Skip to main content

Автор: инфодеск

Во сабота музички настан Rock And Mob

Post Views: 128 Во рамки на Неделата на млади на Црвениот крст (1–7 октомври), Клубот на млади при Црвен крст Охрид одбележувајќи го својот 29-ти роденден, најавува уште еден голем, впечатлив и динамичен настан – ROCK AND MOB!-Доживејте го овој празник на младоста, хуманоста и музиката исполнет со моќни акорди, позитивна енергија и топла атмосфера што ќе ви овозможи да ја почувствувате вистинската сила на заедништвото, порачуваат организаторите.Музичкиот настан ќе биде продолжение на спортско-рекреативната и хуманитарна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“, со почеток во...

Продолжи со читање

Денеска во Охрид започнува 10-от јубилеен состанок за ретки болести во Југоисточна Европа 

Post Views: 135  Од денес до недела во Охрид, ќе се одржи јубилејниот 10-ти состанок на Македонското здружение за ретки болести (10th ANNIVERSARY MEETING OF RARE DISEASES IN SEE).Како што информираат организаторите, состанокот ја одбележува својата десетгодишнина, што претставува важна пресвртница во заедничките напори за подигнување на свеста и подобрување на квалитетот на живот на лицата со ретки болести во регионот, а на настанот ќе присуствуваат претставници на лекарски здруженија, пациентски организации, експерти и истражувачи од земјите во соседството, но и од...

Продолжи со читање

Прличевци го одбележаа Меѓународниот ден на старите лица – 1 октомври

Post Views: 99 Учениците од ОУ „Григор Прличев“ вчера го одбележаа Меѓународниот ден на старите лица – 1 октомври, посетувајќи го Геријатриското одделение при Општата болница во Охрид каде на постарите лица им однесоа скромни подароци, цртежи, но како што велат во соопштението „и многу насмевки и топлина во срцата“.-Оваа хумана активност нѐ потсети на значењето на почитта и грижата кон нашите постари сограѓани , како и на трајната вредност на меѓугенерациската солидарност, додаваат од школото и изразуваат благодарност до раководството и вработените во болницата за...

Продолжи со читање

Израелската војска ја нападна флотилата

Post Views: 137 Активистите на флотила бродови што пловат кон Газа доцна синоќа објавија дека израелската морнарица пресретнала три од нејзините бродови додека се приближувале кон опколената палестинска територија, апсејќи ги присутните на бродовите, меѓу кои и шведската активистка Грета Тунберг. Израелските власти соопштија дека активистите на бродот, вклучувајќи ја и Тунберг, се безбедни и се префрлаат во Израел. Активистите претходно на Инстаграм објавија дека војниците се качиле на првите бродови. Еден брод бил удрен, објави Глобалната флотила Сумуд. Врз другите бродови бил...

Продолжи со читање

Врнежливо и студено

Post Views: 124 Облачно и студено со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат пообилни. На планините врнежите од дожд ќе преминат во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.Од УХМР информираат дека под влијание на влажен и студен бран до петок времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат обилни. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 30 l/m², а локално и над 50 l/m² дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, утре на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а поради...

Продолжи со читање

Флотилата „Глобал Сумуд“ навлезе во опасна зона, Италија ја повлече помошта

Post Views: 143 Приватната флотила бродови „Глобал Сумуд“, што носат хуманитарна помош за Појасот Газа навлезе во област каде што ризикува да биде пресретната од израелските сили, објави Италијанската новинска агенција АНСА. Според АНСА, бродовите се приближуваа кон градот Газа, но не се запрени.Италијанската влада и претседателот Серџо Матарела ја повикаа флотилата да го стопира патувањето за да не загрози животи. Властите во Рим ги повикаа активистите да ја прифатат понудата на Католичката црква да ја преземат задачата за транспорт на хуманитарна помош во Газа....

Продолжи со читање

Крлев го најави проектот за целосна реконструкција на пешачката патека од Мостот до Горица 1

Post Views: 165 Пешачката патека од Мостот до Горица 1 е место кое го знае секој охриѓанец и турист, но денеска таа изгледа запуштено, со оштетена подлога, слабо осветлување и без основна урбана опрема, кажа на денешната прес конференција кандидатот за советник од СДСМ и коалицијата, Јован Крлев. Посочи дека е време да се смени таа слика и го најави проектот за ревитализација на пешачката патека.„ Со задоволство го најавувам проектот на СДСМ Охрид за целосна реконструкција на оваа патека – проект што ќе ја направи оваа траса безбедна, убава и достапна за сите.Во овој...

Продолжи со читање

Утре промоција на книгата „На иста адреса“ и Сатирична работилница за деца со гости од Делчево

Post Views: 235 Утре, четврток од 12 часот во „Прличевата одаја“ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана книгата „На иста адреса“ од aвторите Христина Деолска и Миле Ѓорѓијоски. Се работи за заедничка книга во која на еден спонтан начин се запишани поетски и афористички дела на обата автори.Ѓорѓијоски во предговорот на книгата ќе запише: На секоја песна од Деолска на следната страница, јас одговарам со афоризми. Книгата може да се доживее како разговор помеѓу поет и сатиричар, каде секој разговара на својот јазик. Во книгата има 39 песни и 195...

Продолжи со читање

Културно уметничкото друштво на слепи лица „Биљана“ ќе одржи концерт по повод Меѓународниот ден на слепите лица

Post Views: 170 Здружението на слепи лица Охрид во соработка со општина Охрид по повод Меѓународниот ден на слепите лица организира концерт на Културно уметничкото друштво на слепи лица „Биљана“ кое функционира во склоп на Националниот сојуз на слепи на Македонија.Концертот ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ на 4 октомври ( сабота) со почеток  во 19:30 часот.Влезот за концертот е бесплатен.

Продолжи со читање

„Есенска работилница“ вечерва во просториите на Црвен крст

Post Views: 137 Клубот на млади при Црвен крст Охрид започнува со одбележување на Неделата на млади која се одбележува од 1 до 7 октомври.Од Црвен крст планираат неколку активности, а како прва е предвидена „Есенската работилница“.– Покрај изработка на прекрасни есенски украси, целта на оваа активност е да се поттикне тимската работа, да се развие креативното размислување и да се создаде простор каде секој млад човек може да го изрази својот талент и енергија, потенцираат од Црвен крст Охрид.Рботилницата ќе започне во 20 часот.

Продолжи со читање

Цигарите поскапеа за 10 денари

Post Views: 229 Од понеделникот цената на цигарите е повисока за 10 денари. Ова значи дека значи дека лицата кои пушат по едно пакување дневно ќе плаќаат околу 300 денари повеќе месечно.Поскапувањето доаѓа како дел од редовното усогласување со акцизната политика, со која државата постепено ја зголемува акцизата на тутунските производи.Според трговците, после секое поскапување се забележува краткорочен пад во продажбата, но навиките кај граѓаните брзо се враќаат. Од друга страна, дел од пушачите коментираат дека со оваа нова цена ќе размислат дали да го намалат или...

Продолжи со читање