Автор: инфодеск
Post Views: 181 Охрид од 10 до 13 јуни ќе биде домаќин на 11. издание на Меѓународниот младински аматерски театарски фестивал „Вдиши Театар 2026“, во организација на Црвен крст Охрид. Фестивалот и годинава ќе ги обедини младите театарски ентузијасти од Македонија, Србија и Црна Гора, нудејќи богата програма и четири вечери исполнети со театарска уметност.Свеченото отворање е закажано за 10 јуни во 20:30 часот во предворјето на црквата „Света Софија“, каде што охридската публика ќе има можност да ја проследи претставата „Маски“ во изведба на театарската група на Црвен крст...
Новите летови од Полска се очекува да донесат илјадници гости на охридското крајбрежје
Post Views: 186 Со првиот авион од Вроцлав вчера во Охрид пристигнаа околу 200 туристи од Полска. За само еден ден ќе стартува и новата авиолинија до Катовице.Новите летови од Полска се очекува до средината на септември да донесат илјадници гости на охридското крајбрежје и да придонесат за продолжување на туристичката сезона. Ова лето од Охридскиот аеродром ќе се патува до 17 дестинации.„Ова не се само туристички летови, туку летови кои не се само сезонски и кои ќе донесат дополнителна вредност за целиот регион. Ако на тоа се додаде дека веќе од оваа недела почнуваат...
Времена забрана за сообраќај во стариот дел од Охрид
Post Views: 164 Поради дефект на канализационата мрежа на дел од УЗ Стар град, од утре ќе има привремен режим на сообраќајот.Градежните зафати ќе бидат на дел од улицата „Климентов Универзитет“ до пресекот со улиците „Аргир Маринчев“ и „Петар Чаулев“, информираат од општина Охрид.Сообраќајот на овој дел ќе биде забранет од 9 до 16 јуни.
Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
Post Views: 191 Утре започнуваат натпреварите од јубилејното 10-то издание на Меморијалниот турнир „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски – Профа“.Турнирот традиционално се организира во чест на Васко Речкоски – Профа и Ѓоко Чингоски, поранешен директор на ООУ „Живко Чинго“ во Велгошти, како знак на почит кон нивниот придонес за заедницата и вредностите што ги пренесуваа на младите генерации.„Овој турнир веќе десет години претставува едно од најпрепознатливите спортски случувања во регионот. Наменет е за деца и младинци до 19 години, со цел преку спорт, дружење и фер-плеј да се...
Недостаток на примарна здравствена заштита во руралните средини во охридско
Post Views: 177 Недостигот од здравствена заштита во руралните средини е еден од поголемите предизвици. Ситуацијата дополнително се усложнува во текот на туристичката сезона, кога бројот на жители и посетители долж брегот на Охридското Езеро повеќекратно се зголемува.И покрај потребата од побрз и полесен пристап до лекарска помош, за најосновни здравствени услуги населението е принудено да патува до охридските болници.„Пристап до редовни здравствени прегледи и здравствени услуги имаат само жителите на неколку села во општина Дебарца, каде...
Вечерва ќе се врши дезинсекција против комарци
Post Views: 140 Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека на ден 08.06.2026 год. (понеделник ) ќе се спроведе теристичка (од земја ) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 19 часот во понеделник до 06 часот во вторник.Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река.„Се молат пчеларите и пчеларските задруги да...
Денеска започнуваат Петровденски пости
Post Views: 215 Денеска започнуваат Петровденските пости кои ќе траат до големиот христијански празник Петровден, кој се одбележува на 12-ти јули.Овој пост е востановен според црковното празнување на споменот на светите првоначални Апостоли Петар и Павле кои со воздржание и молитва се подготвувале себеси за проповед на Евангелието низ светот и со својот пример ги учеле учениците во делата на спасителното служење.Петровденскиот е еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината (Велигденски, Петровденски, Богородични, Божикни), започнува од првата недела по...
Топло, но нестабилно: Следува период со поројни дождови и локално невреме
Post Views: 162 Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен северeн ветер.Од УХМР велат дека во текот на новата седмица ќе се задржи топло време. Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата наместа ќе има услови за поинтензивни процеси со пообилен...







