добиваат и нови значења и толкувања преку посветеноста на македонскиот јазик, литература и култура од страна на странските македонисти.Ова се дел од пораките со кои свечено беше отворена Третата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во...

Продолжи со читање

Ќе се снима филм за Мајкл Џексон

Post Views: 19 Ќе се снима биографски филм за починатиот поп-пејач Мајкл Џексон. Проектот под наслов „Мајкл“ е во продукција на студиото „Лајонсгејт“.Првите филмови во мојата кариера беа музички спотови и сè уште чувствувам дека комбинирањето на филмот и музиката е голем дел од мојата креативност. За мене, не постои музички уметник со моќ, харизма и чист музички гениј како оние на Мајкл Џексон. Гледањето на неговите видеа ме натера да посакам да направам „едно такво“. Неговата музика и тие секвенци се дел од мојата уметничка ДНК и можност да ја кажам неговата приказна на...

Продолжи со читање

Девојка искасана од кучиња скитници во Струга

Post Views: 20 Проблемот со кучињата скитници во Струга не стивнува, а порталот Охриднет објави дека вчера имало напад во центарот на градот врз активистка за заштита на уличните кучиња.Како што објави Охриднет, жртва на агресивните кучиња била неформалната активистка за заштита на кучињата скитници од Струга, Нела Стојанова (31) која вчера околу 17 часот била нападната пред мезе бар „Барабар“.Според информациите девојката ја нападнале 6 кучиња скитници. Едното куче ја каснало за ногата нанесувајќи ѝ длабоки рани со крварење, а друго ја искасало за рака, при...

Продолжи со читање

Двајца повредени во сообраќајка на патот Охрид-Ресен

Post Views: 12 На 22.01.2023 во 13:40 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на магистралниот пат Ресен-Охрид, во близина на клучката за селото Куратица, охридско, Д.Н.(33) од ресенското село Јанкоец, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со ресенски регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал од патот.Возачот и сопатникот Д.Р.(28) од истото село биле пренесени во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде што кај Д.Н. биле констатирани телесни повреди, додека кај Д.Р. констатирани се тешки телесни повреди.По овластување на Јавен обвинител, увид на...

Продолжи со читање

Зимскиот распуст заврши, започна второто полугодие

Post Views: 15 Распустот заврши, а учениците денеска повторно се вратија во училишните клупи.Учебната година ќе заврши на 14 јуни наместо на 9 јуни (петок) затоа што, како што изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири, учениците треба да ги одработат сите 180 работни наставни денови.Иако периодов има голем број заразени со сезонски грип, други вирусни и бактериски инфекции, но и корона, за здравствените власти, епидемиолошката состојба во Македонија е стабилна и засега нема да се воведуваат никакви дополнителни мерки, така што второто полугодие може да...

Продолжи со читање